Филмски свет- генерална дискусија (внимание - спојлери!)

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Ауу пак заборавив апче да се напијам. Се извинувам до членот мислев за стариот филм е оценката.

Иначе секогаш римејкот на некој стар хорор е ептен тапа. Јас овој од 2006 не го ни имам гледано а не ни мислам да го гледам. Оригиналот е врв а музиката му е перфекција. :)
И јас сакав да ти го пишам истото од погоре, да ја видиш годината.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
И јас сакав да ти го пишам истото од погоре, да ја видиш годината.
Абе не сум спиен затоа иначе знаеш дека мене не ми бега ништо и дека се приметувам. :)
А да беше за оригиналниот филм, одма влегував преку монитор со нончаките.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Rebel Without A Cause

Отвори ја прикачената датотека 21965

Џим Старк е млад бунтовен човек кој на моменти иако се чини дека е збунет, сепак знае точно што сака. Сака правда, сака да биде сфатен и подржан од неговите родители (особено од својот татко), сака да постапува правилно (добронамерно) во животот и сака да им помага на тие на кои им е потребна помош. Поради неговата енергична и бунтовна природа, тој и неговата фамилија често се преселуваат. Затоа, тој е секогаш туѓинец кој мора постојано да запознава нови луѓе и да оформува нови пријателства. На првиот ден на училиште во новиот град, тој ја запознава неговата убава комшика Џуди, нејзините агресивни пријатели кои инстантно стануваат негови непријатели и повлечениот тинејџер Плато, со кого се спријателува. Да, главниот лик Џим кој го игра Џејмс Дин е бунтовникот без причина, но сепак (според мене) тој не е единствениот. Сите ликови, исто како и сите тинејџери во реален живот, се борат со секојдневни проблеми и најчесто се несфатени од постарата генерација која ги гледа како бунтовници без причина. Филмот е од 1955 година, но и те како човек може да се поврзе со приказната до ден денес. Одличен филм кој сакав да го изгледам уште многу одамна и сега имав прилика.

Трејлер.

П.С. Не за џабе го сметаа Џејмс Дин за еден од најубавите мажи кои некогаш постоеле, човекот е екстремно симпатичен и шармантен.
Аее конечно да прочитам рецензија за постар филм од тебе. Се некои воени гледаш, со пукање и бомби, без навреда се зезам. :)
Супер филм, иначе минус зашто си чекала дури до сега за да го гледаш. :)
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Аее конечно да прочитам рецензија за постар филм од тебе. Се некои воени гледаш, со пукање и бомби, без навреда се зезам. :)
Супер филм, иначе минус зашто си чекала дури до сега за да го гледаш. :)

Ех, нема везе. Не дека се лутам, али чисто онака да си кажам, не знам зошто таков впечаток сум ви оставила. На прсти на една рака се бројат воените филмови што сум ги гледала. :D

Едит: сега јас тебе да ти предложам еден постар филм, зошто гледам дека си огромен обожавател. Се вика Fahrenheit 451 и е направен според истоимениот роман на Ray Bradbury. Ако го гледаш, пиши што мислиш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ех, нема везе. Не дека се лутам, али чисто онака да си кажам, не знам зошто таков впечаток сум ви оставила. На прсти на една рака се бројат воените филмови што сум ги гледала. :D

Едит: сега јас тебе да ти предложам еден постар филм, зошто гледам дека си огромен обожавател. Се вика Fahrenheit 451 и е направен според истоимениот роман на Ray Bradbury. Ако го гледаш, пиши што мислиш.
Е видиш не сум го гледал филмов, ќе го погледнам па ќе пишам. :)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Овој новиот филм од Финчер, Гон грл го има некој гледано? Не можам да најдам добар торент сите се од кино со камера снимани засега (facepalm)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Овој новиот филм од Финчер, Гон грл го има некој гледано? Не можам да најдам добар торент сите се од кино со камера снимани засега (facepalm)
Рано е за добар торент. Ако не можеш да чекаш гледај го кино снимка. :)
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Вчера гледав доста интересно филмче со Николас Кејџ каде беше во улога на детектив, и сакаше да пронајде една девојка која наводно била убиена за време на снимање на порно филм, или снаф, whatever.

Знам, сиромашна ми е рецензијата, но кое фајде ако Ви го објаснам и спојлерисам целиот филм?
Или со други зборови ...го гледаше 8мм така? :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Struggler