Бајките се базирани на човечки размисли и искуства.
Животот не е 100% бајка
Покрај другото и бајките се дел од животот....понекогаш.
Бајките се базирани на човечки размисли и искуства.
Океј, тоа би значело - да го имам резултатот на ум, но да не се оптеретувам премногу (а по можност ич) со тоа дали ќе или нема да го достигнам ?Никој не ти вели да не се стремиш Работата е во тоа што преголемо стремење и преголемата желба за достигнување до таа цел прави да заборавиш на патот по кој одиш до таа цел и тука настануваат проблемите. А нели темата е Тао, Патот, со големо П
Инаку, повели тука во врска со тоа „без страст за резултат“. За да не философирам јас и да бидам „препишувач“
Еве еден мал извадок во врска со тоа:
Ти мораш:
(1) да откриеш што е твоја Волја.(2) Да ја извршуваш таа Волја со а) едно-насочност b) непристрасност c) мир.Најкратко објаснето, за поеќе, таму на линкот и на многу други места, ако ве интересира тоа „без страст за резултат“.
Океј, тоа би значело - да го имам резултатот на ум, но да не се оптеретувам премногу (а по можност ич) со тоа дали ќе или нема да го достигнам ?
И одамна сакав да прашам, ама стално заборавам, што е всушност Волја?
Прво ќе мора второто прашање и сама ќе добиеш одговор на првото!И одамна сакав да прашам, ама стално заборавам, што е всушност Волја?
Веројатно зависи од очекувањата, ако очекувам од мравка да израсне слон, тогаш да, ќе се разочарам на крајот.Ке ти дадам обичен пример.
Садиш цвеке.
Работата е да го садиш тоа цвеке со задоволство,без од тоа цвеке да очекуваш прекрасна градина.
Да и се посветиш на работата околу цвекето,не на градината.
Потполно присутна во таа работа,безразмисли за тоа каква ке биде градината кога цвекето ке процвета.
Очекувањата се поврзани со разочарувања.
вашВеројатно зависи од очекувањата, ако очекувам од мравка да израсне слон, тогаш да, ќе се разочарам на крајот.
Ама па ако немам никакви очекувања, тогаш што имам?
Ти не очекуваш да ја видиш прекрасната градина, ама сепак очекуваш дека ќе успееш потполно да се посветиш на работата околу цвеќето и очекуваш да го доживееш, вистински да го доживееш секој миг од таа работа, без притоа да се замараш од помислата какво ќе биде цвеќето кога ќе процвета....
За мене очекувањето (резултатот) е расцветана градина, за тебе очекувањето (резултатот) е “патот“ до таа расцветана градина.
ваш
Не очекуваш.
Се посветуваш и доживуваш без претстава за тоа.
Ако немаш очекувања,имаш присутност и уживање без разочарување.
Дали е вољата исто што и желба?Прво ќе мора второто прашање и сама ќе добиеш одговор на првото!
Тука, во делот „Должност кон самиот себе“ имаш за тоа што е Волја и како до неа! Можеби кратко или недоволно објаснето, но ќе даде некој патоказ.
За повеќе го имаш на англиски со објаснувања овој текст тука. Види ги точките 2,3,4,5 во текстот.
Може ќе ти стане нешто јасно.
Со еден збор твојата вистинска волја е твојата највнатешна природа која не носи маски заради влијанието на моменталните етички, морални, економски, социјални итн влијанија!
Јас така би ја дефинирал. И целта е да се спознае и да се дејствува според неа! Сето друго е лага и надворешен импулс!
А ние се градиме од внатре кон надвор, како ѕвезди, не од надвор кон внатре!
Се надевам одговорив... задоволувачки. ^_^
П.С. Ќе бришат модераторите, најдобро е на темата Телема да поставувате прашања во врска со ова
Епа не се замараш со очекувања.Го садиш,надгледуваш и се со ред......како се контролираш за да немаш очекувања?
Едноставно си наредуваш на самата себе си или како?
Не доагаат очекувањата сами по себе?
Ете на пример,ако ништо друго,денес го садиш и утре очекуваш да видиш дали си го посадил како што треба(да не речам дали се фатил).
Не?
Тоа не е очекување?