И овие ноемвриски ладовинки галат.
Неделниве пладниња почнав да ги љубам, а ги колнев и пцуев заедно дека беа досадни, смуртени. Исто ко пензионери. Можеби јас сум била само таква, а несвесна за таа декларација што си ја шетам...
И салепот ми е поубав. Си го таманам секоја зима. Оваа година почнав нешто порано.
Го чекам и понеделник да се скрасам на моето биро и да ги преживувам сите стресови од работните обврски одново и одново...
Нејсе, убаво е.
Овие ладовинки ме топлат.
Мислам дека сум среќна.