Уште стојам зад тоа: спојување на две / повеќе мислења на еден ист корисник во едно во мал временски период (едно под друго).
И ај сеа .. во СДК некој еве да го хејташ .. и пишува типот/типката „ми се плаче“ ... и ти стискаш (сегашно) ми се допаѓа, и во ред е. А ако е се согласувам, кога ќе ти напише „ми се плаче“, ти му стискаш „се согласувам“ .. плачи си ти се согласувам ја ...
Или > сакам да продадам тоа и тоа .. стискаш ти се допаѓа.
Сакам да продадам тоа и тоа .. се согласувам, продади го ..
Нека си го вака.
Што знам, ова мене ми изгледа дека е сосема непотребно пошто стварно во некои ситуации нема смисла да стиснеш се согласувам. Пример имаме и катче со поезија, па љубовна исповедувачница, па хумор... И како сега кога некој ќе постира добар виц или слика да му стиснеш се согласувам? Со што се согласуваш? Се согласуваш дека Мујо ја опнал жената на Хасо? Нема смисла...Извини вака но примериве баш не ти се на место. Еве некој/а пише "ми се плаче" и по сегашно стискаш ми се допаѓа. Што уствари ти се допаѓа дека му/и плаче? На такви работи не се стиска ниту се согласувам ниту ми се допаѓа пошто немаат смисла, исто ко што имаше на фејсбук, некој крши раце нозе се слика става слики, а пријателите негови се утепуваат од лајкови да ставаат. Што уствари им се допаѓа тоа што се искршил? Убаво рече ipopovski да не го цитирам само имам една мала замерка, не можеш за секое мислење со кое се согласуваш да пишуваш зашто се согласуваш пошто кога се согласуваш уствари се согласуваш со секоја реченица или у краен случај секој збор од тоа мислење што друго ќе пишеш кога се што си сакал е пишано.
До сега што ја имам прелистано содржината на форумов мислам дека повеќе би одговарало да стои се согласувам отколку ми се допаѓа. Нема некоја голема разлика меѓу тие два израза т.е воопшто нема разлика само што ние сме навикнати на фејсбук и нормално е тоа пологично да ни биде но во суштина едно исто значење имаат.
Има .. откако ќе кликнеш ми се допаѓаМожи па не треба ни едното ни другото да ги има - ко насред муабет, секој пат кога ќе кажеш нешто, некој да ти шлука (ракоплеска ). Можи ако нема ни едно ни друго, ќе има поќе муабет.
А ако веќе има „ми се допаѓа“, тогаш нека има и „не ми се допаѓа“
Можи па не треба ни едното ни другото да ги има - ко насред муабет, секој пат кога ќе кажеш нешто, некој да ти шлука (ракоплеска ). Можи ако нема ни едно ни друго, ќе има поќе муабет.
А ако веќе има „ми се допаѓа“, тогаш нека има и „не ми се допаѓа“
Нешто слично е репутацијата, еве има можност да се инсталира и на форумов. Имаш дневна доза поени кои можеш да ги искористиш било позитивно било негативно. Пр. некое мислење ти се допаѓа или се согласуваш и сакаш да му дадеш „кредит“ на авторот, зависно од твојата репутација на форумот можеш да му доделиш позитивни поени (пр. ако имаш мала реп. можеш еден поен, со повеќе реп. може 3 итн итн). Обратно, ако не се согласуваш со нечие мислење можеш да му доделиш негативна репутација, т.е. негативни поени. Е арно ама ова може да создаде проблем на форумот, т.е. организирано доделување репутација меѓу членови.
Јас генерално сум против било какви системи кои што бројат ајде да ги наречам лајкови. Ако ме прашате мене, јас не би ставил ни репутација нити ништо. Би ги ставил копчињата „Ми се допаѓа“ и „Не ми се допаѓа“ ама притоа би ги исклучил опциите да се прикажуваат броеви на профилите.
Епа заради сето тоа, можеби најдобро би било да нема ни едно ни друго. И еве сега, ако навистина ми се допаѓа твоето мислење, ако се согласувам со тебе, а немам никаква опција за само со еден клик да го покажам тоа, ќе те цитирам, или тагнам и ќе образложам зошто ми се допаѓа и зошто се согласувам.Многу сум размислувал за враќањето на опцијата со репутација но воглавном ќе се сложам со твоево мислење.
Што е добро во репутацијата, и ти, и Сајко погоре во глобала сте го потенцирале а тоа е pros & cons опцијата, значи има негативна и позитивна опција.
Што е лошото. Прво... за да се опстои на форумот ќе биде борба за подобра репутација. Зборам за бројка, не за реален приказател. Второ, ќе се создадат групи кои ќе водат битки за црвенки и зеленки, што значи сепарации, маалски војни, а сите тука сме дојдени за едно нешто - дискусија. Трето и по мене најважно, ќе се создадат фиктивни војници за да тие групи си ги мерат кој има поголема пројка на трупи. Значи Петко ќе има 5-6 лажни профили за да меѓусебно си се подржава (нормално со своите замислени пријателчиња). Станко ќе има истотака одредена сума на лажни профили и пак истото ќе се практикува. Во реалноста ќе постојат само петко и станко а во сајбер светот ќе изгледа као да водат битка повеќе членови. Е сеа Петко и станко се да не речам личности со лимитирана имагинација (сепак за ова треба мноооогу талент) така да таквите форумски битки ќе изгледаат дебилно, со мал фонд на зборови. Кога би бирал битка со член би избрал еден на повеќе каде тој еден би имал свој став и свој речник.
Онаа опција што ти самиот ја кажуваш за допаѓање но не и бројка на лајкови (целосна) мислам дека е оптимална за дискутирање. Нека има бројка само за одредено мислење. Така би се поттилнала желбата да се удри на акцентот на што би содржело мислењето а не полнење на его до заби.
Јас се согласувам со тргањето на тие копчиња, дури се согласувам и да ги има ама да не се бројат. Проблемот со форумите настана (барем според моето 6 годишно форумско искуство) откако форумските платформи се доближија до фејсбук со цел да стекнат популарност. Порано се имаше форумска култура и се дискутираше аргументирано, не се спречуваа жестоки кавги (се` додека не се почнеше со кој е поглуп и понеедуциран), се дискутираше со постови од кои можеш да научиш нешто. Арно ама откако форумите се префрлија на платформи кои се поблиску до фејсбук народот ко да почна да пишува за да собира лајкчиња за хуманитарни цели. Се` дур не се сфати дека целта на форумите не е да се напише нешто за да собереш лајкови или виртуелна репутација или сл. форумите ќе наликуваат на фејсбук. Колку и да звучи глупаво, преименувањето на „се согласувам“ со „ми се допаѓа“ направи луѓето многу повеќе да обрнуваат внимание на овие бројки и да се грижат за нив, а помалку да обрнуваат внимание на она што го пишуваат и она што им го пишуваат.Епа заради сето тоа, можеби најдобро би било да нема ни едно ни друго. И еве сега, ако навистина ми се допаѓа твоето мислење, ако се согласувам со тебе, а немам никаква опција за само со еден клик да го покажам тоа, ќе те цитирам, или тагнам и ќе образложам зошто ми се допаѓа и зошто се согласувам.
Дека ќе се согласам со некој апослутно 100% и дека ќе немам ниту еден збор да дополнам, тоа ми е малку неверојатно (и ми личи на константно климање со глава, а во позадина баш многу, многу не се ни трудам да размислувам, или климам онака за да бидам љубезна или за да ти покажам дека ми си симпатија, а можеби не те ни слушам/читам ).
А кога нешто ми се допаѓа, би требало да знам зошто ми се допаѓа и би требало да можам истото да го образложам барем со една - две реченици, (и во тие реченици не верувам дека би напишала „ми се допаѓа твоето мислење зашто е твое, а ти си Саладин, или Петко, Трајко... и ми си другарче, или ми се свиѓаш, или си од мојот клан...“, туку би размислила зошто навистина ми се допаѓа и што е тоа со кое се согласувам).
И така, наместо да пишувам само кога со нешто не се согласувам, а не ме држи место да не покажам дека не се согласувам, ќе пишувам и кога се согласувам, зашто нема да ме држи место да не покажам колку многу и зошто толку многу се согласувам.
Оти нели, тука сме за да муабетиме, а не да собираме „допаѓања“ кои создаваат надуени ега до небеса. И пак ќе речам, ако веќе сме силни за да си ги билдаме егата, тогаш ај да се видиме кои сме и какви сме и колку си немаме комплекси за да се справиме со еден куп „недопаѓања“.
Ако биди, да биди. Не?