Бидејќи ова подрајче е традиционално лошо за живот и со векови раја емигрира по светот - постои бројна дијаспора од Аргентина до Аљаска и од Порт Хебла до Онтаријоу Ќенеда каде што овдешна раја побегнала во потрага за подобар живот. Интересно е што луѓе од тука бегале и во Јужна Африка или Јужна Америка, места нетипични како одредница за барање подобар живот. Ги имало дури и на Титаник Денес овој тренд кулминира и процентуално никогаш немало толку емиграција.
Веројатно не постои семејство кое нема роднини во дијаспората а истата секоја година се зголемува со новопечени дијаспорци кои заминуваат од библиската земја на Ниче Маќедон. Многу семејства, без разлика на етничка припадност буквално зависат од нивните роднини од дијаспората за намирување на основни потреби, за плаќање заостанати сметки, за лекување и за многу други работи.
Улогата на дијаспората е можеби решавачка, и покрај стереотипите (кои се смешни но и најчесто точни) бидејќи ја одржува финансиската стабилност на абортираната држава со девизни дознаки лишени од камата и интерес кои во износ од две милијарди долари се слеваат во РМ секоја година. Со индивидуалната помош пак влијаат да голем број семејства не стигнат до дното.
Сето тоа е позитивната страна а негативната? Нивниот општ имиџ посебно оние кои се заминати од поодамна, речникот, гестовите, ставовите, примитивизмот - сето тоа е толку комично што дури послужи како инспирација за многу легендарни скечеви од К-15 чии one liners останаа во колективната свест (Џон Крокодилов - нека не ве лажат комуњарите)
Што вие мислите за дијаспората?