Сакам да кажам/Сакам да прашам

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Тивка релаксирачка музика, топло чоколадо, топло ќебе, книга и звукот на дождот кој баш убаво си паѓа.. мераци.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
@Farfalla
Избриши ги сите ентери во „поезијата“ на Дарко и прочитај го. Не за друго туку и онака личи ко да си читаш некој рандом пост со купишта ентери и „авангардни“ изрази кои што обичниот ум не може да ги сфати. Бонус, изгледај му го интервјуто со Борјан (знам дека не го вариш ама издржи, бар ќе видиш како изгледа несфатен ум :zelen).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Здосадено ми е да се објаснувам себе си за се што правам во животот. Just let me be.

Друго, соништата се остваруваат. Имам другарка што ја заврши својата работа во Америка и се реши последните денови на нејзиниот престој да ги помине во Лас Вегас. Ако навистина се стремиш и ризикуваш и ако навистина се трудиш околу остварување на сонот, најверојатно ќе ти се оствари. Океј, некои работи едноставно are not meant to be. Но, доволно сме креативни и исполнети со страст и желба за да си замислиме нов сон. Така да, за се што ќе си речеш "Еј замисли ова!", помисли си дека може утре ќе ти се оствари и не се изненадувај.
kaffeetrinker_2.gif
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Епа ми се повраќа од Дарко Леш(к)оски, како и да е презимево. Ах човеку, зарем твоето е поезија, зарем твоето е збор вреден за паметење? Зарем толку не гледаат луѓево што е текст без душа, а што е поезија за навек. Сакам да му го пресечам тој поган јазик, да му ги заврзам тие прсти, да не го гадосуваат и тоа што ни е останато вредно. Да престанат да му се восхитуваат луѓе, затоа што ова е за прекор.
Човеку драг ако читаш, ти никогаш нема да имаш дело од кое лазат морници, кое ти го крева секое влакненце на кожата, затоа што човеку, ти немаш душа во твоите зборови.
Овие четири стиха од Ацо Шопов ме носат во друга димензија

„Ако носиш нешто неизречено,
нешто што притиска и пече,
закопај го во длабока тишина,
тишината сама ќе го рече.“


повеќе од твоите нафрлани празни зборови и несигурности-

"Небо боја ванила"

Секој си е свое небо.
Секој си има небо свое се дур некого засака.
Тогаш ги спојуваат.
И ете јас не можам да заспијам наутро пред три четри саат откако ти мене ме знаеш и јас тебе откако те знам.
Оттогаш ми е така чинам.
Не можам, се дур сонцето не оди од едната страна да изгрее, а месечината брза нога пред нога ма другата страна да заоѓа.
Се твое што ми даде и се мое што кај тебе остана.
Ти очите кафени.
Јас душава попарена.
Тазе попарено благо тогаш извадено од рерна пресечено со нож посредина.
Кај што ми се делат градиве надолу.
Ете тука.
Од к*р до грклан невидлива посекотина во права линија и ластовици ѓоа твои слуги и поданици на небо боја ванила кои летаат под раната.

Затоа што употребување на вулгарности и гениталии според тебе очигледно е поетски врв. НЕ!
Ја типов еднаш го читав и никад више и само знам кога го убија сите од заебавање кога му ја украдоа кожната јакна.Типов има стил само за на БТР.

Sent from my GT-I9505 using Tapatalk
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Ја типов еднаш го читав и никад више и само знам кога го убија сите од заебавање кога му ја украдоа кожната јакна.Типов има стил само за на БТР.

Sent from my GT-I9505 using Tapatalk
Да се сносеше типот со реалноста онака како што ги пишуваше своите избљувотини, ќе речев дека имал муда да се обраќа така. Во принцип типовите као него ич не ги поднесувам, лесни на зборови, сироти „несфатени“, исплакани од плебсот за „чесно“ заработеното виртуелно внимание кое им е главна уметност преточена во „дубок“ дрворез во нивното напатено срце. А недај боже да му сконтраш со конструктивна критика, веднаш стануваш мета на недоучениот плебс кој се влажни на неговите избљувотини, додека истиов уметник ја црпи сета инспирација од истата мешаница на погрдни зборови и ја преточува во „уметност“.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Слободно можам да ги пишувам статиите на ЦрноБело. :D Многу често ќе видам нешто што ќе ме заинтересира, ќе го споделам или тука или на фб, и оп... после ден-два го читам на ЦБ. Језда ми се дешава и со други портали.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
А кој е тој лешоски, беше споменат и во други теми на форумов... јако презиме нема што :D (леш=corpse)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Дали навистина има разлика меѓу пробиотски јогурт и обичен (односно оној на кој не пишува дека е пробиотски)? Прашувам во смисла за оние добри бактерии што ни годат, дали може да се добијат и со обичниот?