Телема

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Што сватив?
Еве вака.
Како споредба,тоа што е порнографијата во телесно разбирање,тоа е телема за духовното.
И едното и другото се базираат на мајсторија и префинетост на сексуалното доживување,преку кое треба да се доживее спротивноста и со неа да се соедини,постојано повторувајќи ги ритуалите се здобива со одлично познавање на душата,како што една порно глумица или глумец имаат одличен сенс и познавање за телото,бидејќи постојано едно исто работат.
А преку познавање на душата можат да се направат многу несакани дејствија кон другите,бидејќи едно е телото и за маж и за жена,такава е и душата со таа разлика што тие се кажано со еден збор "невинви",па може да предизвика несакани дејствија како лудило или нивно "зачнување"преку збор како она со шепотот на Алистер.Тоа го можат само луѓе кој имаат одлично познавање на човековата душа,таа не е како телото кое го гледаме,но сепак познавајќи го сопственото тело имаме некоја престава за другите тела,така е и со душата.

Како што за деца не се такви содржини,така и телема не е за секоја човек бидејќи сите се деца во душа и истата треба да биде ограничена со пристап.Но за жал вие сега го откривте.:(
И сега штом ти вака си ја доживеал телемата, што треба според тебе од наша страна? Одобрување? Негирање? Корегирање?
Дали цело време низ темава не се нагласувани постојано следниве нешта:
1. Прави што ти е волја не значи прави што ќе ти текне, туку откриј ја својата предодреденост или суштина и живеј според неа, при тоа не спречувајќи ги останатите да го остварат истото!
2. Никој освен тебе неможе да ти каже која е таа предодреденост.
3. Никој нема право да ти суди поради тоа како ќе го живееш животот, ниту да ти наметнува свои правила!

Во врска со болдот. Лудост е да се носат заклучоци дека ние очекуваме сите да бидат иницијанти, и телемата да ја практикуваат навлегувајќи во длабоки метафизички сознанија! Ти не ме читаш, можеби затоа што не ти е целта да дискутираш, туку да спориш со мене. Еве што кажав предходно:
Телемата си има многу нивоа, од најниското она кое секој човек во секојдневните активности може да да го пронајде, па се до највисоко, до ниво кое е наменето за иницијантите. Кој каде ќе се пронајде е негово, наше е да го направиме законот достапен, ако ти имаш проблем со тоа, тогаш имаш проблем со себе си.
За секојдневниот живот, телемата гласи - "Живеј како ти е волја и остави и останатите да живеат како им е волја". Никакви бездни, никакви несакани дејства! Едноставна порака, која може да реши многу несогласувања, конфликти и недоразбирања. Затоа и реков дека телемата не е нешто кое треба да се случи допрва, туку е закон кој е насекаде околу нас и е закон кој луѓето го бараат доколку некој им го прекрши. Доколку решиш да убиеш хомосексуалец на пример, општеството ќе те осуди и казни - ќе делува според законот! Ако решиш да тврдиш дека жените не заслужуваат еднакви права со мажите, општеството повторно ќе те осуди! Пак ќе се соочиш со законот! Види ја Liber Oz и потоа види ги законите на државата во која живееш.
За се останато, твоите толкувања се излишни и погрешни, и за нив ниеден иницијант нема да дискутира со профани што значат симболите, праксите итн, итн! Тоа е интерна работа на Редот, таа нема никаква врска со општеството и интерпретацијата на законот врз него.
Точно е дека не припаѓам нигде,но тоа што постирам грчка музика не значи дека сум грк,ниту дека постирам стихови божем со нив нешто нудам или што постирам во Тао не значи дека сум нивни следбеник.
Лоша ти е споредбата.(facepalm)

Сеуште сум празен и ништо не задржувам.
Јас невидов да постираш жута штампа за стариот завет или за Таоизмот, тврдејќи дека тој е погрешен, опасен и штетен, врз основа на "аргументите" од таблоиди! Лоша ли е споредбава?
Опојните дроги во мали дози се одличен афродизијак и е повеќе од потребен да се изведе еден ритуал, притоа губиќи се врската со реалноста,што би рекол ти гравитацијата,па сексуалната игра се доживува во поинакво светло.
Тоа го нуди телема,барем некој твој браќа и сестри така практивуваат,сега може се фокусирате повеќе на симболиката,но кога и да е, еден ден доживувањето ќе биде пресудно за прескокнување преку бездната.
А тоа не е тоа.:(
Пак ќе кажам, ти не си авторитет да кажуваш што нудела теламата кога станува збор за иницијанти! Твоите заклочоци кои си ги донел врз основа на теории на заговор, таблоиди и слично, не поминуваат тука.
Ти не си авторитет да кажуваш што е а што не е пресудно за нешто за кое е потребна иницијација.
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Формулата на Тетраграматонот е совршен математички израз за Љубовта. Нејзината суштина е следнава: секои две работи се соединуваат со двоен ефект; првин уништување на двете, проследено со екстаза која се должи на олеснувањето од напорот на одвоеност; потоа создавање на трето нешто, проследено со екстаза на оствареното постоење, која е Радост се додека со развојот не стане свесна за сопствената несовршеност и љубов.
Оваа формула на Љубовта е универзална; сите закони на Природата се нејзини слуги. Оттука гравитацијата, хемиската валенца, електричниот потенцијал и останатите – и овие се само аспекти на општиот закон – се многубројни (различно набљудувани) потврди на ова единствено тежнеење.
Универзумот се одржува преку двојното дејство што е вклучено во формулата. Исчезнувањето на Таткото и Мајката прецизно се надополнува со појавата на Синот и Ќерката. Затоа тоа може да се разгледува како perpetuum mobile машина, која континуирано развива восхит во секоја од нејзините фази.

Извадок од книгата: “Мали есеи кон вистината” од Алистер Кроули достапна и на македонски јазик.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Се менуваш момче или се смени телема?:kafe
Уште ли со мене се замараш море момче? :) Ако, ако!

За некого телемата е филозофија, за некого е религија, за некого е политика а за некого можеби и наука. Методот на науката, целта на религијата е мотото на Редот од кој таа произлезе.
Како што и предходно веќе реков:
Телемата си има многу нивоа, од најниското она кое секој човек во секојдневните активности може да да го пронајде, па се до највисоко, до ниво кое е наменето за иницијантите. Кој каде ќе се пронајде е негово, наше е да го направиме законот достапен.
Поопширно тука: Што е Телемата?
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Уште ли со мене се замараш море момче? :) Ако, ако!
Аха (inlove)

За некого телемата е филозофија, за некого е религија, за некого е политика а за некого можеби и наука. Методот на науката, целта на религијата е мотото на Редот од кој таа произлезе.
Како што и предходно веќе реков:
Поопширно тука: Што е Телемата?
Види вака,незнам по кој пат ќе кажам! Телема не е филозофија,добро!?:zelen

Него кажи два -три збора за какво соединување станува збор во предходниот текст?
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Види вака,незнам по кој пат ќе кажам! Телема не е филозофија,добро!?:zelen
Можеби за тебе не е, за некого е. (happy)
Него кажи два -три збора за какво соединување станува збор во предходниот текст?
Оваа формула на Љубовта е универзална; сите закони на Природата се нејзини слуги. Оттука гравитацијата, хемиската валенца, електричниот потенцијал и останатите – и овие се само аспекти на општиот закон – се многубројни (различно набљудувани) потврди на ова единствено тежнеење.
Друго?
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Дали го имаш ти искусено тоа?
Да.

Раѓањето е сакрамент на физичкиот Ритуал, преку кој ние се создаваме себеси одново според нашиот лик, ткаејќи ја во нова таписерија од месо Романтичната Историја на нашата Душа.

Алистер Кроули.
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Ова што следува е извадок од „Магика без Солзи“ на А.Кроули (достапна на македонски јазик) и добро е секој аспирант, истражувач или било кој заинтересиран за телема и магика, да ги знае и разбира овие работи колку што може подобро, и нормално, да ги практикува колку што може подобро!
Објаснувањата на овие постулати, теореми, дефиниции може да ги најдете во споменатата книга.
Што е Магика? Зошто човек да ја студира или практикува?

Сосема природно; очигледни воведни прашања за секој предмет.
Прво, дозволи ми Евклидова метода и закопај го својот нос во Дефиницијата, Постулатот и Теоремите, кои се дадени во мојата обемна (но, за жал! премногу напредна и стручна) Расправа за овој предмет.
Да почнеме!
ДЕФИНИЦИЈА.
Магиката е Наука и Уметност за предизвикување Промени во согласност со Волјата.
ПОСТУЛАТ.
СЕКОЈА сакана Промена може да биде постигната со примена на соодветен вид и степен на Сила на соодветен начин преку соодветна средина на соодветен предмет.


Повеќе тука: Што е Магика(дефиниции, постулати, теореми)