Лош здив, гадење

rm37713w

Староседелец
6 април 2014
12
6
1,003
25
Здраво, имам 15 години.
Секое утро имам суво грло и густа плунка која има жолта боја.
Преку деновите секогаш е различно ама осеќам многу лош мирис во устата, можеби е смешно ама мириса на куче не бањато буквално... Што се случува немам појма. Немам проблеми со забите..
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Лошиот здив не секогаш значи проблеми со забите.
Големо влијание има храната која се јаде, односно и покрај четкањето на забите, храната се вари, а испарливите супстанции и хемикалии преку крвотокот стигнуваат до белите дробови па се издишуваат. Може да станува збор и за некој проблем со желудочната киселина,бактерија во желудник, па лошиот здив да потекнува од желудникот, пушење, алкохол исто така.
Сепак разговарај со својот стоматолог, ако не и општиот лекар, а дотогаш секогаш имај си со себе гуми за џвакање, бонбони и сл.
 
Последна промена:

rm37713w

Староседелец
6 април 2014
12
6
1,003
25
Практикувам секогаш да имам гуми за џвакање и ред други стимуланси да ги наречам.. Иначу не сум пушач, ниту алкохоличар скраја да е. Алкохол конзумирам еднаш месечно во многуу многу мали количини. Имам приметено дека некои вечери имам кркорење во стомакот иако не сум гладен..
 

efederer

Админ
Член на администрација
2 октомври 2011
156
256
1,063
Според симптомиве, голема е веројатноста да имаш хеликобактерија во желудникот. Направи испитување на крвта, со назнака да ти испитаат хелико. Треба веднаш да почнеш со терапија и да внимаваш на исхрана.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Lena

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Практикувам секогаш да имам гуми за џвакање и ред други стимуланси да ги наречам.. Иначу не сум пушач, ниту алкохоличар скраја да е. Алкохол конзумирам еднаш месечно во многуу многу мали количини. Имам приметено дека некои вечери имам кркорење во стомакот иако не сум гладен..
Премногу си млад за било каква болест (освен расипан заб или воспалено грло),се уште здивот ти мириса на мајчино млеко а ова дека еднаш месечно пиеш алкохол мислам дека измислуваш .Подобро ти е да те однесат твоите на педијатар а не тука да прашуваш глупости.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
....а не тука да прашуваш глупости.
Зошто глупости? Можеби некој го доживеал истово, ќе ги препознае симптомите па ќе му даде совет, ќе му каже нешто плус, нешто што нему му помогнало а може не било препорачано од лекар, ќе го запознае подобро со проблемот...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Зошто глупости? Можеби некој го доживеал истово, ќе ги препознае симптомите па ќе му даде совет, ќе му каже нешто плус, нешто што нему му помогнало а може не било препорачано од лекар, ќе го запознае подобро со проблемот...
Јас се извинувам ,незнаев дека овде и лекари ке изигравате.Прво треба на лекар да оди а потоа да бара совети ако не му помогнало таму.Ме налути со тоа што напиша дека пие алкохол еднаш месечно,уствари ме нервираат измислици.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Смени го пивото, она шо се прави во Прилеп мириса на турски дезодоранс а она шо се правеше во битола имаше дискретна арома на мртовечница.
Сепак продуктите на скопска пивара се нешто подобри од горенаведените ужаси а ако имаш нешто поситуирани родители гледај нешто увозно ова она...
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Само една работа не кажа, дали миеш редовно заби?

Можеби не ти годат млечни производи, односно имаш lactose intolerance (не знам како се вика на македонски). Едниот симптом е кркорење во стомакот, а не сум сигурна за лош здив.

Јас се извинувам ,незнаев дека овде и лекари ке изигравате.Прво треба на лекар да оди а потоа да бара совети ако не му помогнало таму.Ме налути со тоа што напиша дека пие алкохол еднаш месечно,уствари ме нервираат измислици.

Можеби имаме лекар помеѓу членовите, кој знае. Плус, од каде знаеш дали лаже? Не сите пијат алкохол.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: efederer and JaMi