Сакам да кажам/Сакам да прашам

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Најмала мака на светов е учењето.
Знам ќе ми недостига клацкањето на стол во читална, преместувањето од клупа на клупа, шепотењето со тој до тебе, броењето на преостанатите страни за учење... знам ќе ми недостигаат групните паузи на клупа пред библиотека... и ќе ми недостасуваат четирите години од високото образование ... ама што е многу - многу е !
ОД октомври, од 1ви октомври до 15ти февруари ми трае колоквиумско - испитна сесија... колоквиумско - испитен семестар би рекла, да се полагало на секои 5 дена без престан и уште да се нема крај. Немам сили повеќе :(
и не дека учам премногу и дека се борам за 10,00 просек, само за просечно чистење на семестар е овој напор !
психички замара тоа што знаеш дека полагаш пак и пак и пак... и се што правиш во времето кога не учиш ти е засенето и извалкано со дамката дека полагаш пак и тоа многу скоро...
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
СДК Понекогаш кога и да си многу умен неможеш да најдеш решение, ниту да ги измениш работите во моментот, или кога се обидуваш да ги подобриш, а тие си стојат на место или се тркалаат по удолница, единствено што ти преостанува да ги кренеш рацете кон небото и да посакаш решение кое ќе биде најдобро за твојата духовна еволуција, бидејќи вака ниту ја сваќаш лекцијата на животот ниту знаеш како треба да делуваш. Комплицирано многу...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Photographer

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
nuff said ......

nyGBGFm.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Пошто сум човек што сака да каже се што му лежи на душа, не можам а да не замерам колку сме не фер, колку само драматизираме, критикуваме се и сешто, ништо не ни чини, тераме по свој некој замислен пат без разлика на правила, прописи или правдини. Може она што јас сега слободно ќе го кажам ќе биде искритикувано, нели јас како модератор не смеам да бидам искрена, морам да бидам лицемерна, да се смешкам и љубезно да ви објаснувам и објаснувам и објаснувам дека некое правило е прекршено и дека не е ова кај мене дома па да мене ми правите лошо или добро прекршувајќи или почитувајќи некое правило и воопшто мене не ме засега ако упорно терате инат на некоја тема-не ми терате мене не не, терате инат на оној форум за кој се буните дека згаснува, дека не е квалитетен и наскоро ќе замре скроз.

Е па луѓе, тука сум со 1000+ мислења за кои сметам дека горе доле сум дала најдобро од мене. Таа сум, прикажана низ неколку општи муабети, скромни познавања од областа на психологијата и другите "поозбилни" теми и 70% мислења на тема филм... Некој ќе ме прескокне, некој ќе ме прочита до крај, битното е она што мене ќе ми се случи кога ќе се искажам.

Форум. Место каде што се дискутира и дебатира на прво место. Извинете, ама за кафе муабети, поздрави, честитки и ракоплескања си го имате фб. И кога веќе се извинувам, извинете, ама ако напиши нешто повеќе не можете да го разберете пет месеци, нешто не е во ред со вас. Јас можам да бидам љубезна, но не и лицемерна. Еве љубезно Ви кажувам-читајте книги, поработете на речник, надоградувајте се, за кафе и бомбончиња ќе се најде време секогаш.

Значи мојот став за играчницата е јасен, ок е да се има нешто за разонода, ама што е претерано претерано е навистина, јас не знам како сами не се осеќате дека е доволно. Малку членови сме, дадете шанса на секоја тема. Играјте тимски и фер, никој не ве мрази, никој не ве ни познава. Само некој не сака да седи и да дава се од себе додека трети си го зеле на мајтап. Јас бар не сакам, и ќе трубам дур ако некогаш ако е можно ќе заличи местово на форум.

Да, не, мхм, се разбира и слично како одговор на теми... Мислам вистина? Будали се тие што седнале и напишале нешто повеќе? Не ви е срам на иста страна вашето да да стои рамо до рамо со нечие убаво извезено, оригинално мислење, со јаки и цврсти ставови, поткрепено со факти и лични заклучоци? Вистина не ви е срам? Не судам, не ми смета, само се прашувам.
И знаете што ужасно ми смета? Критика, предвидувања, жалби, поплаки од сите без трошка срам дека некој гледа дека вашиот придонес тука е сведен само на критика и уништување теми со ова не треба, ова треба вака, ова онака.

И не дека нема да си кажам пак што ми лежи на душа, само доволно е долг текстов, а ние не сме нели навикнати на долги постови, па да не ризикувам да бидам прескокната...
Ако ви е стало до нешто на кое дремете цел ден и цела ноќ, проработете на квалитет, нема само да го направите местово подобро, јас ви ветувам дека и вие на некој начин ќе станете подобар човек, побогат со повеќе искуства.
Проработете на себеси и помогнете форумот да живне со квалитет.

Аднете си се на фб, енергијата користете ја за дискусија за која не мора да имате диплома, не мора ни да имате којзнае какво мислење, а ни голем процент на интелигенција. Доволно е само да бидете свои и да имате свој став, па макар бил смешен и нелогичен. Ваш си е. И не ја злоупотребувајте играчницата аман ве молам!
И во играчница се пишува, ама не бидете член што само таму пишува.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Долу администрација! У-А! Го уништиФте ворумот. Не смее никој да се пожали оти вие се жалите од што некој се жали. Не смее никој да критикува оти вие критикувате критики. Не смее никој да хејта оти вие хејтате хејтери. У-А!!!

I predict a riot!!!!

Хоуп*
У кратки црти, не можеш некој сосила да го тераш да ти пишува во форумите кај што сакаш ти. Ете некој не сака да мудрува и да филозофира по форуми туку сака да си го остави мозокот на пасење. Со таа играчница, ако толку ви смета што е најактивна па стајте лимит на мислењата у тој дел и решен проблем... е добро де, пак нема да пишат кај што сакаш ама барем нема да бидат нон-стоп во играчница... е добро ај, ќе бидат пак таму и пак ќе биде најактивна ама нема по 200 мислења дневно таму да бидат.

Тоа со критиките... ај не почнувам оти ем јас немам време за долги расправии ем ти ќе почнеш сама да си одиш контра со мислењата ко секогаш.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Долу администрација! У-А! Го уништиФте ворумот. Не смее никој да се пожали оти вие се жалите од што некој се жали. Не смее никој да критикува оти вие критикувате критики. Не смее никој да хејта оти вие хејтате хејтери. У-А!!!

I predict a riot!!!!

Хоуп*
У кратки црти, не можеш некој сосила да го тераш да ти пишува во форумите кај што сакаш ти. Ете некој не сака да мудрува и да филозофира по форуми туку сака да си го остави мозокот на пасење. Со таа играчница, ако толку ви смета што е најактивна па стајте лимит на мислењата у тој дел и решен проблем... е добро де, пак нема да пишат кај што сакаш ама барем нема да бидат нон-стоп во играчница... е добро ај, ќе бидат пак таму и пак ќе биде најактивна ама нема по 200 мислења дневно таму да бидат.

Тоа со критиките... ај не почнувам оти ем јас немам време за долги расправии ем ти ќе почнеш сама да си одиш контра со мислењата ко секогаш.
Фала ти што одвои време да ми објасниш во кратки црти.
Да не ти го одземам повеќе од ова што ми го посвети, ќе се жртвувам и ќе одам против мојата желба за упорно одење контра, па ќе премолчам овој пат, па и секој нареден кога ти ќе имаш ете вака желба да ми објасниш што смеам, а што не смеам да пишувам и како да си ги решам проблемите.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Не дека се сложувам со мислењето на Хоуп, но се сложувам. Исто како што се сложувам со мислењето на Еxistence околу поимот играчница. Има решение на нзс (да не се гледаат новите мислења од играчница/лимитирано постирање во истата). Може нешто од ова да се проба, мада скептик сум, затоа што познавајќи ја (иако скромно) денешнава интенрет багра со онаа пред 4-5 години е светлосни години поназат што се тиче дискутирање на ниво. Зошто кажувам багра? Затоа што денес секој има пристап минимум до едно ПС, ерго секој може да направи користничко име по форумите, квантитетот си го зема данокот, квалитетните „членови“ се потиснати од морето на полуписменоста. Да, за жал морам да искритикувам, но сме полуписмени, прво во интернет бонтон, потоа и правописно. И на крај од општа култура гледам секогаш се вадиме со изговорот „ако може петко зошто не може јас“. Наместо да тргнеме од себе каде грешиме, ние правиме грешки кои се оправдани во морето. Затоа не знаеме да пливаме.
Во ред е некогаш човек да се пошегува, но шегата е слатка по заморниот ден, не кога немаме ништо попаметно да правиме. Исто и со мислењата во играчница. Не е интересно ако константно се спама во тие теми, додека другите остануваат запоставени. Психолошки човек отапува од константното седење пред ФБ/форум, а да не зборам па интелектуално. Наместо да го користи форумот како место за информирање, во последно време се` повеќе се претвара во ФБ заедница/заедници. Зборам општо за форумите, не само тука. Разонода има мал милион начини но гледам дека во последно време се` повеќе се практикува само еден и единствен - користење на фб.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena