Кој е вашиот тип на дечко/девојка?

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
А јас па ве читам со реферативе, се читам и себеси сакам ова, сакам она, сакам висок, паметен, харизматичен, шармантен, црн, бел каков и да е, ама зар јас ги исполнувам стандардите за да добијам некој таков?

Значи сакам некој таман на мене, нешто ни помалку од мене да му вадам на нос што има, ни повеќе од мене вечно да бидам несигурна. Некоја сродна душа по моја мерка, каква јас таков и тој...
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Да не е нервозен и да бидам сигурна дека кај и да одам со него нема да ме избламира. Да не пцуе (по малку може) да не ме вреѓа нормално и јас него да не, значи да се почитуваме меѓусебно. Спрема ситуации кога треба да е откачен кога треба да е примерен. Не сакам озбилни и надувани фаци, што не зборат, јас сакам некој забавен итересен, да ги забавља и другите со муабет, да се зезаме, да пиеме да откачуваме кога треба и така. А за физички изглед секако дека го сакам Бали бег :rolleyes: ама го нема овде, значи битен ми е изгледот, сакам да е среден. чист и да мириса убаво нормално и да е симпатичен, па и да не е лепотан ако е добар со тебе ќе ти стане најубав на свет...(sun)
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
хех... народе, гадно се лажите дека не мора да е лепотан/лепотица. Гарантирам, мора да биде, цело е кога има се... ;) А постојат секакви луѓе, така да, не се задоволувајте со билошто... („задоволувајте“ во смисла не прифаќањете билокаков... а не „задоволувајте“ како што си помисливте вие... :mstickle)
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
хех... народе, гадно се лажите дека не мора да е лепотан/лепотица. Гарантирам, мора да биде, цело е кога има се... ;) А постојат секакви луѓе, така да, не се задоволувајте со билошто... („задоволувајте“ во смисла не прифаќањете билокаков... а не „задоволувајте“ како што си помисливте вие... :mstickle)

е од кај ќе се најдат толку лепотани :frantic за сите девојки, да не има случајно овде :rofl
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Како бе луѓе не е битен изгледот ??
Да не се залажуваме...
Луѓето се водат по инстикти...за да дојдете до таа фаза да го запознавате некого психички, истиот тој мора прво да ве привлече физички за да посакате воопшто да стапите во контакт нели?
Мора да ви падне во око...дали со тело, со насмевка, со поглед...некако мора да ве привлечи па после следува запознавањето на карактерот...
Ајде, еве ја запознавате сродната душа на вашиот живот онлајн, и тоа е тоа, она што целиот живот сте го сонувале, и кога конечно ќе се запознаете гледаш некоја појава која нема доприна точка со онаа што сте си ја замислиле во главата, која на прв поглед ни малку не ве привлекува, не ве возбудува...и ќе останете со таа личност?
Или сте во брак или долга врска сеедно, зар нема да сакате партнерот да ви изгледа тип топ? Сеедно ќе ви биде ако пушти стомачиште, или се здебелила па ништо не ја собира освен вашите пижами и тренерки...и? сеедно е?... исто ќе ја сакате, сигурно (зашто ја познавате во душата) ама исто ли ќе ве привлекува?... истата страст ќе ја имате?
Да не бидам погрешно сфатена, изгледот не е најважен и пресуден, ама игра голема улога...
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
Ете тоа го чекавме.
И не само што треба та ти биди симпатична, туку баш треба и да ти биди убава/убав. Да се облекува како што ти одговара, да се соблекува како што ти одговара, да се шминка баш како што ти е убаво, да има тен што ти е убав. Не е можно да седиш со некого дома цел ден ако не ти е прекрасен. Не е можно да легниш со некого ако не ти е привлечен. Има типци што сакаат полнички чупенце и нему му е грдо да биде со некоја манекенка под категорија „неухранета“.
Пресудно е сето, подоцна или порано. Ако сега не ти пречи, можда си заслепен од потребата да имаш партнер, но подоцна ќе ти засмета па ќе ја тераш да слабее, да се облекува вака или така... што ти знам што друго...
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
мојот вака треба да излгеда (inlove)
1-classic-peaked-cut-channing-tatum.jpg

channing-tatum-oscars-2013-special-guest-01.jpg