Помагање во активностите за училиште/факултет

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Има еден синдром кај речиси(*мала измена во воведот за да не ми замеруваат) сите ученици/студенти(од прво одделение до докторат). Тој синдром се вика „Желба За Некој Да Им Помага“.
Накратко... прваче, не знае да ја реши задачата, оди кај родителот да му помогне. Овој наместо да му покаже како да ја реши набрзина му ја решава и крај.
Прво составче за дома. Детето оди кај мајката, оваа му го пишува и детето си е слободно цел ден да си игра.
Писмена по историја. Другарчето што седи до детето научило се’, тоа фино лепо ќе си препише и ете ти петка.

- прашањето ми е. Колку мислите дека ова е всушност помагање?
Дали сметате дека ваквите случки влијаат врз децата?

Јас лично иако колку што можам помагам на децата сметам дека ваквиот начин на фукнционирање нема во себе ни „П“ од помагање. Затоа што на таков начин создаваме „лембет“ ученик што не е способен најлесната вежба да ја сработи сам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius and Хоуп*

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,409
1,133
www.crnobelo.com
Има разлика помеѓу помагање и да ја завршиш работата наместо него.
Треба да му го покажеш патот, а тој самиот да го изоди.

Е сега, од друга страна, пак, јас цел живот сум антиталент за цртање (ликовно) и цел живот некој друг ми цртал :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Марија

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Овој синдром ти го измисли сега, така? И баш сите ги опфаќа?
Секаде има исклучоци, ама претежно сите.
Еве пример: Лани направив од кичевската гимназија преку 40 проектни за матура а рачунај дека не сум единствен во Кичево што изработува семинарски за пари. Што значи добри 70% од учениците побарале помош.

Второ: на форумов гледам секој ден некој што бара помош за било што во врска со школото.

И трето... оваа појава секако ја има и е реалност. Не е ништо што јас сега од ракав го извадив.
Има разлика помеѓу помагање и да ја завршиш работата наместо него.
Треба да му го покажеш патот, а тој самиот да го изоди.

Е сега, од друга страна, пак, јас цел живот сум антиталент за цртање (ликовно) и цел живот некој друг ми цртал :D
Помагање:
„Еј ќе ми помогнеш. Утре имам домашна по Англиски треба да се напише есеј, јас не знам, ќе можеш ти?“ - ете зошто го крстив „Помагање“ :)
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Не е само за вежбата, се создава човек без идеи, без креативност, без свое гледиште...
Такво "помагање" по мене е една огромна грешка на еден родител. Ок е да помогне дел, да укаже на граматичка грешка или нешто слично, ама да му го напише цел расказ? Не оправдувам ни идеја да му даде за пишување.

Може и клучен дел е ова за развојот на детето, не само во овој аспект, него во секаков...
Утре не ќе знае да склопи две реченици пример кога ќе биде на интервју за работа, нема да знае женска да си фати без речникот на мама...

Грешка, огромна грешка!
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Секаде има исклучоци, ама претежно сите.
Еве пример: Лани направив од кичевската гимназија преку 40 проектни за матура а рачунај дека не сум единствен во Кичево што изработува семинарски за пари. Што значи добри 70% од учениците побарале помош.

Второ: на форумов гледам секој ден некој што бара помош за било што во врска со школото.

И трето... оваа појава секако ја има и е реалност. Не е ништо што јас сега од ракав го извадив.

Јас не велам дека нема такви. Ај прочитај си ги првите зборови. Ако ти си направил незнамтитамуколку проектни за матура, си напишал штотизнамколку писмени работи не значи дека сите се такви.
 

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,409
1,133
www.crnobelo.com
Секаде има исклучоци, ама претежно сите.
Помагање:
„Еј ќе ми помогнеш. Утре имам домашна по Англиски треба да се напише есеј, јас не знам, ќе можеш ти?“ - ете зошто го крстив „Помагање“ :)
Јас да сум родител, би помогнал во однос на давање насоки како да ја заврши задачата.
Во случај да е ептен во небрано (утре треба да ја предаде, не почнал да ја прави) можеби и би му ја напишал, али за тоа би добил здрава воспитна, да не му текне да му се повтори.

Како и да е, генерално лоша услуга се прави со „помагање“ од типот што ти го споменуваш.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
... или бриго моја преѓи другоме.

Како што вика iPopovski едно е да го усмериш детето на прав пат, друго е кога му ја завршуваш неговата работа.
Зависно од желбите што сакаш да стане твоето дете, но не се надевај да го бива за многу работи ако самиот ти му ги извршуваш.

Истотака доста добро би било еден тест на професопнална ориентација да му се направи, за што има талент, кои му се врлините а за каде би му било потребно додатен напор за да го совлада дадениот матерјал.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Јас не велам дека нема такви. Ај прочитај си ги првите зборови. Ако ти си направил незнамтитамуколку проектни за матура, си напишал штотизнамколку писмени работи не значи дека сите се такви.
Ете го сменив воведот на темата за да не се буниш, затоа што беше моја грешка што ги ставив „сите“ ученици/студенти. Ова е тема на која долго време размислувам и ја разгледувам и дефинитивно тврдам, дека помал е бројот на учениците што се’ сработуваат сами, наоѓајќи информации од интернет, книги, со сопствен труд...
Ми се чини дека си се’ уште студент. Сигурно низ факултетот забележуваш натписи на секој ќош„Изработувам семинарски“ тие деца/луѓе ако немаат „промет“ нема да го прават тоа.
Башка имам информација (од асистент на Англиска книжевност) дека лани се предадени 20 идентични семинарски.
 

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,409
1,133
www.crnobelo.com
Жален е фактот што сè повеќе има огласи за изработка на семинарска/дипломска/магистерска, па дури и докторска.
Најверојатно од тие истите деца што на времето родителите им ја „завршувале“ нивната работа.

Што ќе се замара, кога може полесно да си помине.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Во денешно време, не мора да бара помош ќе си ја најде сам на нет.
И пак иста песна, луѓе без свое мислење, без креативност, без идеи, без свое јас...

Е кога јас бев средно и кога од мене се бараше критика за Едгард Алан По и неговиот гавран и тоа не помалку од две страни, без помош дома, без нет, без чичко гугл, е тоа беа тешки времиња : )
Може ќе извадев некое тројче-четворче, ама со мој труд, мој речник...
Денес за По, утре за Амди, за некој глупаво, за некој генијално, ама мое оргинално мислење!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos