Веќе подолго време се сретнувам со тематиката на дуалните души така наречени души-близнаци и сеуште не можам со сигурност да кажам дали е тоа така или пак сето ова е само уште една new-age приказна.
Се верува дека овие души се всушност една која е разделена во две човечки тела.
Заедно би биле перфектни,нешто како јинг-јангот.
Се верува дека секој од нас ја има својата дуална душа некаде и дека во одреден живот(после многу инкарнации ја сретнуваме истата).
Душите се препознаваат преку тоа што се телепатски поврзани,чувствуваат неизмерна љубов измеѓу себе(која не се споредува со онаа обична емотивна љубов),чувствуваат поврзаност и воопшто кога ќе го погледнат дуалниот партнер во очи имаат чувство дека себе се препознаваат во него(во вистинска смисла на зборот).Потоа имаат чувство дека ја познаваат таа личност од некаде,иако никогаш пред тоа ја немаат сретнато.
Едниот знае како другиот се чувствува во моментот,што размислува и каква е неговата внатрешна состојба.
При првата средба имаат чувство на тресење,губење на тлото под нозете и слично.
Љубовта измеѓу дуалните души е длабока и знае да биде многу болна.Самите не се свесни за што станува збор,понекогаш мн.често имаат чувство дека сосем го губат разумот и контролата над себе.
Најчесто средбите на дуалните души се случуваат кога во нивниот живот има некаков пресврт и таа средба им ги покажува нивните лични дефицити и полињата на личниот развој на кои мора да се работи.
Звучи како романтична приказна,но е нешто многу поразлично и за мене помистично од романтика.
Што мислите вие околу оваа тема?
Ви се случило ли да сретнете некој за кого би можеле да речете,ете тоа е мојата дуална душа и со сигурност знам,затоа што е поразлично од се до сега?
Реалност или уште една илузија на новата ера?