Седам на кафе и слушам муабет.
Една девојка наџинџорена до бесвест, истата и центар пажња.Се фали како она успеала во животот.
Кога имала 18 години татко и’ и уплатил за возачка и за нејзе нормално:
-си положив од 4-ти пат лабаво онака без напињање.После фала богу значи ми купи кола, значи немав шо да возам за џабе ли сум платила толку пари за возачка за да немам кола? Побогу.Малце шетавме повеќе низ салони натака навака и сакав Форд Мондео. Значи си влегов во колата и уше коа влегов му кажав значи оваа кола ја сакам друга нејќам, ајде одма да ја запалам да одиме накај дома.И немој многу да мрчиш зашо шо? Положив за кола уште да не можам да си одберам шо кола јас ќе си возам?
-Значи стариве се хаос!
-И што напраи? Ја прашуваат другарките.
Нишо, сеа си имам своја кола, си возам кај сакам, си се шеткам.
-Работиш? Шо? да работам? Па вајда една ќерка има он, коа ме напраил нека ме издржуе шо.Мала сум, уште сеа не можам да се оптеретувам со такви теми.
Па добро мори ороспиче 22 годишно.Што си спечалила ти сама за да викаш дека тоа и тоа е твое? Јас како што знам, твое е нешто кое што треба сам да го заработиш, а не на туѓ грб.
Утре таа ждерачка на пари на некого ќе му биде девојка/ не дај боже жена.
Е од такви пропаѓа државата.