.... Се враќаше касно дома. Последните денови некако тоа како да му стана навика. Долгиот пат кон дома го поминуваше во сурфање на интернет на неговиот мобилен, проверувајќи ги своите профили на фејсбук и твитер и коментарите на неговиот блог. Одеднаш неговиот телефон изгуби мрежа. Проклет оператор, за што ве плаќам, гласно прозборе. Го провери и неговиот втор мобилен. Различен оператор но иста ситуација, и тој немаше мрежа. Упати уште неколку сочни пцовки кон операторите, не затоа што итно му беа потрбни мобилните, туку зашто имаше уште многу пат до дома. Веќе некое време не му пречеше големиот број на полицајци по улиците. Со оглед на ситуацијата во неговата држава, знаеше дека то е нормален потег на владата. Полициските сирени во градот, таа вечер беа многу гласни. Дури и прегласни. Една лоша мисла му прелета низ глава. Некој вечерва ке го јади, си помисли. Некој ке пее позади решетки. Ниту на крај памет не помисли што го очекуваше таа вечер.
Еден старец, што седеше на една клупа покрај која поминуваше му рече: Момче, подобро да побрзаш дома. Полицијата прогласи полициски час.
Зошто дедо? Што се случило?
Никој не знае, подобро побрзај дома. За твое добро, дедино. Лошо време е сега.
Старецот стана и се упати кон влезот од зградата покрај улицата.
Речиси никој и да немаше по улиците. Само по некое такси возило и некоја полициска кола.
Кога дојде блиску до зградата до која живееше забележа кола паркирана на тротоарот. Светлото во колата беше запалено и забележа дека внатре има двајца луѓе. Колата му беше нешто позната но не знаеше од каде. Можда е на некој од комшиите, но зошто би ја паркирале тука а не на 5 метри понатаму на паркингот. Ништо не му беше јасно.
За 10 минути почнуваше полицискиот час.
Запали цигара и се упати кон соседната зграда од таа во која што живееше. Неговиот мобилни сеуште немаја мрежа. Се упати кон станот во кој живееше еден негов другар. Се качи до третиот кат, каде живееше неговиот другар и затропа на неговата врата. За негова среќа, тој беше дома зашто полицискиот час веќе беше започнат и враќањето дома, иако беше блиску, беше опасно со сите тие "лоши" полицајци опиени од моќта што ја имаја, што шетаја по улици. Запали цигара и излезе на тараса. Не сакаше да чади во станот на неговиот другар зашто таму никој не пушеше.
Од тарасата можеше да си го види станот.
Градот беше тивок, освен повремените полициски сирени. Ја немаше таа раздвиженост на луѓе и возила по улиците. Музика не доаѓаше од никој од соседните станови. Градот беше премногу тивок. Самата ноќ беше премногу тивка.
Одеднаш таа тишина ја растури полициското комбе што се паркираше пред неговата зграда. Од него излегоја десетина наоружани полицајци и влегоја во зградата. Во истиот момент, на другата страна од улицата се паркираше камион на армијата. Од него излегоја дваесет и пет или триесет војници.Не можеше добро да изброи. Тоа беше прилично невообичаена глетка. Наоружани војници на улица додека полицајци се искачуваја кат по кат во зградата во која живееше. Го извади мобилниот сакајќи да му се јави на еден од цимерите за да го праша што се случува но тогаш се случи нешто од што крвта му замрзна. Полицајците влегоја во неговиот стан. Преку прозорецот можеше да забележи како полицајците се шетаат во неговиот дом. Започна да го фаќа паника и да се треси.
- Брат, те молам дојди да го видиш ова.
Влеговајќи од тарасата во дневната на неговиот другар, го дочека уште поголем шок. На националната телевизија одеше прилог за полициска акција за апсење на лица што работеле против интересите на владата.
Неговото име беше дел од осомничените...