Во нашево општество но и општо на Балканот е присутен култ на почитување на постарите лица. Можеби денес помалку од порано, барем судејќи према муабетите на постари лица кои се жалат дека не останало веќе почитување на старците, младите биле некултурни, злобни и не знаеле што е ред.
Верувам дека секоја генерација до сега од времето на дедо Ное па и порано од Анунаките до денес се жалела дека наредните генерации се `никакви` и дека во `нивно време` имало ред и поредок.
Постои цел арсенал од поговорки и изреки за наводната мудрост на старите, тоа е опеано во народната песна и приказна, митовите и легендите се полни со `старечки` квалитети. Тинејџерството па и детството како поими се релативно од поново време, со оглед на поместувањето на возрасните граници во однос на минатото. Како што и `староста` веќе не започнува на 40 како некогаш (за жените и нешто порано) туку многу покасно.
Постои и контратежа на овој култ а тоа е култот кон младите/децата, но тоа е веќе друга тема.
Кои се тие квалитети кои се вредни за почит?
Дали и зошто би требало старите лица да се привилегирани во однос на другите?
Можеби постарите лица се сметаат за `чувари` на традициите?
Шо мислите вие за ова?