Братче, ако не го залечиш со време, ќе ти премине во голем проблем. Глава болење ненормално, мирисање неискоренливо што цел овреме ќе наголемува и сл. Не е играчка.
Чистењето нема да пресечи наеднаш... гледај, долго време треба да се лечи за да потрае. Лечи се активно. Топли го челото и јаболчниците, ако можеш појди и на перење, плакни го носот со солени капки...
Другар мој имаше скапан заб внатрешно загноен и му ги активираше синусите. Тек по 2 години разбра што е работата и сега ете се правеше операција, се вадеше заб, се чистеа канали.. абе ужас. Внимавај и на тоа, прашај и друг забар... снимај ги синусите.
Пробај прво со топлење на местата што ти посочив и турање солени капки. Ќе осетиш подобрување секако. Пополека ќе исчезни прво жолтата плунка, па потоа и мирисот.
Без гајле да си бидиш, многу луѓе има со овај проблем, не е ништо страшно.
Избегавај ги мастиките, не го земаат мирисот, туку само ги собираат сите бактерии и ги преживаш... тој совет го добив од компетентна личност за тоа...
Пиши што бива, ќе бидеме во тек...