Ти типче имаш проблем со синусите според тоа што го кажа... И јас имав.
Жолта лигава плунка, лош здив наутро како умрени глувци в уста да имаш, гадење повеќе од лошиот здив и плунката него ли од желудник.
И тоа особено изразено на нагли заладувања. не носиш капа во зимо, а? Немој повќесо водена коса надвор да си излегол...
Мастики - јок! Тие се магнет за сите бактерии во устата и само ги преживаш. Мислам ,избегавај колку можиш додека не ја залиечиш работата. И јас поминав низ истото.
Летово ќе ти се потсреди, сончање ова-она, но сепак внимавај и заштитувај се.
Пробај прво вака, ништо не кошта и ништо не ризикуваш. Купи солени капки (физолошки раствор) има и од 15 денари па се до 70 денари - нема разлика.
Силно плакнење на носот... по 5-6 капки во една ноздра, убаво да продре, па потоа дувај... повторувај го ова чудо по 2-3 пати на ден. Ќе осетиш како полека ти се подобрува здивот и плунката. Топли се на челото и на јабочињата на образите со згреана сол во крпа или ѓерамитка... и таму има синуси, не само во челото.
Мал си уште, ама за некоја година ќе почне да боли глава силно ако не се пазиш.
Сепак, кога ќе имаш прилика појди и до некоја ординација за уво-грло-нос. Има приватни, многу професионални... ќе те снимат, ќе ти ги исперат синусите и готово...
Да ми веруваш на зборов...
п.с. Нема врска алкохолот со ова..