СДК Што се случува со маливе бре? Едно девојче осмо одделение во рок од 1 месец со тројца се стави во врска
Океј, сфаќам дека треба да избериш подобро со која личност сакаш да бидиш во врска, ама сега да ги менуваш како чорапи не иде, плус на таа возраст
Башка тоа, јас на нивно место би се сликал како играм жмурка или граница, со стари патики и валкани шорцеви и маичка пошто цел ден сум трчел, паѓал и играл секакви игри. А кога ќе видам девојче вчера престанало да цица, ставило слика на фејсбук со доволно кусо фустанче за гаќите да не и се гледат, црвен кармин и штикли во истата боја, со порака на сликата Не си ни прв ни последен, ќе те преболам нешто кобајаги бла бла... или па машко на десетгодишна возраст му купиле мотор и шиба низ градот и слики на фејсбук еден куп, пошо нели тато го знаат полицајците нема да ми речат ништо, а ако нешто ми се случи... ма на кој му е гајле бе, битно јас фраер сум