Сакам да кажам/Сакам да прашам

"zoki"

Нов член
5 мај 2014
11
7
3
36
sk
треба да пушти известување на банка за подмирен долог за тужена тековна сметка од банка му звонат не се јавува татко ми го бара во канцеларија неколку пати него го нема слушнав го избркале од работа да не спомнувам име по форуми
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Каква и да е ова е наша држава, и каков и да е ова е наш град. Скопје. Мој град.
И се додека ние не го сакаме зошто да очекуваме другите да го сакаат?
И зошто да очекуваме некој друг да му се воодушевува ако ние не му се воодушевуваме.
Може и немаше да е накитен како елка со споменицине ако му се воодушевувавме и претходно, онаков каков што беше.
Туку не. И тогаш не чинеш и сега не чини.

Добро ве најдов црнобели. Топли прегратки до вас :*
Што има ново? :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991, JaMi and melpomena

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Најмногу од се мразам испраќање на некој свој,ги мразам разделбите.Пуста туѓина никој не ја сака-но за тие пусти пари се оди,за тие кои играат голема улога и се битен фактор во се.(за жал) Е баш заради таа гнаса,колку семејства се одвоени по неколку месеци,години,децении.... само за подобро утре...
 

RoxieHeart

Староседелец
6 мај 2014
60
58
1,018
Inside your darkest fantasies.
Го разгледувам форумов и не дојдов до конкретен заклучок, некое дефинирано мислење. Се надевам ќе се снајдам во овој организиран хаос.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Од бесконечност до бесконечност колку треба да си идиот за да правиш улични санации кај „Рекорд“ за време на најголемиот zeitnot?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Coci8

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ми се бега далеку од балканскиов менталитет. (worried)
Некаде каде соседите си организираат скара во двор без Цеца и Аца да трештат од звучници во два попладне, каде не ти ѕиркаат во кесата преку шпиунките на врата и социјализацијата не е непознат поим. Да ти е страв да почнеш муабет зашто:
а) Ненормален си штом прозборуваш на некого што не го познаваш
б) Манијак си
в) Сигурно бараш услуга/гледаш корист
Сакам мало, убаво и средено куќиче со голем двор, од каде на велосипед би си одела до буката, центарот и градските гужви.
Нема да е перфектно ко што замислувам, но нема ни да е очајно ко што гледам секојдневно.

Назад во реалноста, електронската здравствена картичка за која поднесов барање во октомври, месецов го сменила статусот во „ставена на персонализација“. Напредуваме. (party)