Помагање во активностите за училиште/факултет

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Знаеш што е друг проблем, што тој што платил, во друштво ќе се пофали што направил, а друштвото на тоа гледа као „еј види мангуп паметен, како се снашол, ние будали сами пишувавме“.
кога ќе почне околината да осудува такви постапки како срамни и ниски, тогаш ќе се смени и однесувањето на паразитите.

Епа за жал,оние кои се на повисоки позиции во општеството се снашле и си платиле диплома и делат памет наоколу... незнам дали е нивна среќа или несреќа во случајов :unsure
 

SaltNPepa

Староседелец
19 август 2013
49
116
633
Знаеш што е друг проблем, што тој што платил, во друштво ќе се пофали што направил, а друштвото на тоа гледа као „еј види мангуп паметен, како се снашол, ние будали сами пишувавме“.
Кога ќе почне околината да осудува такви постапки како срамни и ниски, тогаш ќе се смени и однесувањето на паразитите.
Шефе, таквите далеку не стигнуваат..ќе ги буткаат мама и тато, ама и тоа има век. Кога-тогаш, ако не овде, квалитетот ќе исплива на виделина.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Никогаш не ми помагале и не ми се мешале. Мешањето беше само на два пати. Кога бирав училиште и факултет.
***
За пишување состави не ме биваше многу, ама за математика не ми ни требаше помош. 4 години одев на натпревари по математика (регионални). Не ме ни тераа да учам. Зашто знаеа дека никогаш не учев, и дека така функционирам од мал. Со тоа што ќе го разберев на училиште, можев да извадам оценка поголема од три.
***
Така да помош и укажување на грешки оправдувам, ама да земам да му цртам, решавам задачи, пишувам песнички.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Еве кај требало да пишам. :D
Мене детето да ми е таков инвалид да не може да се снајде за свое добро, ќе го откажам во Шпиц и тоа во криптирана форма.
Можам да му помогнам со материјали, да му разјаснам ако не сфатило нешто, ама за факултет мама да му наоѓа? Пу, пу, поарно нека не оди ако не знае да се снајде. Што знам, јас кај луѓе ценам знаење. Не треба да се движечки енциклопедии, ама да седнам да правам муабет со некој академски граѓанин што има речник на третоодделенец, ќе ме јаде туѓ срам искрено.
После имаме еднолични „размислувања“...па ќе имаме, кога не им се дава шанса на децата со своја глава да протолкуваат нешто, макар и погрешно, туку го застапуваат она што „најпаметниот“ т.е. најснаодливиот од баграта го кажал.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence and Y1K991

DJ Jocka

Нов член
26 март 2014
3
0
1
27
Дали некој има проектна задача за „Животот и обичаите во современиот/модерниот свет“??? и ако има дали има шанса да ја ставите овде итно ми треба!!! Фала
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Дали некој има проектна задача за „Животот и обичаите во современиот/модерниот свет“??? и ако има дали има шанса да ја ставите овде итно ми треба!!! Фала
Објасни ми ја темава не ја сфаќам и ќе ти напишам.
 

DJ Jocka

Нов член
26 март 2014
3
0
1
27
Објасни ми ја темава не ја сфаќам и ќе ти напишам.
Ваљда нешто за каков е животот и кои се обичаите.. Општо, али за македонија изгледа не сум сигурен.. Али тоа е за денеска.. како се живее и кои се обичаите
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Ваљда нешто за каков е животот и кои се обичаите.. Општо, али за македонија изгледа не сум сигурен.. Али тоа е за денеска.. како се живее и кои се обичаите
А ти кај живееш?
Мислам, во Македонија си?
Обичаи никакви не правиш за Коледе, Суроо, еве сега не се спремаш за уште едно празнување?
На 1ви Март што правеше?
Како се живее? Сплотени сме? Има разор помеѓу етничките групи?

- ете ти материјал за да си напишеш сам.
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
А ти кај живееш?
Мислам, во Македонија си?
Обичаи никакви не правиш за Коледе, Суроо, еве сега не се спремаш за уште едно празнување?
На 1ви Март што правеше?
Како се живее? Сплотени сме? Има разор помеѓу етничките групи?

- ете ти материјал за да си напишеш сам.
Oд Неготино е, значи од Македонија.