Tрето, има студенти кои си учат, но сепак имаат потешкотии про положување на испит. ОК. Се сфаќам али ова не. Како е тоа се трудиш, а често не ти иде? Како е воопшто можно такво нешто? Како може ти да си учел и да имаш тешкотии да положиш. Нема изговори, немојте со вакви ниски изговори за вашите неуспеси. Тој што учел ќе положи, тој што не учел ќе најде изговор од типот „учев ама не ми иде“.
Е и јас така мислев се` додека не се сретнав со фармацевтска технологија. Како прво немам книга од кај да учам, учам од слајдови кои пола се на македонски а пола се англиски, како второ очајно лошо се напишани слајдовите со триста подпрашања кои треба да ги барам од книга по англиски која е 2700 страни. И за на крај да ти се падне да составиш формулација за лек или да напишиш по колку ќе ставаш од секој ексципиенс.И да се преучиш со предметов ако немаш среќа тоа е тоа а не е ни чудно што премногу стутенти го презапишуваат предметов. На фармација во 3 и 4 година се најтешките предмети, ќе го земам за пример фармакогнозија предмет во кој се учи хемискиот состав со структури и дејството на растение, книга од 500 страни, ма колку и да си учел од претходната година за на екстерно треба минимум 2 недели повторување на ПОБИТНИТЕ растенија,значи не сите. А да не ги набројувам другите предмети.
Наместо да намалат квоти, тие секоја година бар ма мојот факултет ги зголемуваат. Нека воведат приемен испит нека скрата квоти а не сега се туркаме во лабораторија, по 4-5 студенти на едно работно место па само еден ке ја работи вежбата другите ќе гледаат само и после трупај теорија учи на памет, епа нема ништо да знаеме. Ама не не им одговара скратување на квота, нека се полни касата со пари па после ќе правиме селекција откако ќе ни ги земат парите.