Сте имале некој со кого сте се осеќале помалце вредно, па и лошо во негово присуство?
Некој кој ќе ве замара со "тоа не се изговара вака, ова не се пишува така, вака е правилно, така е правилно" и уствари цело време што сте го поминале со него, пазите да не изговорите нешто што не се изговара така, или да не му напишете некоја граматички неточна реченица? И цела дружба уствари паѓа во вода, пошто никој не би сакал на секое да пази што зборува и што прави.
Просто немаш простор да си бидеш свој.
И останува прашање, дали јас сакам да бидам со некој каде што не можам да бидам своја?
Ако сте немале вакво "совршенство" во друштво, не ви ни го посакувам.