Можеби е оф топик, но сакам да прашам како се прави греено вино?
Немав идеја каде да прашам.
Има повеќе рецепти кои варираат во количините на состојките, а и некои додатоци, но се користи: не многу скапо
вино (бидејќи поентата е да доминираат додатоците, а и мислам дека при греење се губи квалитетот како и да е) отприлика 0/7 или литро (просто кажано, едно шише),
шеќер (секако варира, но мислам дека околу пола обична чаша),
портокал (мислам дека еден е доволен, најверојатно треба да се исецка на кругови, или половина на кругови, остатокот исцеден),
цимет (2/3 стапчиња, а секако дека може и мелен, па веројатно количината е прашање на вкус),
ванила (може, ама и не мора),
каранфилчиња (може, но мислам дека и не мора) и претпоставувам може да додадеш уште нешто доколку сметаш дека би одговарало.
Што е до мене, може да се направи и посебна тема за греено вино.