Масивни поплави во Босна и Србија

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Дали испадна владата на Р.Македонија хумана,да придонесе да се укине тоа 18% ддв при донирање пари на телефонските броеви?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Дали испадна владата на Р.Македонија хумана,да придонесе да се укине тоа 18% ддв при донирање пари на телефонските броеви?
Не знам, не јавија се уште. Знам хрватите уште одма го направија тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Не знам, не јавија се уште. Знам хрватите уште одма го направија тоа.
Фала на информацијата.

Иначе најголемите хуманитарци испаѓаат луѓево објавувајки сликички и статуси низ фб колку им е само жал.
Уште поголеми оние кои објавуваат кај стигнат колку они и што дарувале.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Отворено писмо до Владата: Стоп за данокот на солидарност!

Граѓаните на Македонија покажаа огромна солидарност. Несебичната помош за настраданите од поплавите во БиХ и Србија ја покажаа големата душа и срце на овој народ. Огромен броj јавувања за финансиска помош, како и многу камиони со храна, вода, лекови, ќебиња за оние на кои тоа деновиве им е најпотребно. Горд сум на моите сограѓани кои покажаа солидарност. За жал, Владата на Р.Македонија уште еднаш, по кој знае кој пат, покажува огромна себичност. На големиот број јавувања на бројот 143-400 од било кој оператор, каде ние-граѓаните со секое јавување донираме по 100 денари за настраданите во БиХ и во Србија, Владата на Р.Македонија зема по 18 отсто ДДВ.


На секои наши 100 денари, кои ние сме решиле да им ги подариме на оние на кои поплавата им уништи сѐ што граделе цел живот, нашата „добра“ Влада земаше за себе дополнителни 18 денари, па така ние плаќаме по 118 денари. Така било тоа според законот, но каде е тука моралот и етиката на Владата? На премиерот Груевски? На Ставрески? На Бесими? Зарем да наплаќате данок на нашата солидарност?! Нели е срамота на донација од 100 денари, која оди за деца кои останеле без покрив над глава, вие да земете 18 денари ДДВ за буџетот на Владата на Македонија, нели е?! Знам дека буџетот ви е празен и знам дека приливите во него не се доволни за вашата партиска администрација.

Соберете сили и бидете луѓе и отворете си посебна линија за поддршка на буџетот, ако ви е потребна, а не да се „шлепате“ на желбата на граѓаните кои сакаат да помогнат во хумани цели. Немојте да ми наплаќате 18 денари на моите 100 денари за евакуираните од поплавите во Босна и Србија. Ако граѓаните на Македонија досега донирале околу 60.000 евра за оние луѓе кои немаат покрив над глава, нашата „добра“ Влада на граѓаните кои биле солидарни им земала ДДВ, кој изнесува преку 10.000 евра. Нека е според сите закони и нека е според сите пишани прописи, безобразно е! За разлика од вас, Владата на Хрватска се откажа од ДДВ-то, а сите средства собрани од него ќе ги пренасочи кон примателите на донациите.

Затоа, во ова отворено писмо, упатувам апел до Владата:

1. Да се откаже од сите средства кои Владата на Р.Македонија ги собра преку ДДВ-то на јавувањата за хуманитарна помош за БиХ и Србија, и да ги пренасочи кон примателите на донациите.

2. Да се приклучи со своја помош кон граѓаните на БиХ и Србија, следејќи го чекорот на своите граѓани, кои покажаа огромна солидарност со народот на БиХ и Србија.

Џелал Хоџиќ, активист
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini and melpomena

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
KREĆE KONVOJ IZ SKOPLJA: Makedonci šalju 20 tona hrane za Srbiju i BiH!
SRBIJA11:16, 19.05.2014.

Autor: Tanjug,Foto: Tanjug



  • SKOPLJE - Na desetine tona humanitarne pomoći koju su donirali makedonski građani danas je konvojem kamiona kreće ka poplavljenim područjima u Srbiji i Bosni i Hercegovini, objavili su makedinski mediji.
    Kako je saopštio Crveni krst, akciji za sakupljanje pomoći do juče u 17 časova na punktovima u Skoplju donirano je 20 tona prehrambenih proizvoda, 10 tona sredstava za higijenu, 60 hiljada litara vode, hiljadu ćebadi, tona hrane za bebe, tri tone mleka, 10 tona odeće, hiljadu pari obuće.
    Preko telefona za donaciju sakupljeno je oko 59.000 evra. Finansijska sredstva koja će biti sakupljena telefonom za donaciju i na žiro račun Fonda za solidarnost na račun za pomoć Srbiji i Bosni i Hercegovini biće uplaćena 31. maja.
    Prikupljanje pomoći će se nastaviti i narednih dana.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Срамота,греота...незнам веќе што да кажам.

Баш. Во истиов артикл пишуваше дека ДДВ-то на тие 119 000 е оттприлика 19 000 евра, што одат во буџетот на нашата држава.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
10270693_843249045698047_755148018352092947_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja and Gemini

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Мислам дека не треба да се замараме со податоци кој колку донирал колку помош испратил.Факт е дека Македонија помага,Македонците помагаат,и нека се стабилизира состојбата што побрзо и никогаш да нема такви катастрофи.