Отвори ја прикачената датотека 20311
Која статистика еј. Не бев во можност да ја гледам, ама претпоставувам дека Мурињо пак ги носел фудбалерите на екскурзија. 19 - 7 удари кон голот, 73-27 посед на топка, 14-3 корнери... Нека го чуваат пак Стариџ.
Џерард припадна при првиот гол а беше последен играч назад и Ба си даде гол, вториот Торес (!) и Вилиан излегоа сами пред гол............на 80 метра од голот на Мињоле и си дотрчаа до шестаесетник, Торес асистираше и Вилиан само ја турна во празна мрежа.
Инаку класика од Мурињо да се скрати стварање шанси и да се чека прилика, Ливерпул кружеше околу 16 јалово, Суарез изгубен некаде, дајвна 2-3 пати ама надвор од 16... не досуди чист пенал за Челзи во прво и наместо 3 го продолжи првото полувреме 6 минути ама џабе и судија...