Сакам да кажам/Сакам да прашам

Lillian

Истакнат Член
7 април 2013
198
263
163
За точно 12 саати, со Ana Tennant Koleva почнуваме еден експеримент. 5 дена без интернет. Идејата дојде од овде: http://off.net.mk/video/razno/nedela-bez-internet. Јас ке поминам 5 дена без употреба на интернет или било кој друг уред шо мои да користи интернет (Пасвордот од лаптопот ке ми биди сменет и нема да го знам а ајфонот ке ми биди даден само за да водам видео блог). Ана, ке можи да користи смартфон и лаптоп ама интернет не. Задача на експериментот ке биди да пробаме да видиме колку ке ни биди лесно или тешко да имаме нормален живот без интернет и технологија. Колку ке успееме да се снајдиме без интернет во свет каде интернетот е главен. Ке си докажиме самите на себе, колку интернетот ни е важен извор на информаци и слобода. После 5 дена ке ги споредиме резултатите и видеата ке ги објавиме (Јас ке се снимам, Ана не знам, може и да си запишува во тефтер) на јутјуб и кај мене на блог. Така да, да си кажиме шо имаме да си кажиме до вечер во 23:59 затоа што следно мое онлајн вклучување ке биди во петок во 00:01 минута. off.net.mk прашаја дали некој ке прифати да го напрај овој предизвик. Е па еве не.

Зашто ти е потребен експеримент кога ти пред време ни наговести што очекуваш од него?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
:rolleyes: доволен ми беше цел ноември незибричен. повеќе не експериментирам :)
***
Чоек, недеља, и сви сте ту, све потсеча на сречу......
Соба, музика, топло, нешо за грицкање, исклучен телефон, слободен ден.
B-E-A-utiful

 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Зашто ти е потребен експеримент кога ти пред време ни наговести што очекуваш од него?

Зато се вика експеримент. Мора нешто да очекуваш од него инаку зошто го правиш експериментот? Експериментто е само да ти го потврди или негира то шо го очекуваш..
 

Lillian

Истакнат Член
7 април 2013
198
263
163
Зато се вика експеримент. Мора нешто да очекуваш од него инаку зошто го правиш експериментот? Експериментто е само да ти го потврди или негира то шо го очекуваш..

Јас по пет дена некогаш не сум на интернет и ништо не се случува освен можеби што сум поштедена од тоа дали Накова се наковала на наковална или се соблекла во сушална.
Мене ми се пристори дека ти однапред одлучи ескпериментот да ти докаже дека не можеш без интернет според напишаното што е погоре.
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Јас по пет дена некогаш не сум на интернет и ништо не се случува освен можеби што сум поштедена од тоа дали Накова се наковала на наковална или се соблекла во сушална.
Мене ми се пристори дека ти однапред одлучи ескпериментот да ти докаже дека не можеш без интернет според напишаното што е погоре.

Поминувам дневно по повеќе од 8 часа на интернет. Цел ден сум на лаптоп или со мобилен во рака. Јас сум зависник од информациите на интернет. Ке се откажам од се, лаптоп, смартфон и интернет. Комплетно нов живот, одеднаш сменет. Зато знам дека ке ми биди тешко. ЗНам дека ке си покажа мдека не можам без интернет, без пристапот до толку многи информации.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
За таков експеримент, малце се 5 дена. Горе-доле секој издржал недела дена од разно разни обврски, дали работа, дали подготвување испити, дали некакво патување, дали чисто онака од неинтерес. Освен доколку си навистина зависна персона од интернет и општо од технологија, веројатно би те фатило криза. Би било поинтересно кога би станувало збор за цел месец.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Lillian

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Зато се вика експеримент. Мора нешто да очекуваш од него инаку зошто го правиш експериментот? Експериментто е само да ти го потврди или негира то шо го очекуваш..

Експериментот ако ти е за откажување на нет, со сигурност ќе ти кажам дека е сосема погрешен. 5 дена се никаков временски интервал, посебно тоа што најчестиот резултат има сосема спротивен ефект. Но посекако пробај, сепак е вид на експеримент.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lillian

Lillian

Истакнат Член
7 април 2013
198
263
163
Експериментот ако ти е за откажување на нет, со сигурност ќе ти кажам дека е сосема погрешен. 5 дена се никаков временски интервал, посебно тоа што најчестиот резултат има сосема спротивен ефект. Но посекако пробај, сепак е вид на експеримент.

Не кажа дека сака да се откаже туку прецизира која е целта.Само што информации од поважен карактер се добиваат и на радио приемник па и на тв приемник.
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Не кажа дека сака да се откаже туку прецизира која е целта.Само што информации од поважен карактер се добиваат и на радио приемник па и на тв приемник.

Па не баш. Еве шо читам секој ден: Хафингтон пост, Гардијан, Вашингтон пост, Светска политика, технологија, рандом филозофски муабети.. Истражувања на наса.. Сето то го немам на радио, весници или на телевизија.. Навикнат сум да го праат то секој ден и утре одеднаш ке прекинам. То е интересното да се види, дали ке можам одма преку ден да ги сменам навиките. Дали ке издржам без да внесувам толку информации.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
За таков експеримент, малце се 5 дена. Горе-доле секој издржал недела дена од разно разни обврски, дали работа, дали подготвување испити, дали некакво патување, дали чисто онака од неинтерес. Освен доколку си навистина зависна персона од интернет и општо од технологија, веројатно би те фатило криза. Би било поинтересно кога би станувало збор за цел месец.

да малку се 5 дена ама се доволно да пробаш да функционираш без интернет. Јас се сметам зависник од технологија. Зато од утре ке пробам наеднаш да ги смена мсите навики.