Колку е здрава љубомората во врската?

ema09

Истакнат Член
18 февруари 2012
226
411
63
Што мислите дали треба да постои љубомора и до кој степен ??

На пример јас сум против љубомората не сум љубоморна воопшто за глупости ама стално па ми се годат опсесивно љубоморни партнери до некој мн болен степен ... Разбирам ако нема љубомора нема љубов .. но се треба да е во границите на нормалата .. Кои се вашите искуства (дали сте вие или вашиот партнер повеќе љубоморни) !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Ќе звучам како да е клише муабетот ама мора да се има златна средина,може ќе има прашање ЗАШТО.
Понекогаш кога има рамнодушност исто така се запрашувате дали можеби нешто не е во ред со партнерот и вашата врска.
Пак ќе излезе оној муабетот се што е претерано не е убаво лошо е и болна љубомора ама и рамнодушноста е лоша.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Сметам дека одредено количество љубомора е добро и покажува дека некој има значење. Но претерано, води кон посесивност што според мене е многу лошо.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Па има љубомора и ЉУБОМОРА.
Логично е да не ти паѓаат сеедно некои работи, мислам да не се правиме Брус Ли и емоционално недостапни.
Главната поента е како ги поднесуваш и како се справуваш со нив.
Жени ко жени, па ако не и рече кој ти е тој што ти врти тебе у 22 саат, автоматски не ја сака :giggle
Ако и рече, он е конзервативен и не и дава да дише :eek

Јас вака кога ќе направам една ретроспектива на мојава сегашна врска, мислам дека клучот поради кој не патиме од драмење е убедувањето дека на секој му треба простор и време само за него, во кое нема да биде вклучен другиот.

Почитувањето, нормалната перцепција на неговото/нејзиното социјално опкружување се многу битна алка, во целата таа ситуација, како и личната самодоверба!
Кој сака бре искрено да му дишеш у врат 24/7? Вашите заеднички моменти да се темелат на константни објаснувања и тупење во место?

Наместо да уживаш, да креираш најубави спомени, да ја градиш врската , да се учиш да созреваш, ти ќе се занимаваш со Јанко, Петко, Станко, poke, лозинка на фб, дремење пред влез....:pomos
На крајот на краиштата, со сила убавина не бива. Арно рекле старите и ортоми да му врзеш ако не бива, ќе ги искине.
Единствено што добиваш со таа љубомора е главоболка и нестабилност.
 

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Љубомората е корозија на љубовта.
Едно е да се плашиш од загубата на партнерот, сосема друго да му наметнуваш правила на однесување, и да му одредуваш со кого смее, а со кого не да контактира.

Ако некој те стави во вистинска положба за љубомора - навистина има некоја друга/друг, дефинитивно тука нема што да се разговара. Отишла љубовта со некој воз веќе...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee