Главниот револт се ствара бидејќи пензионериве наши се сите безобразни, од првиот до последниот. Сум живеела по некој месец и во неколку други држави, ова никаде го нема. Во Хрватска имаат бесплатно возење секој ден, па никогаш се нема инцидент случено. Народот е покултурен, не се туркаат, не трчаат шпринт кога доаѓа автобус а потоа се туфкаат цело време како нешто ги боли, не го пренесуваат целиот зеленчук и овошје од пазар, не ги вреѓаат младите и не смрдат ужасно, најужасно на цел свет.
Тоа е затоа што нашиов народ е стока. Имам напишано во СДК едно ужасно искуство кое ми се случи со една "госпоѓа", кога ме удри со бастунот по грб, па уште и ми се изнаразвика како јас сум била некултурна. Мои другарки што ми имаат кажувано, какви случки со пензионериве, коса ми се дига.
Јас никаде немам видено некој млад човек или студент да се однесува некултурно. Dare I say, помладите луѓе се секогаш покултурни. Не се цвеќиња, но никогаш не истуркале или не удриле постар човек.
Јас да сум ќе им ги укинам правата. Затоа што не знаат да го ценат тоа што им се дава. Убаво е да им се помага на постарите, ама тие стоки не заслужуваат ништо. Повеќе би сакала да им се даде права на хендикепираните луѓе, според мене тие најмногу заслужуваат бенефиции. Нема друго НЗС, не сакам да им се дадат посебни автобуси како што некој имаше нагласено, ниту пак нешто друго. Сосема да им се укине бесплатното возење. Кога некој не знае да цени привилегија, не мора веќе да ја има.