Каде е погребан Александар III Македонски?

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
1.Пустиот А.Велики, да знаеше дека ќе го бараат по цел свет ќе направеше тестамент :zelen

2.Од друга страна, барањето на гробот во Овче Поле е само политичко-домољубна операција со цел да се одржи националистичкиот набој кај робовите.
Not sure (ping @Saladin ) 3. ама мислам дека во кралството на Филип цвај не била вклучена денешната територија на РМ освен нешто околу крајниот југ. Што ги прави трагачите по историски `континуитети` смешни.
4. А.Велики поминал голем пат, видел и освоил огромни светски центри, 5.основал некои градови меѓу кои и Вавилон, нешто како денешен Лондон]:)......6.но решил да биде закопан во пустелија во Овче Поле?! Seems very legit.
Ево мене...
1. Остајл тој тестамент, во книгите на Ден Браун, Ниче Димовски како себепрокламираните археолози кои го дешифрираа каменот од розета, тврдејќи дека е пишан со некој неразбирлив маЌедонски фонт кој предничел на еленскиот (ан)алфабет.
2. Како бре тоа викаш националистички набој? Национализам во антика бараш? :D
3. Не да не била, ама апла не била. Треба да се разграничи кралство од империја, сојузништво со други кралства (оние на север - Пеонците) како и “освојување“ на истите од страна на маЌедонските велможи.
4. Освоил но дали по неговата смрт тоа се задржало?
5. Основал мнооогу Александрии од кои една единствена останала. Праел „децентрализација на касите - го опљачкал Персепол за да основа 3 Александрии. Вавилон бил основан уште од диносауруска Македонија во времето на Јура (оттаму и Јуриј Гагарин денешен кој бил маЌедонец :D)
6. Е сеа околу ова (чеј да се претворам у озбилен).. дека се имало обичај да ги погребаат сите кралеви пред Филип Други во месноста каде било потеклото на маЌедонштината, било право. Исто као и Џингис Кан. Ама па од друга страна Овчеполието е Пајонски реон на владавина така да ако се придржувале 100% кон традициите, веродостојноста дека Цане наш го паркирале во Овче поле е еквивалент на оној на Вавилон/Египет/Индија.

Сеа неколку факти:
1. Многу лошо е протолкувана историјата дека ПЕрсијанците биле најголемите тирани во времето на Цане, затоа што неколку векови пред нив ги имаме Асирците кои маме ебавале од пљачки и разурнувања на градови, така да Персија и не е толку лоша, но земено дека поголемите изучувања се базираат на Еленски писанија (а знаеме дека Персија била во целовечна војна со грчките полиси (Град-држави), што ќе речи од субјективизам не се гине.
2. Во персиското доба (500-400BC) Македонските кралевства најчесто биле нивни сојузници. Значи Грчкиве полиси како успеале да им исперат памет на Македонскиве кралеви за да ги свртат против другиве, алал им вера.
3. Во време на Хеленизмот (иако јас би го нарекол Александризам - по освојувањата на Цане наш) бариерите на културолошкиот развиток биле кренати, не се случило некое препородување на заробените земји. Пошо Персија била освоена под капата на една „про-западнокултуролошка“ земја, сеа не постоеле т.н. бариери за да се мешаат неколку културни стилови, создавајќи некои „мелези“. Оттука имаме грчки стилови во столбовите на египетските храмови, како и доста ориентални црти во грчките. Рецимо Коринтскиот стил станал распространет под утицај на тоа што „хеленизмот“ го проповадувал. Но дека се случил некаков препород на квалитетен стандард, чисто сумњам. Само градбите и уметноста изгледале малку поразлични.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Тоа е интересно, оваа територија не била во маќедонското кралство на Филип и неговите претци, можеби била во време на А. но тоа некако не дава простор за историски континуитети, бидејќи биле и делови од денешен Афганистан делови од империјата, што значи ако Овче Поле се смета за дел од историски континуитет тогаш би требало и Кандахар. А можеби и Дамаск. Секако, ако се проголта самата теза за `историски континуитет` што не е лесно...

Гагарин навистина бил маќедонче. :cool:
http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2721&stID=52069
Навистина овој не летал во орбита туку бил пироман=серијаш but let not split hairs now... го имав постирано во друга тема ама ми остана во умот бизарното име и презиме на манијакот :unsure

Вернер фон Браун исто така бил наш чоек. Неговата фамилија потекнувала од Дебарца.

Како што може да се заклучи, се` што е потребно е да се има гугл-земја или гугл мапс и така да се наоѓаат гробови на историски славни особи.
Крајно време е да исталирам гугл-земја и да почнам да барам невообичаени рељефни линии на антарктик, можеби ќе го откријам четвртиот рајх некаде... само нема да најдам доволно забегана власт да финансира експедиција :(
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Кажете ми дека Канал 5 не беа озбилни со брејкинг њуз лентана прееска... (shake)
Сега сѐ има смисла - не знам зошто лажат дека Вергина е сонце или ѕвезда, кога е очигледно дека е овчеполски сончогледов цвет опколен/заштитен со копја. Потоа, во времето на Ацо, од јачменот овчеполски му правеле пиво (денес познато како Крали Марко, нали, за сила и храброст) и така силен го освојувал светот и не гледал кај мава. :D
Не знам, незгодно ми падна, па сменив канал и не знам што збореле, а не можам ни на нет да најдам нешто ново, може се премислиле...

Не дека очекувам да излезе нешто леџит, ама од што не ми се учи, ми падна интересно да барам од кај потекнува шпекулацијата токму за ова место.
Касиопеа е соѕвездие во форма на буквата W кое кружи околу Поларис т.е. Северница по нашки, и околу роденденот на Ацо се поклопувало со „огледалната“/flip положба на геоглифот. Земав дури и сликовито да ги споредам.
Fotor060205830.jpg
Mildly interesting, али како ја докопале оваа поврзаност, еј. :D

На сајтот на Свети Николе, нешто поочајна верзија околу поврзаноста на соѕвездието со геоглифот - Касиопеа била македонска кралица. (facepalm)
Небитен лик од грчка митологија го направиле македонска кралица и со тоа алтомацки и Ацо е Македонец и закопан таму.
Они нас...peasants. :cool:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and existence

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Кој знае дали е дефинитивно одредена точната локација , некој вика на едно место други на друго трети лево десно и на крај нема точна локација ...
Па Паско Кузман Човекот со 6 саати на рака ја раскопа цела Македонија и пак ништо не најде ...
Да се надеваме дека во брзо време ќе имаме ,а може и веќе имаме точна локација ?! :cool: