Сакам да кажам/Сакам да прашам

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Не си ја пробал комерцијална банка, нема проблем.
Платата ми стасува на стопанска. Исто и купувам од интернет преку висата на стопанска.
КомБанка има поедноставен friendly пристап. Овие во Стопанска ко да се пошта :)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Постои ли начин некако да се заштитиш од стомачен вирус? Особено ако имаш дома некој заболен.
Зависи како се пренесува. Основна заштита е да одбегнуваш контакти, да не пиете и јадете од ист прибор и миење раце.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Еве едно интересно клипче каде што можеме да видиме како некои акции изгледаат низ MRI машина (слична на рентген, само што наместо слики, може да снима видео снимка):


Едно од најдобрите работи што ги имам видено lately, па си реков да споделам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Епа ми се повраќа од Дарко Леш(к)оски, како и да е презимево. Ах човеку, зарем твоето е поезија, зарем твоето е збор вреден за паметење? Зарем толку не гледаат луѓево што е текст без душа, а што е поезија за навек. Сакам да му го пресечам тој поган јазик, да му ги заврзам тие прсти, да не го гадосуваат и тоа што ни е останато вредно. Да престанат да му се восхитуваат луѓе, затоа што ова е за прекор.
Човеку драг ако читаш, ти никогаш нема да имаш дело од кое лазат морници, кое ти го крева секое влакненце на кожата, затоа што човеку, ти немаш душа во твоите зборови.
Овие четири стиха од Ацо Шопов ме носат во друга димензија

„Ако носиш нешто неизречено,
нешто што притиска и пече,
закопај го во длабока тишина,
тишината сама ќе го рече.“


повеќе од твоите нафрлани празни зборови и несигурности-

"Небо боја ванила"

Секој си е свое небо.
Секој си има небо свое се дур некого засака.
Тогаш ги спојуваат.
И ете јас не можам да заспијам наутро пред три четри саат откако ти мене ме знаеш и јас тебе откако те знам.
Оттогаш ми е така чинам.
Не можам, се дур сонцето не оди од едната страна да изгрее, а месечината брза нога пред нога ма другата страна да заоѓа.
Се твое што ми даде и се мое што кај тебе остана.
Ти очите кафени.
Јас душава попарена.
Тазе попарено благо тогаш извадено од рерна пресечено со нож посредина.
Кај што ми се делат градиве надолу.
Ете тука.
Од к*р до грклан невидлива посекотина во права линија и ластовици ѓоа твои слуги и поданици на небо боја ванила кои летаат под раната.

Затоа што употребување на вулгарности и гениталии според тебе очигледно е поетски врв. НЕ!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy, Lena and Saladin