Сакам да кажам/Сакам да прашам

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Нематеријални светови не дискутирам. Материјалниот свет има фрекфенција и не знам како тоа „функционира на принципот вибрација“ функционира. Ако си желна објасни ми го тој принцип (не зафркавам, стварно не знам каков е тој принцип).

Помеѓу радио-станиците има материја, ама нели немаме радиостаници? Какви се тие „Празни фрекфенции“? Просторот во кој радиото функционира е исполнет со материја. Материјата не одбира какви фрекфенции ќе пренесува туку само пренесува. Во зависност од енергијата на бранот кој се пренесува и во зависност од материјата која стои измеѓу приемникот и предавателот зависи што ќе стигне и со колкава амплитуда.
Јас се извинувам ако пишувам неразбирливо, но тоа е бидејки работам и нешто друго во мегувреме.
Ај ке се обидам да се сконцентрирам.
Мислам дека не морам да ти објаснувам опширно. Нештата вибрираат. Се вибрира. Нивото на енергијата на таа вибрација ја одредува фрекфенцијата. (тоа сакав да го кажам, уште еднаш се извинувам ако треснав глупост)
Како што вибрира материјалниот свет, така вибрира и нематеријалниот, но на многу повисоко ниво, затоа невозможно е да го опфатиме со сетилата.

Помеѓу радио станиците има простор, меѓутоа тој простор може да се пополни. Кога би се отвориле повеке радио станици, не би бил празен, додека на нематеријалниот свет нема празнини (и да има, тие фукционираат како премини и се многу мали, но штом имаат функција, јас не би ги нарекла празни)

Како што и сам кажуваш, дека материјата не одбира какви фрекфенции ќе пренесува туку само пренесува, во зависност од енергијата на бранот кој се пренесува и во зависност од материјата која стои измеѓу приемникот и предавателот, така е и во нематеријаниот свет.
Разумот не одбира (освен свесниот и добро истренирам разум) каква фрекфенција ке пренесува, туку само пренесува. Информациите кои ја сочинуваат таа фрекфенција влегуваат во тој разум, а потоа тој одбира со која од нив ке се идентификува (тоа зависи претежно од околностите и од способноста на самиот разум да расудува)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Тоа не значи дека мислата не постоела. Според ова имаш мисла, па после разумот филтрира која мисла треба да остане само мисла, а која треба да постане делување.
Разумот филтрира,но некогаш понесена од нагонот неможеш да слушаш ни разум ни срце,ништо.Пред некој дена ми се случи на работа да ме извадат од такт,да неможам да се смирам,и разумот кој знај каде се сокри,само лавина на пцовки ми излагаа од уста,за да после неколку часа се пшокајам зашто изреагирав тполку импулсивно на провокации.значи многу работи во нашиот мозок одат еден со друг,или еден врз друг,је** га.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
@malo
Не оди баш сѐ така едноставно како што си го замислуваш ти. Ова навлегуваме веќе во теорија на бранови, ама ако.
Е вака сеа. Едно тело има своја сопствена фрекфенција, ама таа сопствена фрекфенција постои само внатре во телото (затоа се вика и внатрешна фрекфенција и сопствена) и не се емитува надвор од него, ама ако успееш да ја погодиш со надворешен извор тогаш амплитудата на таа фрекфенција ќе почне да расте сѐ додека телото не се распадне. Е сеа, земаш две тела со иста внатрешна фрекфенција и ги ставаш многу блиску едно до друго. Знаеш што ќе се случи? Едното тело ќе влијае на другото и ќе си разменуваат фрекфенции и амплитудите ќе растат и ќе се расп.... Не. Нема тоа да се случи, туку ќе се случи ништо. Телата не се во взаемно дејство кога е во прашање сопствената фрекфенција затоа што таа не се емитува и постои само во телото. (напомена: тело е општо земен поим, не мислам на човечко тело)

Е сеа, имаме радио-станица која емитува радио-бранови со одредена фрекфенција која ја викаме Е (оти емитува) и радио-приемник кој го викаме П (оти приемник де). Е ->->->->->-> П. E арно ама помеѓу Е и П има материја и просторот НЕ е празен (ако беше празен ќе го викавме апсолутен вакуум) туку исполнет. Радио-брановите патуваат со брзина на светлината (затоа што се електромагнетни бранови) но како и светлината (која патем е ЕМБ исто како и топлината која се зрачи како ЕМБ), подложни се на пропустливоста на материјата. Секоја материја има свој индекс на пропустливост и отпорност и во зависност од тоа се добива намалувањето на амплитудата на бранот и брзината со која ќе патува. Кога просторот би бил празен како што ти замислуваш тогаш брановите би патувале со константна брзина и без никакво намалување на амплитудата. Вклучи го радиото и ќе слушаш шум. Тој шум покажува дека има некои радио бранови на таа фрекфенција на која ти е нагоден приемникот, но тоа што се за тебе неразбирливи не значи дека ги нема.

Бран како бран не праќа никаква информација освен ако не створиш некој алгоритам кој ќе препознава модулации на бранот. Ама тоа модулирање значи дека не праќаш бран со постојана фрекфенција или амплитуда (или и двете). Сите комуникации во светот кои што се одвиваат преку бранови се бесцелни ако се испраќа само бран со постојана фрекфенција и амплитуда. Потребни се некакви промени во точно одредени периоди за да оствариш некоја комуникација. Пандан на тоа би било да луѓето комуницираат со изговарање на само еден глас, сите да имаат иста фрекфенција на гласот, иста боја и со иста јачина да го викаат тој глас. Ќе слушаш само еден глас и нема да знаеш кој што сака да ти каже затоа што нема информација.
 
Не, тоа значи дека твојот разум проценил дека таа мисла која си ја имала (да им дадеш на сите до знаење дека ти се преку глава) треба да постане акција, активирал одредени делови и резултат се твоите пцовки наменети кон сите. После неколку часа разумот увидел дека таа мисла „го прелажала“ дека треба да помине низ филтерот и следело покајание.

П.С. Признавањето на гревот е првиот чекор. Вториот е покајанието, а каде има покајание има и спасение.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Мераклии за пишување реферат,ала нека вие.Прво разум и ум е различна работа.Умот е повозвишен од разумот,тој е креаторот.Мислата иде од разумот,тоа е ментален процес за да ги согледаме работите,да донесеме заклучоци идр....ддодека со разумот одлучуваме,а на кое ниво и како некои работи ке ги решиме,туку е нивото на умотЛуѓето што имаат напади на паника мислат дека нешто ке им се случи,дека ке умрат,а подсвесно знаат дека тоа нема да им се случи ама тој напад на психолошки мисли неможат да го сопрат. и сега отидовме во психијатрија...........
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Не, тоа значи дека твојот разум проценил дека таа мисла која си ја имала (да им дадеш на сите до знаење дека ти се преку глава) треба да постане акција, активирал одредени делови и резултат се твоите пцовки наменети кон сите. После неколку часа разумот увидел дека таа мисла „го прелажала“ дека треба да помине низ филтерот и следело покајание.

П.С. Признавањето на гревот е првиот чекор. Вториот е покајанието, а каде има покајание има и спасение.
А што не увидел преку мисла дека ке се кајам и да не постапувам така,?
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
А зошто да се прекине една од најдолгите традиции на овдешната популација - кодошењето?! Зарем британците, французите, јапонците и други групации од развиениот свет кон кој тежи и овдешното население не си ги негуваат своите традиции?

За другото, разумот арен си е, емоциите ме подјебаваат, ако го слушав разумот до сега каде ќе ми беше крајот.
Разумот го замислувам како викторијански џентлмен со монокл и луле коj благо цинично дава совети и насоки а емоциите како долгокоса жена од хипи периодот која напушена мантра на полна месечина...која дава ужасни совети и упатства...:eek
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
@malo
Не оди баш сѐ така едноставно како што си го замислуваш ти. Ова навлегуваме веќе во теорија на бранови, ама ако.
Е вака сеа. Едно тело има своја сопствена фрекфенција, ама таа сопствена фрекфенција постои само внатре во телото (затоа се вика и внатрешна фрекфенција и сопствена) и не се емитува надвор од него, ама ако успееш да ја погодиш со надворешен извор тогаш амплитудата на таа фрекфенција ќе почне да расте сѐ додека телото не се распадне. Е сеа, земаш две тела со иста внатрешна фрекфенција и ги ставаш многу блиску едно до друго. Знаеш што ќе се случи? Едното тело ќе влијае на другото и ќе си разменуваат фрекфенции и амплитудите ќе растат и ќе се расп.... Не. Нема тоа да се случи, туку ќе се случи ништо. Телата не се во взаемно дејство кога е во прашање сопствената фрекфенција затоа што таа не се емитува и постои само во телото. (напомена: тело е општо земен поим, не мислам на човечко тело)

Е сеа, имаме радио-станица која емитува радио-бранови со одредена фрекфенција која ја викаме Е (оти емитува) и радио-приемник кој го викаме П (оти приемник де). Е ->->->->->-> П. E арно ама помеѓу Е и П има материја и просторот НЕ е празен (ако беше празен ќе го викавме апсолутен вакуум) туку исполнет. Радио-брановите патуваат со брзина на светлината (затоа што се електромагнетни бранови) но како и светлината (која патем е ЕМБ исто како и топлината која се зрачи како ЕМБ), подложни се на пропустливоста на материјата. Секоја материја има свој индекс на пропустливост и отпорност и во зависност од тоа се добива намалувањето на амплитудата на бранот и брзината со која ќе патува. Кога просторот би бил празен како што ти замислуваш тогаш брановите би патувале со константна брзина и без никакво намалување на амплитудата. Вклучи го радиото и ќе слушаш шум. Тој шум покажува дека има некои радио бранови на таа фрекфенција на која ти е нагоден приемникот, но тоа што се за тебе неразбирливи не значи дека ги нема.

Бран како бран не праќа никаква информација освен ако не створиш некој алгоритам кој ќе препознава модулации на бранот. Ама тоа модулирање значи дека не праќаш бран со постојана фрекфенција или амплитуда (или и двете). Сите комуникации во светот кои што се одвиваат преку бранови се бесцелни ако се испраќа само бран со постојана фрекфенција и амплитуда. Потребни се некакви промени во точно одредени периоди за да оствариш некоја комуникација. Пандан на тоа би било да луѓето комуницираат со изговарање на само еден глас, сите да имаат иста фрекфенција на гласот, иста боја и со иста јачина да го викаат тој глас. Ќе слушаш само еден глас и нема да знаеш кој што сака да ти каже затоа што нема информација.
Тоа е во ред. Се согласувам со се...
Една замерка - Не тврдев дека има празен простор помеѓу фрекфенциите, тоа прашање само по себе некако се наметна... споредувавме материјален и нематеријален свет.
Мене сето ова ми е помалку јасно (не колку што ти е јасно тебе) но зборувавме за мисли и разум... јас би се задржала на тој муабет. Не сум до толку паметна за да разговарам на вакви тешки теми.
Поентата беше дека мислите самостојно си постојат надвор од нашите умови.