Државен испит за студенти

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Tрето, има студенти кои си учат, но сепак имаат потешкотии про положување на испит. ОК. Се сфаќам али ова не. Како е тоа се трудиш, а често не ти иде? Како е воопшто можно такво нешто? Како може ти да си учел и да имаш тешкотии да положиш. Нема изговори, немојте со вакви ниски изговори за вашите неуспеси. Тој што учел ќе положи, тој што не учел ќе најде изговор од типот „учев ама не ми иде“.

Е и јас така мислев се` додека не се сретнав со фармацевтска технологија. Како прво немам книга од кај да учам, учам од слајдови кои пола се на македонски а пола се англиски, како второ очајно лошо се напишани слајдовите со триста подпрашања кои треба да ги барам од книга по англиски која е 2700 страни. И за на крај да ти се падне да составиш формулација за лек или да напишиш по колку ќе ставаш од секој ексципиенс.И да се преучиш со предметов ако немаш среќа тоа е тоа а не е ни чудно што премногу стутенти го презапишуваат предметов. На фармација во 3 и 4 година се најтешките предмети, ќе го земам за пример фармакогнозија предмет во кој се учи хемискиот состав со структури и дејството на растение, книга од 500 страни, ма колку и да си учел од претходната година за на екстерно треба минимум 2 недели повторување на ПОБИТНИТЕ растенија,значи не сите. А да не ги набројувам другите предмети.

Наместо да намалат квоти, тие секоја година бар ма мојот факултет ги зголемуваат. Нека воведат приемен испит нека скрата квоти а не сега се туркаме во лабораторија, по 4-5 студенти на едно работно место па само еден ке ја работи вежбата другите ќе гледаат само и после трупај теорија учи на памет, епа нема ништо да знаеме. Ама не не им одговара скратување на квота, нека се полни касата со пари па после ќе правиме селекција откако ќе ни ги земат парите.(facepalm)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Tрето, има студенти кои си учат, но сепак имаат потешкотии про положување на испит. ОК. Се сфаќам али ова не. Како е тоа се трудиш, а често не ти иде? Како е воопшто можно такво нешто? Како може ти да си учел и да имаш тешкотии да положиш. Нема изговори, немојте со вакви ниски изговори за вашите неуспеси. Тој што учел ќе положи, тој што не учел ќе најде изговор од типот „учев ама не ми иде“.

Така е бидејќи немаат сите ист капацитет. Има луѓе кои буквално на серка учат само и си полагаат најнормално, без проблем. Има луѓе што учат, а паѓаат и на крај, ќе положат испит од втор или трет пат. Плус, има луѓе што на пример работат и немаат премногу време за учење, а се трудат околу факултетот (односно, заслужуваат да студираат). И не е изговор, само лично ете така завршив факултет.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ана-Каренина

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Таман решив да одам на факултет, т.е. да се вратам, ете измислија новитети.

Sent from my ST21i using Tapatalk
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mameha

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Уште еден од многуте никакви, катастрофални закони и така нема некој попаметен...
Само не малтретираат со премногу теорија, а немаме соодветни книги од кај да учиме, затоа што немаме професори образовани, тие немаат појма од матријалот, цело време читаат, без лап топ не знаат да одржат ни едно предавање, барем кај мене е така, со исклучок на некои ретки професори.
И зато имаме катастрофално образование, за пари не знаат веќе што да измислат.......... нас ни треба пракса и тоа многу пракса, а не само бубање од книги, државни испити и други глупости.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Уште еднаш се докажа дека Македончето го бива само да лае,да јаде бурек,да се прави силен на вилици,а кога треба да се покаже на дело,нигде го нема.Најавениот штрајк на студентите под мотото стоп за екстер,полагање,се полеа со ладна вода,како и секој протест во оваа држава......неуспешно,без протестанти,а зошто толку се бунеа и галамеа а сега ги нема нигде?Е сега џабе им е да се чаталат и да ја напаѓаат власта и реформите што ни ги носат кога незнаат да се организираат или пак ги мрзи да го мрднат газот од пред екраните!
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Уште еднаш се докажа дека Македончето го бива само да лае,да јаде бурек,да се прави силен на вилици,а кога треба да се покаже на дело,нигде го нема.Најавениот штрајк на студентите под мотото стоп за екстер,полагање,се полеа со ладна вода,како и секој протест во оваа држава......неуспешно,без протестанти,а зошто толку се бунеа и галамеа а сега ги нема нигде?Е сега џабе им е да се чаталат и да ја напаѓаат власта и реформите што ни ги носат кога незнаат да се организираат или пак ги мрзи да го мрднат газот од пред екраните!
Не беше протест туку сосем трето нешто. Читај убаво и ќе видиш ;)
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Tрето, има студенти кои си учат, но сепак имаат потешкотии про положување на испит. ОК. Се сфаќам али ова не. Како е тоа се трудиш, а често не ти иде? Како е воопшто можно такво нешто? Како може ти да си учел и да имаш тешкотии да положиш. Нема изговори, немојте со вакви ниски изговори за вашите неуспеси. Тој што учел ќе положи, тој што не учел ќе најде изговор од типот „учев ама не ми иде“.
Замисли има и такви случаи.
Колку пати се случило студент да полага и на секое полагање да го паѓа професоров за бод или пола бод...зошто???
Друга работа размисли дека тој што му паднала идејата за тестови тој знае како се прават далавери со дипломи па сеа он ќе вовел ред.А како?
Епа за тие говеда што не требаат да запишат факултет а не па да земат на крај дипломи,погоди што?!Епа за нив ПУ ПУ (со шлајм) не важи.Ќе си крка дебело обичното поштено студентче.
Уште еднаш се докажа дека Македончето го бива само да лае,да јаде бурек,да се прави силен на вилици,а кога треба да се покаже на дело,нигде го нема.Најавениот штрајк на студентите под мотото стоп за екстер,полагање,се полеа со ладна вода,како и секој протест во оваа држава......неуспешно,без протестанти,а зошто толку се бунеа и галамеа а сега ги нема нигде?Е сега џабе им е да се чаталат и да ја напаѓаат власта и реформите што ни ги носат кога незнаат да се организираат или пак ги мрзи да го мрднат газот од пред екраните!
10299170_624938430948576_9135473339003384147_n.jpg

https://www.facebook.com/otvorenkufer?fref=photo
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: alba and Saladin

Infected

Нов член
26 октомври 2014
6
1
3
Македонија
Сум за државниот испит за студентите :).
Пола Македонија е запишана на факултет, од кој добри 50% одвај поминувале со 2ки во средно. И после имаат диплома за високообразование и зафаќаат позиција кои некој со успех и труд неможе да ја добие.