Имаме теми за славни и познати лица од светот на филмот, музиката, спортот, криминалот па дури и за оние од социјалните мрежи. Време е за тема за оние од светот на алтруизмот, невидливите, медиумски анонимните, кои ако имаат среќа ќе се најдат на 65586 страна од некој весник, во некој агол - меѓу реклама за препарати за слабеење и извештај од последниот селски масакр со секира поради меѓите од нивата. А можеби ни толку.
Но сепак, постојат луѓе кои со своите дела имаат задолжено генерации. Оние кои драматично го сменувале светот на подобро се колку-толку познати (Тесла, Фарадеј, Волта, Максвел и остали заслужни за електричната револуција на пример) но оние кои во секојдневието прават добри дела остануваат на маргините на колективната меморија.
Има луѓе како Оскар Шиндлер или Раул Валенберг кои во воени услови и кризи успевале да направат големи дела. Но такви има и во мирно време, иако не толку драматични во своето дејствување.
Ќе почнам со Добри Добрев, некаков старец од Софија, Бугарија кој откако го загубил слухот во втора светска - почнал да пита. Но не за шише ракија или кутија цигари. Собраните пари ги донирал на домови за сираци и цркви. Наводно собрал над 40.000 евра а денес има 98 години!
Во случајов името и презимето се совпаднале со карактерот на старецот, а којзнае можеби кумовите и му ја предодредиле на некој начин судбината
http://www.9jabook.com/forum/topics...-beggar-single-handedly-raises-40-000-euros-i
Вториот пример е малку.....подраматичен. Да не кажам апокалиптичен.
Станислав Петров, човекот кој ни помалку ни повеќе - го спасил светот.
Другарот Петров бил потполковник на стратегиската противвоздушна одбрана на некогашната Црвена Армија, на должност во оперативниот центар за тревога на сателитскиот систем “Око“ кој бил прва инстанца при детекција на евентуален нуклеарен напад врз СССР од страна на САД/НАТО. До него доаѓал приемот на сигналите за тревога од сателитите.
Еден убав ден во 1983 во системот избувнала тревога. И тоа онаа за надоаѓачки американски интерконтинентални балистички ракети. Оние со по 10+ боеви глави секоја, од по 1 мегатон.
Наспроти протоколот и ризикувајќи воен суд, Петров направил избор помеѓу две можности - дека е грешка во системот и дека америте лансирале.
Изборот на овој денеска анонимен сиромав пензионер од Подмосковето е можеби клучен за тоа што сме денес живи. Или барем немаме сериозно деформирани гениталии поради мутација.
http://www.bbc.co.uk/news/world-europe-24280831
И така....поднапишете нешто околу вакви лица, без разлика од каде се и кога делувале.
Добро би било да се знаат и локални примери, ако можете да се сетите на некои.