Фаворити - Манчестер Сити и Челзи. Според играчкиот потенцијал, Сити има предност но има менаџер кој е првпат во лигата. Од друга страна Челзи го има Мурињо што донекаде би требало да е компензација при евентуална борба за титула.
Останатите два тима од актуелнава `прва четворка`, М.Јунајтед и Арсенал....со заминувањето на Фергусон и доаѓањето на лик со скромни успеси и уште поскромен потенцијал, Мојс.... да се очекува борба за титула од нив би било премногу. Играчкиот кадар не им е најсјаен, Ферги успеваше со играчи од типот на Еванс, Андерсон и Смолинг да освои титула.... Мојс нема да може.
Арсенал нема ни амбиции за титула, само за пласман во Лига на Шампиони.
Втората четворка, од оние кои ќе се борат за излез во Европа и евентуално да загрозат некого во борбата за топ-4.... Тотехнем е најблиску до тоа, ако остане Бејл, со новите засилувања и продажба на некои ботови кои се мотаа - може да се каже дека има топ-3 состав а има и солиден тренер. Премногу зависни од формата на Бејл, но ако некој тим успее да помати сметки тоа ќе биде Тотенхем.
Ливерпул....пародија на некогашниот великан на европскиот фудбал со менаџер кој не ветува и играчи кои се далеку од можност за топ-4. Пласман во Европа за нив би бил сензација.
Њукасл, шизофренична екипа, пред две сезони се бореа за ЛШ, лани се бореа за опстанок. Може се да се очекува од нив, најнестабилна екипа од втората четворка.
Евертон, после заминувањето на Мојс добија добра замена, ако не и подобра, Мартинез кој со играчите на располагање (под услов да не продаваат клучни играчи) може повторно да се бори за Европа, или барем да заврши пред Ливерпул.
Останатите 12 екипи ќе се борат за опстанок, некои се засилија, некои се ослабени, но генерално тоа е тоа. Свонси е во нагорна линија и може да се стабилизира како трол за појаките, Кристал Палас делува однапред осуден на испаѓање.
Гласам за Тотехнем, before it is cool.
Да ги цитирам будалаштините кои сум ги постирал на почеток на сезона
Фаворити - Манчестер Сити и Челзи. Според играчкиот потенцијал, Сити има предност но има менаџер кој е првпат во лигата. Од друга страна Челзи го има Мурињо што донекаде би требало да е компензација при евентуална борба за титула.
- Далеку од Клеопатра, балканската пророчица, сепак Сити и Челзи беа очекувани фаворити за првите две места, Мурињо ги доби сите конкуренти, го истрола ЛиверПу и беше истролан од Пјулис, неколку кикса кои го чинеа титула. Сити после почетната дебилана на гостински терен се стабилизира, иако загуби наводно клучен меч со директниот конкурент, 8-минутното лудило на Палас против Шкртел и друштво ги остави сами да решаваат за титула што на крај рутински го одработија без драматики какви што имаа против Сандерленд кога се мислеше дека титулата ќе се врати на Енфилд.
Останатите два тима од актуелнава `прва четворка`, М.Јунајтед и Арсенал....со заминувањето на Фергусон и доаѓањето на лик со скромни успеси и уште поскромен потенцијал, Мојс.... да се очекува борба за титула од нив би било премногу. Играчкиот кадар не им е најсјаен, Ферги успеваше со играчи од типот на Еванс, Андерсон и Смолинг да освои титула.... Мојс нема да може.
Арсенал нема ни амбиции за титула, само за пласман во Лига на Шампиони.
За Арсенал испаѓа као сум бил во право а уствари сум промашил скроз. Единствена разлика меѓу 4.место и титула (7 бода) беше повредата на Ремзи и ништо повеќе. Без разлика на формата на Озил и остали повреди, ако Ремзи играше цема сезона и покрај тешките порази со директните конкуренти - Арсенал ќе се бореше за титула до последно коло. Беа најдолго на прво место и имаа добра игра. Останува ФА купот и прекин на постот од 9 години.
За Јунајтед i was spot on, so nothing to see there. Жал и тага, солзи и лелекања за Мојс, Дејвид, љубави моја...
Ливерпул....пародија на некогашниот великан на европскиот фудбал со менаџер кој не ветува и играчи кои се далеку од можност за топ-4. Пласман во Европа за нив би бил сензација.
Њукасл, шизофренична екипа, пред две сезони се бореа за ЛШ, лани се бореа за опстанок. Може се да се очекува од нив, најнестабилна екипа од втората четворка.
Евертон, после заминувањето на Мојс добија добра замена, ако не и подобра, Мартинез кој со играчите на располагање (под услов да не продаваат клучни играчи) може повторно да се бори за Европа, или барем да заврши пред Ливерпул.
Од втората четворка, Ливерпул направи сензација со освојување на 2.место, сосема неочекувано за нив, комбинација од тотална офанзива, среќа, многу судиски одлуки во нивна корист, дајвање, ороспиство и стицај околности што на неколку играчи оваа сезона им беше најдобра во кариерата. Сето тоа ги доведе на праг на титула која им ја одзедоа тролот Мурињо и Маркус Гејл, арсеналово дете
Евертон беше во борба за ЛШ, неколку повреди ги оддалечија од тоа, Мартинез имаше сосема добар старт, подобар и со бодови и со пласман од Мојс лани, само 12 бода помалку од шампионот, се` на се` во склоп на можностите.
Тотенхем, ако останеше Бејл секако ќе се бореше за титула со оглед на бизарната сезона оваа година и малите разлики меѓу екипите. Без Бејл и со тотални флопови во вид на новите засилувања, безидејност на Боаш и некои ликови кои залутале на фудбалски терен - на крај и не е лошо за нив, 6.место и ЛЕ, спасот дојде во вид на новиот менаџер и Адебајор.
Њукасл, шта речи... шизофренија на дело, неколку серии, една јака и две три мизерни, сомнителен тренер, нешто подобри од лани ама со оглед на можностите - катастрофа и пласман зад Стоук
Останатите 12 екипи ќе се борат за опстанок, некои се засилија, некои се ослабени, но генерално тоа е тоа. Свонси е во нагорна линија и може да се стабилизира како трол за појаките,
Кристал Палас делува однапред осуден на испаѓање.
Гласам за Тотехнем, before it is cool.
Надвор од првата и втората четворка, the riff raff
успех на Саутемптон, Астон Вила иста како секогаш со солиден старт и ужасен финиш и борба за опстанок. Најголемо изненадување, покрај Ливерпул е секако Стоук Сити кој заврши 9.место (максимално мотивирани со најјаките екипи) и Кристал Палас кој беше сметан за однапред отпишан но на крај заврши 11. и ги подјеба Ливерпул и Челзи. Кардиф сами се испаднаа со отпуштањето на Мекеј, Норич толку им беше силата, купија и некакви фејлови кои им ја запечатија судбината, Фулам после деценија и пол испаѓа за жал
, Сандерленд со неверојатна серија во последните неколку кола се спаси, останатите во рамките на очекуваното.
Лестер Сити и Барнли се нови лигаши, третиот ќе го дознаеме наскоро.
Болдираните делови се најголемите бисери кои сум ги напишал