Ѓавол - постои ли?

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Постоење на некаков убер зол ентитет кој е одговорен за сите лоши работи во светот е само дел од разни митологии, посебно популаризиран од страна на рисјанската митологија. Меѓутоа непостоењето на таков ентитет не ги спречува луѓето да веруваат. Во минатото не само што верувале туку и се плашеле од ѓаолот кој пак имал овоземни слуги, нешто како петта колона, вештерки, вештери, црни мачки и песови, жени кои летале на метла...:cool:

Од друга страна постоеле секти кои го сметале светот за дуалистички детерминирано место и имале поинаков став кон ѓаолот. Како Богомилите и Катарите. Не ни треба да се напоменува на каков прием меѓу официјалното рисјанство наидувале таквите движења, православната црква прибегнала кон масакри и геноцидни дејанија за да ги елиминира Богомилите, а католичката црква организирала и крсташки поход против Катарите. Во тој поход извесен Симон де Монфор станал селебрити меѓу рисјанската раја со неговите култни изјави по повод колењето `еретици`. Кога бил запрашан кои еретици да бидат убиени а кои поштедени (жени,деца,старци)... Симон размислил и одговорил - `Убијте ги сите, Бог ќе си ги препознае праведните`...

А во поново време постојат луѓе кои го обожаваат Сатаната и дури вршат незамисливи злочини во негово име. Самите себе се нарекуваат сатанисти.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Освен што е со историско потекло од митолошки и религиски верувања,не прочитав твое мислење!
Постојам ли?:gjavol


Шо, се перцепираш како ѓаол сега?! Кој ѓаол те натера...:D

Меѓутоа непостоењето на таков ентитет не ги спречува луѓето да веруваат.

Мое мислење, на кирилица. Латиницата била ѓаолска...
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Dobro eve poinaku ke go postavam,ti postoish li?:rolleyes:


За да поставиш такво прашање нешто сериозно треба да не е во ред.... разбирам духовњаштво и сето тоа ама се сомневам на нешто друго...

take_me_to_your_dealer_light_tshirt.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Umpuranche

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
За да поставиш такво прашање нешто сериозно треба да не е во ред.... разбирам духовњаштво и сето тоа ама се сомневам на нешто друго...
:( Никако да ме удостоиш со одговор како и да го поставам прашањето.

Ако бог го создал човекот од кал по свои лик,тогаш ѓаволот сигурно плукал и ги создавал слични на себе.
Можеш да приметиш дека едниот е изразен во еднина,а другиот во множина!;)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
:( Никако да ме удостоиш со одговор како и да го поставам прашањето.

Ако бог го создал човекот од кал по свои лик,тогаш ѓаволот сигурно плукал и ги создавал слични на себе.
Можеш да приметиш дека едниот е изразен во еднина,а другиот во множина!;)


Постар граѓанину Умпу....поставуваш прашање некому дали постои...а тој ти реплицира. На јавен форум. Не знам како да ти објаснам но со евентуално непостоење на оној кој ти реплицира - реплицирањето би било невозможно. Батали Холмс, мачката на Вотсон ќе разбере, едноставно е. Ако е од староста, во ред е....да не се грижам.

За другото, шо да ти кажам....и то шо викаш...:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle and Pica pica

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Постоење на некаков убер зол ентитет кој е одговорен за сите лоши работи во светот е само дел од разни митологии, посебно популаризиран од страна на рисјанската митологија. Меѓутоа непостоењето на таков ентитет не ги спречува луѓето да веруваат. Во минатото не само што верувале туку и се плашеле од ѓаолот кој пак имал овоземни слуги, нешто како петта колона, вештерки, вештери, црни мачки и песови, жени кои летале на метла...:cool:

Од друга страна постоеле секти кои го сметале светот за дуалистички детерминирано место и имале поинаков став кон ѓаолот. Како Богомилите и Катарите. Не ни треба да се напоменува на каков прием меѓу официјалното рисјанство наидувале таквите движења, православната црква прибегнала кон масакри и геноцидни дејанија за да ги елиминира Богомилите, а католичката црква организирала и крсташки поход против Катарите. Во тој поход извесен Симон де Монфор станал селебрити меѓу рисјанската раја со неговите култни изјави по повод колењето `еретици`. Кога бил запрашан кои еретици да бидат убиени а кои поштедени (жени,деца,старци)... Симон размислил и одговорил - `Убијте ги сите, Бог ќе си ги препознае праведните`...

А во поново време постојат луѓе кои го обожаваат Сатаната и дури вршат незамисливи злочини во негово име. Самите себе се нарекуваат сатанисти.
Немаш конкретен одговор на прашањето.
Дали постои ѓаволот?
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Јас би рекла ѓавол како ѓавол не постои.
Но затоа живее во луѓето. Човекот ако
мозжи така да се наречи кој цело време,ти прави лошо,
те озборува и тако даље нели е ѓавол.
И,зарем има поголем ѓавол од лош човек?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle and mspasenoski