Насилство во училиштата

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
За тоа што ја отварам темава ме инспирира случка која ја видов пред некој ден
Оваа година не мешаа нас со поголемите години во иста смена Кај поголемите од нас но и кај нас гледам дека често доаѓа до кавга или тепачка поради тоа кој навива за мзт а кој за работнички кој е од аеродром а кој е од центар што таквата поделба ме нервира
Ме изненади случка која ја видов вчера кај поголемите од нас Дете кое е мирно и со никој не се кара стана мета на насилници
се собраа 4-5 дечишта и почнаа да го буткаат детето да го навредуваат да го посрамуваат без причина пред сите нас други што седевме во школскиот двор тој беше со неколку другари и другарки но они се тргнаа на страна и ништо не правеа а кога си одеше кон дома они го следеа и му го правеа истото
денес се повтори истата случка но беше на уште полошо поголеми навредливи зборови поголема провокација и полоши удари
ние како помали од нив ништо неможевме да направиме
Прашањето е како да се спречи насилството во училиштата?
зар децата во школо одат за да бидат малтретирани?
како би сте решиле еден ваков проблем и дали сте го имале?
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Пред една година, кога моето дете појде за прв пат во школо, го запишав во Ј.Х. Песталоци во центар. Таму сите деца беа деца на многу побогати родители и моето дете се одвојуваше. Од друга страна бидејки моетото дете до тогаш беше истрауматизирано поради многубројните преселби, разводот и други тешки животни ситуации, плус и самиот факт што е хиперактивно, почна да се однесува агресивно кон своите другарчиња (на почетокот мислев дека тие се главните причини)
Наставничките неколку пати ме повикуваа за да ми ја објаснат состојбата. Секој ден разговарав со него за неговите постапки. Доброто беше што тој е искрено дете и секогаш раскажуваше како дошло до ситуацијата. Тврдеше дека останатите деца го провоцираат. јас му верував, ама наставничките негираа ( а нормално дека колку и да сакаш да му веруваш на сопственото дете, кога наставничките ке го кашат спротивното ке се замислиш малку) Одкако ке му укажев на грешките тој се трудеше да се поправи, но несаканите ситуации постојано се повторуваа. Бевме на психијатар, потврдија дека е хиперактивно. Требаше да посетува психијатар два пати неделно, но во тој момент бевме во тешка финансиска состојба и немавме можност за тоа. Побарав помош од училиштето. Не ми излегоа во пресрет со изговор дека школскиот психолог ги превзема работите во свои раце доколку се случи некој потежок инцидент. Секојдневно разговаравме со наставничките. Нивниот заклучок беше дека на детето не му е посветувано доволно внимание, дека јас го тепам дома, дека не му зборувам за проблемот, дека не се трудам. Детето беше етикетирано како лошо, невоспитано, насилно...
Дојде време за уште една преселба. Мораше да го префрлам во друго училиште. Кога за последен пат отидовме во училиштето, наставничките не можеа да се одвојат од него. Солзи им навираа во очите, гласот им трепереше, го гушкаа, го бакнуваа...
Пред да ги земам последните документи, една од наставничките ми рече дека моето дете не било ни приближно толку немирно, како некои останати деца од одделението, но не смееле да кажат бидејки нивните родители веднаш ке се бунеле, не признавале, правеле драми (со друг збор, нивните родители се богати или јавни личности)
Дека моето дете било провоцирано цело време баш од тие деца...
Кога го презапишав во друго училиште (каде што учи денес) нештата воопшто не беа исти. Тој беше примерен ученик, посветен на учењето, малку рассеан, нестрплив... но немаше проблеми со однесувањето и со односите со своите соученици.
Денес учителката јавно го пофали пред целото одделение и пред сите родители. рече дека е одличен, дека е многу интелегентен, соработува на сите часови по сите наставни предмети и дека убаво и дисциплинирано се однесува.

Се прашувам што ли ке се случеше ако продолжеше да учи таму каде што учеше? Во каква личност ке се развиеше ако секојдневно беше опкружен со деца кои се подсмеваа со неговата материјална состојба?
Ние дома секогаш разговараме за различностите, се учиме на толеранција, разбирање, прифаќање... Како можев јас на таа возраст да го научам на тие вредности ако не гледа пример за истото во неговото училиште. Како можам јас да го научам да не навредува, кога неговите наставнички ги толерирале другите деца кои него го навредувале, а од друга страна тој бил казнуван за истото?
Зарем не треба сите деца да имаат ист третман?

Ниту едно несилно дете не е виновно за своето однесување. Тоа однесување потекнува пред се од домашното воспитување, потоа од учителите па и од другарчињата. На децата треба да им се зборува за љубовта, за убавините на животот... треба да ги учиме да ги сакаат луѓето, животните, природата. Да не се однесуваме насилно пред нив (и позади нив), да не им наметнуваме материјалистички погледи, да не ги труеме со нашите секојдневни проблеми...
Треба да ги учиме на толеранција, разбирање, соживот... На крајот на краиштата тие нас не имитираат.
Ако сакаме да смениме нешто во однесувањето на нашите деца, треба прво да почнеме од себе и околината во кое што детето расте и се развива.
 
Среќен сум што си го спасила детето свое
но што правиме со децата кои секојдневно се малтретирани во училиште а нивните родители незнаат за тоа
тие деца како ќе се одбранат и како го доживуваат тоа? во какви личности ќе израснат? плашливи, несигурни? покрај се нема да можат да се сконцентрираат на нивното учење и успех
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Се сеќавам кога бев основно имаше еден фраер што секогаш му се плашеа во одд. и секого закачаше,секој ден различно.Поминав и јас низ редот али затоа со сета сила што ја имав му вратив 5пати повеќе за на крај моите родители да бидат повикани на разговор со класната.
Што беше најтрагично фраерот беше љубимец на класната и секогаш го бранеше,а ништо не превземаше со секојдневите поплаки од него.
Тој си остана истиот освен што мене ме прескокнуваше поради тоа што јас веќе не му бев интересна,но другите ги жалев но што можев да напраам јас кога тој што треба да реагира му гледаше низ прсти ?!
Стварно незнам како би се променило и запрело насилството во училиштата,секогаш било и секогаш ќе го има.
Насилните деца се испуштени деца на кои не им се посветува внимание,родителите многу им работат кутрите....
Им треба простор за доминација,да се истакнат дека се најдобри во нешто па макар и во најлошто па удри по послабиот истурајќи си ги своите слабости.
 
Последна промена:

Holla

Истакнат Член
17 јуни 2014
162
90
338
Среќен сум што си го спасила детето свое
но што правиме со децата кои секојдневно се малтретирани во училиште а нивните родители незнаат за тоа
тие деца како ќе се одбранат и како го доживуваат тоа? во какви личности ќе израснат? плашливи, несигурни? покрај се нема да можат да се сконцентрираат на нивното учење и успех
А, зошто нивните родители не знаат? .. ете ако веќе самите деца ги е срам и страв од реакцијата на своите родители, зошто тогаш ти не бидеш хуманиот и не дознаеш каде живее тоа дете, кои му се родители и да разговараш со нив без самото дете да дознае? .. Па родителите да го решат тоа со учителите, обезбедувањето, педагозите (и психијатрите) во училиштето....
Бидејќи ако продолжи тоа секојдневно малтретирање ќе дојде денот каде што малтретираното дете ќе извади нож, што се веќе случувало многу пати..
Или пак бандитите ќе извадат нож ако жртвата проба само еднаш да се оттргне од нив.
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
За тоа што ја отварам темава ме инспирира случка која ја видов пред некој ден
Оваа година не мешаа нас со поголемите години во иста смена Кај поголемите од нас но и кај нас гледам дека често доаѓа до кавга или тепачка поради тоа кој навива за мзт а кој за работнички кој е од аеродром а кој е од центар што таквата поделба ме нервира
Ме изненади случка која ја видов вчера кај поголемите од нас Дете кое е мирно и со никој не се кара стана мета на насилници
се собраа 4-5 дечишта и почнаа да го буткаат детето да го навредуваат да го посрамуваат без причина пред сите нас други што седевме во школскиот двор тој беше со неколку другари и другарки но они се тргнаа на страна и ништо не правеа а кога си одеше кон дома они го следеа и му го правеа истото
денес се повтори истата случка но беше на уште полошо поголеми навредливи зборови поголема провокација и полоши удари
ние како помали од нив ништо неможевме да направиме
Прашањето е како да се спречи насилството во училиштата?
зар децата во школо одат за да бидат малтретирани?
како би сте решиле еден ваков проблем и дали сте го имале?
Каде учиш?
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Постои класен раководител,психолог,директор,ке се пожалите и ке објасните,а тие мораат да ги повикаат родителите.Ако не бива со сите мирни опомени,тогаш идеме втора варијанта,собир на црно бели форумџии па во напад,па кој е појак ке раскажува.(се шалам малце)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Секогаш има насилство за жал и почесто е психичко а помалце физичко..едино шо знам кај нас Битола никогаш немало насилство кога е поврзано богати сиромаси во Битола никогаш немало омаловажување и делење како што е случај во Скопје и тоа многу ме чуди како можи да е така ?
Тое имало, има и ќе има за жал.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
А, зошто нивните родители не знаат? .. ете ако веќе самите деца ги е срам и страв од реакцијата на своите родители, зошто тогаш ти не бидеш хуманиот и не дознаеш каде живее тоа дете, кои му се родители и да разговараш со нив без самото дете да дознае? .. Па родителите да го решат тоа со учителите, обезбедувањето, педагозите (и психијатрите) во училиштето....
Бидејќи ако продолжи тоа секојдневно малтретирање ќе дојде денот каде што малтретираното дете ќе извади нож, што се веќе случувало многу пати..
Или пак бандитите ќе извадат нож ако жртвата проба само еднаш да се оттргне од нив.
Ќе сторам добро ако помогнам
но што ако потоа и јас станам мета на тие таквите зошто сум му помогнал
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Ќе сторам добро ако помогнам
но што ако потоа и јас станам мета на тие таквите зошто сум му помогнал
Иста процедура и за тебе,ке се тепаме до крај,па ко преживи.......ко нече милом биче силом....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec