Плацебо ефект

girly girl

Староседелец
21 март 2012
34
29
1,018
29
Storybrooke,Maine
Плацебо ефект (латински: Placebo = јас ќе задоволам) е медицински феномен каде резултатите на медицинскиот третман се предизвикани од идеите на пациентот за тоа колку е ефективно лекувањето. Терминот особено се употребува кога пациентот драматично реагира на физиолошки неактивно лекување. Неактивните лекови кои се користат за индуцирање на плацебо ефектот се нарекуваат плацебо лекови; инертни „шеќерни“ пилули и лажни хируршки интервенции се типични примери.
Плацебо ефектот е убедлив феномен во медицината и плацебо лековите се широко користени во современата здравствена грижа.Плацебо ефектот фрла светлина врз улогата на мозокот во физичкото здравје и дозволува споредба на лекови наспроти инертни еквиваленти во медицински истражувања. Лажната природа на плацебо лековите создава притисок меѓу Хипократовата заклетва и чесноста на односот меѓу пациентот и докторот.
Извор: Википедија
Дали овој феномен е доволен да предизвика позитивна реакција на лековите кај пациентот, или е потребно многу повеќе од „верба“ во истиот тој лек?
Дали Пласибо ефектот може да премине во навика до степен да станеме зависни од лекот и да мислиме дека без него не би можеле да живееме, макар бил и најобичен витамин?
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Јас мислам дека најефективен начин е ово во психијатријата за лекување на луѓе кои се во депресија.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Јас мислам дека кога ќе имам потреба да читам на википедија за нешто ќе си отворам википедија не Црно бело форум.
А ако не ти текне да видиш на википедија за плацебо ефект?
Овде добиваш информација без да бараш+гратис клик.
Во прашање се секунди.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars and Arkantos

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
girly girl, бидејќи не си активна, верувам не ги имаш прочитано правилата, но строго е препорачливо секоја тема да е со лични зборови и мислења на авторот, и наведено е дека при копирање е задолжително да се наведе изворот од каде е преземено нештото. :)
Овојпат додадов само две прашања со цел да има на што да се одговори ко за почеток, но другпат внимавајте, давајте свој вовед.

Останатите, може да ја „испровоцирате“ членката со тоа што ќе поставите прашање околу темава, вака ништо повеќе од нејзиниот копиран текст не сте придонеле.

Како и да е, второто прашање го додадов првенствено затоа што баба ми беше жив доказ за тоа колку психата ѝ влијаеше врз верувањето дека некои лекови ѝ помагаат. Лексилиумот ѝ беше лек за сите работи, дали ќе осетеше настинка, притисок...што и да е, ќе се напиеше Лексилиум, ќе ја кутнеше апчето да преспие, па после тоа и пак да продолжеше да кашла и кива, едноставно веруваше дека е подобро од апчето.
Јас мислам дека најефективен начин е ово во психијатријата за лекување на луѓе кои се во депресија.
Тешка работа.
Луѓето во депресија речиси и воопшто не гледаат надеж во лекови, така да отпаѓа и можноста дека би се натерале себеси да веруваат во моќта на еден лек.
Напротив, не се воопшто ретки случаите каде што пациентите одбиваат секакви лекови или ги плукаат и повраќаат веднаш по земањето, не е само на филм претставено таквото сценарио. Многу од нив се свесни дека самите се причинители на својата кондиција, па лековите ги сметаат за непотребно труење.

Едит: Да не трупам мислења со објаснувања.
existence, why not (Zoidberg) both? Колку што има реченици во воведот, толку прашања може да се изведат.
Штом е во рамки на темата, може да се зборува и за ефектот, и за моралот на оние кои го употребуваат, или пак и за двете. Кое повеќе ве интересира и кое повеќе милувате - тоа. :D
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Aj копирала вовед ајде де, не ми е сеедно ама ај. Јас сакав да прашам во кој правец би требало да се одвива дискусијата? Кон тоа дали е етички пласибото или како влијае врз пациентите или пак можеби ефективноста во зависност од состојбата на пациентите (или сосема нешто друго)?
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Во некој експеримент на субјектите им делеле лажен ЛСД (пласибо) и сепак имале асид трипови :rofl
Само што погорната слика е малку misleading, точно е дека сугестијата е моќна ствар но самосугестијата е потешка, на пример пиејќи вода сум пробал да се убедам себеси дека уствари пијам Реми Мартен коњак без особен успех :(
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Уствари не. Краткотрајно можеби, долготрајно и не баш. Има доволно експерименти кои го покажуваат тоа. Плус за ефективно пласибо треба да ги излажеш сите сетила, што после некое време станува тешко за остварување.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Уствари не. Краткотрајно можеби, долготрајно и не баш. Има доволно експерименти кои го покажуваат тоа. Плус за ефективно пласибо треба да ги излажеш сите сетила, што после некое време станува тешко за остварување.
Не би рекла.
За самоманипулација на сетилата со позитивни мисли кои со редовна употреба делуваат на потсвеста се потребни 6 недели.
Потоа автоматски работи потсвеста.
 
Последна промена: