Помагање во активностите за училиште/факултет

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
Во денешно време, не мора да бара помош ќе си ја најде сам на нет.
Во Америките драстични се казните на образовните институции за плагијат... голема е веројатноста да леташ!
Додека не се среди тоа кај нас, ќе работи чичко Гугл.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Во денешно време, не мора да бара помош ќе си ја најде сам на нет.
И пак иста песна, луѓе без свое мислење, без креативност, без идеи, без свое јас...

Е кога јас бев средно и кога од мене се бараше критика за Едгард Алан По и неговиот гавран и тоа не помалку од две страни, без помош дома, без нет, без чичко гугл, е тоа беа тешки времиња : )
Може ќе извадев некое тројче-четворче, ама со мој труд, мој речник...
Денес за По, утре за Амди, за некој глупаво, за некој генијално, ама мое оргинално мислење!
Е да, друго беше кога домашните се правеа во библиотека со четири книги до тебе :)
Ама и тогаш ги имаше од типот „Ќе најдам некој да ми помогне“.
Јас се сеќавам кога ја обработувавме „Декамерон“ не можев никако да ја сфатам, барав во библиотека некоја скратена илустрирана верзија што и да е, како и секогаш Немаше... и си останав без домашна :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Arkantos
Не ја негирам појавата која си ја опишал, јас лично сум многу против тоа. Јас го негирав тоа „сите“.
За разлика од тебе јас проблемот го гледам на друго место. Јас проблемот го гледам во општеството и образовниот систем кој наметна такво однесување. Китење со туѓи перја само за да добиеш некакво бројче или книвче без многу работа.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Во Америките драстични се казните на образовните институции за плагијат... голема е веројатноста да леташ!
Додека не се среди тоа кај нас, ќе работи чичко Гугл.
Е во тој случај ќе работи чичко Arkantos повеќе : ))
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Arkantos

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Arkantos
Не ја негирам појавата која си ја опишал, јас лично сум многу против тоа. Јас го негирав тоа „сите“.
За разлика од тебе јас проблемот го гледам на друго место. Јас проблемот го гледам во општеството и образовниот систем кој наметна такво однесување. Китење со туѓи перја само за да добиеш некакво бројче или книвче без многу работа.
Во ред. Признавам беше пропуст од моја страна што реков сите. Ете се поправив :)
Пак се враќам на децата и родителите. Која е сатисфакцијата твоето дете да дојде дома со петка на писмената по македонски кога си свесен дека минатата вечер си платил 500 денари за некој да му го напише есејот?
Која е сатисфакцијата да станеш академски граѓанин со просек 9, кога знаеш дека не си кабожен две реченици самиот да си составиш?
Општеството поставува услови... ти, како човек треба да си свесен дека кога тие услови ќе ги исполниш сам...ќе бидеш квалификуван за се’... а кога некој ќе ти помага цел живот ти само „фиктивно“ ќе си квалификуван...
Не знам за вас и за другите околу мене, но јас лично... се гордеам и со двојките што ги добивав по математика во средно. Толку знаев толку добивав.
Е во тој случај ќе работи чичко Arkantos повеќе : ))
Па види и јас играм валкано. На туѓи деца со радост ќе помогнам на моите јок (wasntme)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and Saladin

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Е да, друго беше кога домашните се правеа во библиотека со четири книги до тебе :)
Ама и тогаш ги имаше од типот „Ќе најдам некој да ми помогне“.
Јас се сеќавам кога ја обработувавме „Декамерон“ не можев никако да ја сфатам, барав во библиотека некоја скратена илустрирана верзија што и да е, како и секогаш Немаше... и си останав без домашна :)
Истото беше со мене и со Господа Глембаеви.
Никако не можев да најдам соодветен текст да ја опишам таа книга, па бев и на театарска претстава, па што не барав и читав критики, ама не направив ништо и до ден денес не ми е јасно, ама не сме совршени и не мора да знаеме се.
Некогаш ќе се случи и да не направиш ништо, нешто некогаш мора да не ти е јасно, ама некогаш, а не секогаш!
Па види и јас играм валкано. На туѓи деца со радост ќе помогнам на моите јок (wasntme)
Па добро кој признава пола му се простува и башка гледај си ги твоите деца, другите има кој да ги гледа...
Или да не ги гледа : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
Знаеш што е друг проблем, што тој што платил, во друштво ќе се пофали што направил, а друштвото на тоа гледа као „еј види мангуп паметен, како се снашол, ние будали сами пишувавме“.
Кога ќе почне околината да осудува такви постапки како срамни и ниски, тогаш ќе се смени и однесувањето на паразитите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Хоуп*

J'adore Paris

Нов член
19 септември 2013
19
8
3
Хм мислам дека овде мешате бизнис и помош
И јас имам правено матурски проектни за пари секако-тоа не е “помагање“,тоа е продавање, “помагање“ е ако тие матурски сме ги правеле бесплатно
Инаку да се согласувам дека “помагањето“ е одмагање всушност
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
А демек даскалите не се виновни во цела приказна?
Ко да е многу тешко да се препознае колку и како може да сработи одредено дете.
А сепак се делат петки на задачи сработени од друг.
Па и за ликовно нека е. На час даскалот не гледа дали го бива детето или не?
Кога ќе почнат и даскалите малку поинаку да ги делат оценките, тогаш можеби и ваквото помагање ќе се намали.
Инаку ми се случило и состав да напишам и задача по математика да решам, дури и да побарам од друг да ми помогне. Ретко, но се случило, а веројатно ќе се случи некогаш пак.
И јас така скокав дека ќе ги оставам сами да си бараат чаре. Ама кога ќе видиш, не било толку лесно да му кажеш - снајди се сам.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Што се однесува до мене,моите немале проблем да ми пишуваат состави ниту да ми цртаат цртежи по ликовно,едноставно нешто што сум барала помош за школо е за таа математика...
Здравје, во иднина кога ќе имам деца нема да ги правам од мали ''инвалиди'' и да им пишувам домашни, туку ќе ги насочувам ќе им објаснувам,ќе го контролирам нивото учење постојано,но доколку не напишат на време домашно и чекаат јас да го направам на нивно место ,ќе ги оставам да отидат така во школо нека си добијат минуси и се надевам следен пат ќе се соочат со својата ''одговорност'' сами.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos