Култот кон постарите

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Не е срамота воопшто.
Благодарни за што, конкретно ако може, кои се вредностите (освен нели, физичкото зачнување за кое требало да потомството да е благодарно):)
Луѓе, живееме во смрдена припиздина, дно на Европа од која е иселена 1/5 од популација, со полуписмено, корумпирано, суеверно население без никаква социјална свест и без иднина. Ја продадоа иднината `мудрите` генерации за 200 евра месечно и сендвич на митинг. Just sayin`...
Политичката страна не ми беше опфатена,овде фала богу,барем само овде не се зборува околу тоа.
Затоа и двои порталчево од другите.
Не земај ги,односно не ги земам во предвид така оние одредени поединци,не заборавај и твоите предци се дел од постарите(нема да ги наречам онака како што ти глобално ги нарекуваш сите).Ич нејкам ставање во исти кош на било каква популација(машка.женска,старо,младо....и наводно сите се исти)
Мегу оние што не продале има и од оние кои не создале и во тој поглед,не само од физичкото зачнување.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

За економијата станува збор иако таа е целосно партизирана, благодарејќи на `мудроста` на минатите генерации.
И не само тоа туку секој аспект на живеење, не е нужно само економско прашање. Колку треба да е нешто фејл за да постои егзодус, во случајот `вредностите` пренесени на новите генерации. И тоа во услови на визно гето, некаде до 2011 кога укинаа визи. Раја не бира начини да избега. Замисли да имаше слободно безвизно движење уште од деведесетите. Сега МК ќе имаше пола милион жители со просечна старост 70 години:rofl
И моите претци (еден бил жесток сталинист своевремено и тежок човек:D) и сечии претци ја носат одговорноста.
Исто како и што ние ќе ја носиме кога некоја идна генерација ќе страда.

Генерализацијата сама се наметнува со поглед на актуелните состојби. Не е тоа напад врз конкретни поединци, баби, дедовци на форумџии (аман) кон кои истите се приврзани и не им е мила една ваква генерализација. Муабетот е за вредностите кои генерациски се пренесуваат и дали/колку вредат.
What`s more, ако се оди наназад со векови - ова било клето место за живеење, никогаш за сантиметар подалеку од гола борба за егзистенција и опстанок. Трај синко, наведната глава лета и не се јаде. Освен можеби неколку години во екс-југа ама и тоа не потрајало, очигледно.
Not sure дали не треба да се раскрсти со тие вредности еднаш засекогаш (ако веќе и не е предоцна).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Остај ги бенефициите од ЈСП и сличните ствари. Од '80-та па навака баш тие генерации живеат во мрак, едни живеат во заблуда дека ќе им се врати Југославија и живеат со желба дека од небо ќе им паднат истите оние привилегии кои ги имале со Југословенски пасош, други пак дека ќе живеат ко прави капиталисти.
Истата таа генерација која сега јаде пензија беше доволно слепа за да увиде кон што води тогашната ако може да се нарече транзиција, половината живеејќи со сонот дека ќе им се врати Југославија (пошто тогаш им било убаво), а половината пак освртени од капиталистичката пропаганда дека сега ќе имаат нешто свое (кое ни денес со она што е 1евро-квадрат не е дефинитивно усвоен поседот) и ќе може да си направат свој бизнис. И двете половини заслепени дозволија и сеуште дозволуваат да се случи она што се случи и што се случува.
Од истата таа генерација ќе слушнеш муабети за тоа колку лабаво си работеле по фабриките и колку им било убаво по цел ден дур се на работа да играат карти и да пијат пиво, колку не им било гајле за сопственото образование (и уште не им е гајле на повеќето) и сл. муабети. Доволно ми е за да ги обвинувам за моменталната ситуација.

Друга работа е она со „културното однесување“, демек на постар мораш да отстапиш место. Пред некоја година читав, во Данска баба тужела младич затоа што ѝ отстапил место во автобус и со тоа ја посрамотил пред сите дека е неспособна. За разлика од таму, кај нас на 45 години сметаат дека ти мораш да им отстапиш место или да ги пуштиш преку ред во маркет, банка, пошта и сл. инаку си „некултурен дечко без никакво домашно васпитање“. Ајде бе, да не треба и кесите после да им ги носиш до дома и пред врата да им ги одврзиш обувките пошто они се стари и не можат да се наведнат? Па дури и ако се враќаш од пазар и видиш од комшиите некој постар да се враќа, некултурно било да не му помогнеш. Бреј мајката. Што друго е некултурно?
Она што најмногу ме нервира кај повеќето од таа генерација е што си умислиле дека истата таа генерација има постигнато многу, а младиве се неспособна раја и немаат направено никаков напредок (дури не се ни способни за напредок) и дури со потценување гледаат на младината па дури и до тој степен што тие не ги признавале денешните факултети (настрана фактот што пола и повеќе барем еднаш повторувале до средно).

Суштината со отстапување место или носење кеси (или што и да ти падне на памет) не е во тоа колку ке бидеш и дали си културен... туку во хуманоста и пред се да се биде човек, да помогнеш на тие што им треба помош, а не да ги газиш, да му подадеш рака на тој што не може да стане, а не да му ја скршиш и другата...лесно е да прегазиш повреден човек, верувај уште полесно е да му се помогне, само треба да се има грижа на совест, значи да си човек... слогата и едниството го прават животот и земјата подобро место, затоа твоите постари генерации толку многу ги слушаш Југославија па Југославија, дека тоа го имале пред се, а не дека биле богати...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
За економијата станува збор иако таа е целосно партизирана, благодарејќи на `мудроста` на минатите генерации.
И не само тоа туку секој аспект на живеење, не е нужно само економско прашање. Колку треба да е нешто фејл за да постои егзодус, во случајот `вредностите` пренесени на новите генерации. И тоа во услови на визно гето, некаде до 2011 кога укинаа визи. Раја не бира начини да избега. Замисли да имаше слободно безвизно движење уште од деведесетите. Сега МК ќе имаше пола милион жители со просечна старост 70 години:rofl
И моите претци (еден бил жесток сталинист своевремено и тежок човек:D) и сечии претци ја носат одговорноста.
Исто како и што ние ќе ја носиме кога некоја идна генерација ќе страда.

Генерализацијата сама се наметнува со поглед на актуелните состојби. Не е тоа напад врз конкретни поединци, баби, дедовци на форумџии (аман) кон кои истите се приврзани и не им е мила една ваква генерализација. Муабетот е за вредностите кои генерациски се пренесуваат и дали/колку вредат.
What`s more, ако се оди наназад со векови - ова било клето место за живеење, никогаш за сантиметар подалеку од гола борба за егзистенција и опстанок. Трај синко, наведната глава лета и не се јаде. Освен можеби неколку години во екс-југа ама и тоа не потрајало, очигледно.
Not sure дали не треба да се раскрсти со тие вредности еднаш засекогаш (ако веќе и не е предоцна).
И за ова целата вина им ја префрлаш на постарите генерации?
Ете сега се има плодно тло за дигање револуција, тогаш зошто ја нема?
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
И за ова целата вина им ја префрлаш на постарите генерации?
Ете сега се има плодно тло за дигање револуција, тогаш зошто ја нема?

Затоа што социјалната свест е копи-пејстирана од постарите кон помладите, немој синко не си ја ставај главата в торба, молчи си, најди си државна работичка... од страна на генерацијата која `го видела светот`, ако светот го разбереме како поле за шверц на фармерки од Трст и Солун или како касарна во Приштина...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue and existence

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Затоа што социјалната свест е копи-пејстирана од постарите кон помладите, немој синко не си ја ставај главата в торба, молчи си, најди си државна работичка... од страна на генерацијата која `го видела светот`, ако светот го разбереме како поле за шверц на фармерки од Трст и Солун или како касарна во Приштина...
Тогаш ете ти, јас, егзистенс како и повеќето тука што сме не го промениме тој тек или поточно речено традиција, со тоа што би ги воспитале нашите потомци различно?
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Тогаш ете ти, јас, егзистенс како и повеќето тука што сме не го промениме тој тек или поточно речено традиција, со тоа што би ги воспитале нашите потомци различно?
Земи едно шише со мастило, појди на средината на Охридското езеро и истури го цело мастило. Одвеслај некаде и пробај да најдеш траги од мастилото.

You got the point.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Outrider

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Мене ми е јасно.. Но еве ти и јас и Аутрајдер сме свесни... Зошто ете не се обидеме да смениме нешто?
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Te водам кон поента.

Најди го мастилото.
Што е тоа што тројца можат да променат? Ќе кренеш револуција? Како? Со протести?
- ќе те осудат дека си партиско војниче (што има врска што би носел банери дека си надвор од партија?)
- ќе те прикажат како вандал
- сигурно никој од оние кои ја водат државата нема да каже „Еј види, тројца протестираат. Ај да ја направиме државава прекрасна.“
- ќе ти излезат на контрапротести вистинските партиски војничиња кои што ќе ги стројат од партија уценувајќи ги со работни места, места за спиење во студентски домови, blah blah blah blah... got the point
- многуверојатно ќе завршиш со некоја кривична

Хипотетички ти успеваат некако протестите, успеваат полека да се развиваат. На некој од големите моќници не му одговара тоа (најверојатно на сите не им одговара тоа).
- ќе ти пукне гума среде пат и твоето тело ќе удри во штрк кој од брзината ќе ти го разнесе мозокот
- ќе се задавиш од сопствената плунка
- дома ќе ти падне граната од небото (божји знак)
- blah-di-blah-di-blah you got the point.

Ќе ја учиш младината дека не е убаво тоа што го прават? Осмели се, пробај.
 
Последна промена:

Не е до тројцата... Ете читам бројката е доста поголема. Повеќе луѓе ги кривите старците ко да се едини кои направиле геноцид, воен криминал, егзодус. Ете пошто гледам дека младиве (вклучувајќи ме и мене :зелен: ) сме изреволтирани кон односот на постарите кон нас, зошто ете не пробаме ние да бидеме поинакви од нив? Тоа е мислам едниственото орудие со кое сигурно можеме да тепаме. Вака да обвинуваме една цела старосна група за нешто што не е единствен партиципиент - чак што више си ја сечеме гранката на која седиме. За тоа време, било која моментална власт ќе си го фаќа сеирот и ќе го држи вечниот огин на раздорот да тлее.
 
Последна промена: