- 17 февруари 2012
- 5,085
- 7,019
- 1,683
Јас лично не го познавам човеков, ниту пак знам нешто за него што би можела да споделам. Но, неговите клипови наречени 45 секунди ручек со Јован толку многу ми се допаѓаат, што решив да отворам посебна тема. Пред се, бидејќи знам дека ќе следат уште многу клипови во иднина, па можеме тука на едно купче да ги гледаме и да им се восхитуваме. Јован успева на еден доста интересен и оригинален начин со нас да сподели лесни и вкусни рецепти. До сега, има направено 5 клипови:
Што мислите за неговите клипчиња? Ви се допаѓаат ли неговите рецепти и дали можеби ве инспирирале за што ќе биде вашиот нареден ручек? Мене лично, не само што неговите рецепти ми се полн погодок, ми се допаѓа начинот на кој ги пренесува и стилот на снимање. Чекаме уште рецепти!