Драго дневниче... да се излигавам еднаш пошто некако ми газат на емоциите...
Минатото нема цена, а нема ни вредност... како с`узме!
Како може кога ќе се ископа едно глупаво копје со кое се убивало да му се даде некава вредност, а старото Рено на другар ми само така да биде заборавено заради што кутриот нема пари?... а толку сака да го оживее...
Двете влегле во минатото... И сега глупавото копје да биде дел од некој музеј само затоа што влегува во контекстот на некаква си светска историја...не е фер!
На се околу нас се посветени еден мал милион моменти за да биде такво како што е... Вниманието на другар ми да направи нешто од ништо е поневредно од мебелот во потопениот глуп брод? - Се сомневам... тешко дека тие глупости се правени со толкава љубов... Плус тоа, кому ќе значат тие ствари кога тие луѓе одамна заминале....
Со години се инвестира тешки милиони за да се вадат глупави безвредни предмети на мртвите сопственици на титаник, пошто тоа е светска историја, а по нашето (пошто сме обични смртници) може да гази кој како стигне, нели?
Но, сепак реното негово е безвредно...ние сме безвредни... Во очите на светот....
Приказната на изгубениот авион заслужува да биде светска тема на муабет, нели!? Не верувам дека тоа е заради жртвите, туку заради фамата која е направена... комерцијала!
За секого постои негов мал бесценет свет, никој не смее против него! И сега, кога некој може да стапи во брак со берлинскиот ѕид, ако на технички ми речат дека сум лудак што и годинава пробувам да си ја регистрирам колата стара 40 години - ќе му го скинам г`**т!
озбилен сум...