Бесплатен градски превоз за пензионери

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Образованието (факултетите)не само во Мк.е поврзано со приватно финансирање.

Он.Пенионерите според мене,уживаат посебни права за кои би рекла се заслужени.Постоеле времиња каде и тие работеле,а државата одбивала доволно даноци од кои профитирала,па барем на стари години е потполно во ред,бесплатно да се возат.

Во случај да работеле во ЈСП или некој друг автопревоз можеби, би имало логика, инаку со што заслужил рандом пензионер дополнителни права е нејасно... за тоа што работеле земаат пензија, а пензиите во однос на платите во РМ се бизарно рамноправни.
Можеби треба да им се оддаде признание што `создадоа` ваква неверојатна, храбра, писмена, креативна и чесна млада генерација која не знае што е војна, што е економска криза, инфлации, корупција, непотизам, лижење чмар за 200 евра месечно, визно гето...
Исто така културата и бон-тонот кој еманира од припадниците на пензионерската генерација е уште една во низата успеси кои мора а богами и треба да бидат наградени.(smoke)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата

Колку што ми е познато,позади бесплатниот превоз на пензионерите стои СДСМ и ова право е усвоено во корист на изборите кои следеле.
Сега прашањето е дали пензионерите го заслужуваат тоа?
Не сум баш известена колку им се големи пензиите,но чинам некаде околу 100€ месечно.
Мизерна пензија од која воопшто не може да се живее,а камоли преживее.
И воопшто не можам да го разберам револтот спрема пензионерите.
Постои едно зборче кое се вика солидарност,и мислам дека сите би требало да се засегнат/заинтересираат за подобрување на стандардот и квалитетот на животот на пензионерите.
Во ниедна држава сениорите не се така запоставени како во Мк.
И ако се тоа стари луѓе не значи дека треба да се патат и да седат во маало на клупа или пак само во на своите дворови/балкони.
 
Последна промена:

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
ПЕНЗИОНЕРИТЕ СЕ САМО СТАРИ ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА КОИ ВЕКЕ ГО ПОТРОШИЛЕ СВОЈОТ ЖИВОТСО РАЗНИ МАКИ И ПРОБЛЕМИ!ОСТАВЕТЕ ГИ ДА ОДАТ МИРНО БИДЕЈКИ САМО НА ЛЕКАР И КОГА ГИ ШЕТААТ ВНУЦИТЕ НА ВОДНО КОРИСТАТ АВТОБУС.ПЕНЗИИТЕ НЕ ИМ СЕ ГОЛЕМИ А И ОД ТАА ПЕНЗИЈА ПОМАГА НА МЛАДИТЕ.МНОГУ УМНИ ЛУГЕ ИМА МЕЃУ НИВ(ДОКТОРИ,НАУЧНИЦИ ИДР.)И ОСТАВИЛЕ ПЕЧАТ ПОЗАДИ НИВ ЗА МНОГУ ГЕНЕРАЦИИ! ШТО КЕ ОСТАВИТЕ САМО ВИЕ НЕЗНАМ ЗА ВАШИТЕ ДЕЦА СО ВАКВО ОДНЕСУВАЊЕ И СЕБИЧНО РАЗМИСЛУВАЊЕ!?
 
Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Колку што ми е познато,позади бесплатниот превоз на пензионерите стои СДСМ и ова право е усвоено 2011 во корист на изборите кои следеле.
Сега прашањето е дали пензионерите го заслужуваат тоа?
Не сум баш известена колку им се големи пензиите,но чинам некаде околу 100€ месечно.
Мизерна пензија од која воопшто не може да се живее,а камоли преживее.
И воопшто не можам да го разберам револтот спрема пензионерите.
Постои едно зборче кое се вика солидарност,и мислам дека сите би требало да се засегнат/заинтересираат за подобрување на стандардот и квалитетот на животот на пензионерите.
Во ниедна држава сениорите не се така запоставени како во Мк.
И ако се тоа стари луѓе не значи дека треба да се патат и да седат во маало на клупа или пак само во на своите дворови/балкони.

Мислам дека никој не е изреволтиран до тој степен поради што е бесплатниот превоз отколку фактот што се занемаруваат други групи на население. А какви бенефиции имаат студентите на пример? Особено тие што се дојдени од другите градови во Скопје ( што не значи дека е различно за тие што живеат во Скопје или за факулетите по другите градови). Јас за нив знам за нив ќе дискутирам. Давачките за школување се особено скапи. Не спаѓа тука само школарината.. каде се пријавување на колоквиуми/испити.. На некои факултети има исклучително високи давачки за шифрарници,книжен фонд спортски активности кои фиктивно егзистираат. Покрај тоа каде се давачките за сместување, храна.. Не велам за расфрлање туку за живеење на скромен студентски живот. Нели треба да го спонзорира некој од дома т.е нивните? А каде се регуларните давачки за живот што треба да ги подмируваат домашните а покрај тоа да одделуваат за нивните деца да се школуваат? Дали и покрај константното зголемување на индексите на цените на мало и нерационалното инвестирање на позајмените средства од странство не предизвикува влошување на личните финансии и се потешко управување со истите? Покрај тоа, нималку наивно, но сето тоа што се олеснува за едни - друга група на граѓани го надополнува. Особено е битен тој факт за нација чие население старее. Нормално дека токму нивните родители и тие кога ќе се вработат ќе исплаќаат за тие олеснувања кои ќе стануваат се потешки за исплаќање. Сето тоа предизвикува големи шокови и раслојувања во социјалната структура. Зошто не се инвестира во поефтинување на здравството за сите наместо бесплатен превоз? Ниту сакам да дискутирам политика, политички партии и стратегии но факт е дека сме сведоци на нерационално распределување на средствата. Зошто за студентите нема бесплатен превоз? Дали студентите го заслужуваат тоа? Зарем нема да се тие оние кои утре ден кога ќе се вработат ќе го отплаќаат она од ,,троши денес исплати со камата утре"?
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Колку што ми е познато,позади бесплатниот превоз на пензионерите стои СДСМ и ова право е усвоено во корист на изборите кои следеле.
Сега прашањето е дали пензионерите го заслужуваат тоа?
Не сум баш известена колку им се големи пензиите,но чинам некаде околу 100€ месечно.
Мизерна пензија од која воопшто не може да се живее,а камоли преживее.
И воопшто не можам да го разберам револтот спрема пензионерите.
Постои едно зборче кое се вика солидарност,и мислам дека сите би требало да се засегнат/заинтересираат за подобрување на стандардот и квалитетот на животот на пензионерите.
Во ниедна држава сениорите не се така запоставени како во Мк.
И ако се тоа стари луѓе не значи дека треба да се патат и да седат во маало на клупа или пак само во на своите дворови/балкони.

Просечна пензија е околу 200 евра, горе долу еднаква со реалната просечна плата. Повисока од платата во `економските зони` каде млада и не толку млада раја треба да заработува за живот. Екс цајкани, бирократи и слични форми на живот земаат и 300-400+ евра пензии.
Секако пензиите се дно во Европа, но такви се и платите. А стандардот е таков по заслуга и на денешните пензионери. Сегашноста која ја оставиле денешните пензионери на сегашните вработени и млади е - никаква.
Живееме во болесна пародија на систем кој го изградија баш тие денешни пензионери.
Не гледам зошто би биле привилегирани во било кој поглед.

Интересен феномен е култот кон постарите, треба да отворам тема околу тоа :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and existence

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Колку што ми е познато,позади бесплатниот превоз на пензионерите стои СДСМ и ова право е усвоено во корист на изборите кои следеле.
Сега прашањето е дали пензионерите го заслужуваат тоа?
Не сум баш известена колку им се големи пензиите,но чинам некаде околу 100€ месечно.
Мизерна пензија од која воопшто не може да се живее,а камоли преживее.
И воопшто не можам да го разберам револтот спрема пензионерите.
Постои едно зборче кое се вика солидарност,и мислам дека сите би требало да се засегнат/заинтересираат за подобрување на стандардот и квалитетот на животот на пензионерите.
Во ниедна држава сениорите не се така запоставени како во Мк.
И ако се тоа стари луѓе не значи дека треба да се патат и да седат во маало на клупа или пак само во на своите дворови/балкони.

Иако е забранета политика на форумов, голема грешка си за партијата што ја наведуваш, моменталната власт ја донесе оваа одлука.
Пензионерите во овој момент се само обична алатка за друга цел. Како и да е, според мене треба или нека им биде преку цела недела бесплатно за да се намали гужвата во автобусите или нека нема воопшто. Висината на пензиите почнува од 6000 ден, ама има што добиваат пензија и по 12,000 и по 15,000 ден, што реално некои зимаат и помала плата од нив. Исто и од друга страна тука се и студентите кои повеќето едвај спојуваат крај со крај покрај сите давачки кои ги имаат во студирањето. Би било барем фер да се направи некаков баланс и за студентите, барем некаква олеснителна околност низ студирањето, со оглед на тоа што во идина плаќајќи даноци и придонеси ќе бидат дел од работоспособното население. Но, забораваме дека живееме во Македонија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and JaMi

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Мислам дека никој не е изреволтиран до тој степен поради што е бесплатниот превоз отколку фактот што се занемаруваат други групи на население. А какви бенефиции имаат студентите на пример? Особено тие што се дојдени од другите градови во Скопје ( што не значи дека е различно за тие што живеат во Скопје или за факулетите по другите градови). Јас за нив знам за нив ќе дискутирам. Давачките за школување се особено скапи. Не спаѓа тука само школарината.. каде се пријавување на колоквиуми/испити.. На некои факултети има исклучително високи давачки за шифрарници,книжен фонд спортски активности кои фиктивно егзистираат. Покрај тоа каде се давачките за сместување, храна.. Не велам за расфрлање туку за живеење на скромен студентски живот. Нели треба да го спонзорира некој од дома т.е нивните? А каде се регуларните давачки за живот што треба да ги подмируваат домашните а покрај тоа да одделуваат за нивните деца да се школуваат? Дали и покрај константното зголемување на индексите на цените на мало и нерационалното инвестирање на позајмените средства од странство не предизвикува влошување на личните финансии и се потешко управување со истите? Покрај тоа, нималку наивно, но сето тоа што се олеснува за едни - друга група на граѓани го надополнува. Особено е битен тој факт за нација чие население старее. Нормално дека токму нивните родители и тие кога ќе се вработат ќе исплаќаат за тие олеснувања кои ќе стануваат се потешки за исплаќање. Сето тоа предизвикува големи шокови и раслојувања во социјалната структура. Зошто не се инвестира во поефтинување на здравството за сите наместо бесплатен превоз? Ниту сакам да дискутирам политика, политички партии и стратегии но факт е дека сме сведоци на нерационално распределување на средствата. Зошто за студентите нема бесплатен превоз? Дали студентите го заслужуваат тоа? Зарем нема да се тие оние кои утре ден кога ќе се вработат ќе го отплаќаат она од ,,троши денес исплати со камата утре"?
Сето тоа е во ред,но зошто одма споредување?
Тие ги имаат бесплатните карти и ги користат максимално,супер за нив.
Студентите се способни и покрај студиите да најдат привремена работа(за викенд на пр.за да заработат нешто плус да би можеле да се финансираат),потоа родителите се тука да помогнат и на крај краева постојат точаци(мн.подобра алтернатива за превоз) :D
А примањата на пензионерите се тие,нема додадна помош.

Не ме сфаќајте погрешно,немам ништо против студентите да добијат бесплатен превоз,нормално дека би бил здрав баланс во кој секој по нешто ќе добие,но не гледам толку голема причина за такви реакции од ваша страна.Му доаѓа работава као:
Тој има јас не,е не може така.
Се бара некаква правда,а на сите им е јасно дека нема правда.
Барем некој нешто добил,да погледнеме на позитивната страна.
 
Последна промена:

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Сето тоа е во ред,но зошто одма споредување?
Тие ги имаат бесплатните карти и ги користат максимално,супер за нив.
Студентите се способни и покрај студиите да најдат привремена работа(за викенд на пр.за да заработат нешто плус да би можеле да се финансираат),потоа родителите се тука да помогнат и на крај краева постојат точаци(мн.подобра алтернатива) за превоз :D
А примањата на пензионерите се тие,нема додадна помош.
Кога Скопје ќе има патека за точаци можеби ќе функционира убаво. Дотогаш ок?позз! :zelen