Ако збориме за theme/ambient music тогаш сум на вистинското место.
Оние познати песни од познати пејач/ки / групи кои се вметнуваат ко џокер у покер не ги дискутирам.
Од композиторите на ваквиов тип на музика највеќе заслуга би му дал на Енио Мориконе. Кој ги има гледано Once upon america, The legend of 1900, Добар, грд и лош.. ќе сфати дека многу голем удел има неговата музика овие филмови да имаат така висока оценка.
The legend of 1900.
Hans Zimmer ми е премногу форсиран иако морам да кажам дека е уникатен и од небо се препознава неговата музика. Проблемот е што неколку саундтракови се толку слични еден на друг што понекогаш човек ги меша. Ако ги имате слушано траките на Pirates of Carribean, Gladiator, Batman... малте не едно те истата тема се врти во главниот дел.
Истото важи и за James Horner но во неговите траки не преовладува драматичноста и брзото темпо како кај горенаведениот. Џејмс го слушате најчесто во состојба на смиреност.
Мене во последно време ми фаќа око Harry Gregson Williams кој пробува да експериментира повеќе, некаде го има во повеќе електронска верзија, сличен на Ramin додека некаде црпи од кај Цимер и Хорнер.
На крај последен но не и најслаб Ramin Djawadi ѕверот на “елетронскиот саундтрак“. Неговите траки повеќе изобилуваат електронски инструменти, семплови... Омилен ми е пошто е непостојан. Секоја трака не и` го знаеш крајот затоа што почнува на еден начин а завршува на сосема различен.
Заборавив да го вметнам John Powell кој особено препорачувам да му се ислушаат траките на Борнов Идентитет.
Не го спомнав Парфем пошо е прича за себе и како целина мора да се ислуша од аз до ижице и тоа препорачливо после напорен ден.