И пак за Лилит (а всушност се дрдори за жената насекаде)! Не очекувајте христијанските мистици отворено да ја бранат жената и нејзиното место ДО мажот, не зад него!
Влезот на Храмот стои секогаш на два столба! Ако едниот е наназад, што ќе добиеме?Секогаш отворено ќе се вели Марија пречиста е примерот, задскриено ќе се зборува за жената дека треба да е како Ева, а всушност тајните езотериски кругови секогаш ќе ја водат жената да биде како Лилит! Самостојна, божествена, к***а, мајка - како и е волја!
Марија, Ева, Лилит е концепт на троделната божица на пример кај Грците! Видете ги „Грчки митови“ од Грејвс, ја има во Табернакул!
LYLYTh или Ламед Јуд Ламед Јуд Тав е ФОРМУЛА! 480 е бројот на таа Жена! Ако сакате и потаинствен број: LVII ! Седнете малку гематрија! Малку еврејски пракси - онака напразно муабетиме и философираме - ништо не е точно!
За да одгатнеш за Лилит, ќе се свртиш кон еврејските текстови, не вакви сказни кој што бирал и како!
Да ти објаснувам за петте делови на душата според евреите? Ајде најдобро сами да си истражите, да не ви мудрувам.. ќе треба да ви прераскажувам и се ќе испадне сказна!
Не е паметно да се зборува за работи кои не се знаат... седнете и учете од оригиналните извори за Лилит! Не зборувајте туѓинци што раскажуваат и толкуваат како ќе им текне без да имаат увид барем малку во основите на еврејската традиција! Не бидете такви!
И за да научиш за буквите, барем малку од малку како профан, види
тука за нивното значење (не е апсолутно, постојат други малку попрактични значења)! Можеби ќе ти се поклопи нешто и да ти е не толку споредбено. И можеби LYLYTh не е жена на ADM ; што ако го разделиш DM или дам значи КРВ! Алеф е голема тајна која не се раскажува...
Така да твоето споредбено и контекст зависи од знаењето кое ти е дадено да го имаш!
И Шекина е женски принцип! Некои велат и поеќе од Богот кој го преставува бидејќи без Шекина, не постои божествена присутност, нема да постои богот, ќе биде загубен!
И така, тоа имам за Лилит, за понатаму ќе треба и јас да раскажувам философски сказни и да измислувам философии