Стихови од Библијата

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Немам многу афинитет кон Новиот завет и христијанството...
Затоа еве ви нешто од Стариот Завет :)

Пази ме како зеница на окото, засолни ме во сенката на Своите крила,
од злотворите што се нафрлаат врз мене. Од непријателите на мојата душа, што ме опкружуваат.
Го затворија своето срце и со устата зборуваат гордо.
Нивните чекори сега ме опкружуваат; сакаат да ме кутнат на земја.
Тие се како лав што сака да раскине и како лавче што дебне потајно.
Стани, Господи, пресретни го и кутни го, со Својот меч спаси го мојот живот од нечесниот,
а со Својата рака, Господи, од луѓето, од луѓето на овој свет, чиј дел е овој живот;
чиј желудник го полниш со Своите богатства, така што и нивните синови ќе бидат сити, а остатокот ќе им остане на нивните внуци.
А јас ќе го гледам Твоето лице во правда, и еднаш кога ќе се разбудам, ќе се наситам од Твојот изглед. - Псалм 17


 
  • Ми се допаѓа
Реакции: balerina and Lena

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
19 А ако некој одземе нешто од зборовите на книгата на оваа пророштво, Бог ќе му го одземе неговиот дел од дрвото на животот и од светиот град, кои се опишани во оваа книга.

65:17 Зашто, еве, Јас создавам нова небеса и нова земја. Поранешните веќе не ќе се спомнуваат, ниту ќе ви доаѓаат на ум.

:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
50 Така Давид со камче и праќка го победи Филистеецот: го удри Филистеецот и го уби, а немаше меч во раката.
51 Затоа Давид потрча и застана врз Филистеецот, го грабна неговиот меч, го извлече од ножницата и го погуби Филистеецот, отсечувајќи му ја главата. Кога Филистејците видоа како загина нивниот јунак се нафрлија во бегство.
52 Тогаш станаа Израелците и Јудејците и извикувајќи ги спотераа Филистејците до окопите околу Гат и до градските врати на Акарон; филистејските мртви го покрија патот од Сараим сè до Гат и до Акарон.“ - Прва книга Самоил, Глава 17
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
За ова имаме да зборуваме многу,што е тешко да се протолкува,
зашто станавте мрзеливи за слушање.

Имено,според времето требаше да бидете учители;
меѓутоа вам ви е пак потребно да ве учи некој
на основните начела на Божјите пророчки зборови;
И станавте такви што ви е потребно млеко,
а не тврда храна.

Зашто секој кој се храни со млеко
неискусен е во словото на првдата зашто е младенец.

А тврдата храна е за полнолетните,
кои преку навика ги извежбале сетилата да разликуваат
добро и зло.


Евреите 5:11/14
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Уште некој закон од евреите за евреите, денес послабо се применува ова кај христијаните кои го држат и стариот завет или еврејскиот закон:

„Човек кој ќе прељубодејствува со мажена жена; кој ќе изврши прељуба со жената на својот ближен, нека биде казнет со смрт; и прељубникот и прељубницата.
Човек кој ќе легне со жената на татка си - би ја открил голотата на својот татко - обата нека бидат казнети со смрт, нивната крв нека падне на нив.
Ако некој легне со својата снаа, двата нека бидат казнети со смрт. Направија родосквернавење, и нивната крв нека падне на нив.
Маж или жена кои, меѓу вас, ќе станат повикувачи на духови на мртви или ќе вражаат, нека бидат казнети со смрт; нека бидат каменувани, а нивната крв нека падне на нив.“ - ЛЕВИТ, ТРЕТА КНИГА МОЈСЕЕВА, глава 20
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
ОТКРОВЕНИЕ НА ЈОВАН
Глава 13


11 И видов друг ѕвер, како излегува од земјата, и имаше два рога, како кај јагне, а зборуваше како змев.
12 И тој ја вршеше власта на првиот Ѕвер, пред него, и направи земјата и нејзините жители да му се поклонуваат на првиот Ѕвер, чија смртоносна рана беше залечена.
13 И правеше големи чуда, така што и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето.
14 Тој ги заведуваше жителите на земјата со чудата, што му беа дадени да ги прави пред Ѕверот, велејќи им на жителите на земјата, да направат лик на Ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив.
15 И му беше дадено да вдахне дух во ликот на Ѕверот така што ликот на Ѕверот да прозборува, и да направи да бидат убиени оние, кои нема да се поклонат на ликот на Ѕверот.
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Уште му рече Господ на Мојсеја:
„Набави најубави мириси: пет стотини сикали најчиста смирна, половина од таа тежина - двеста и педесет - мирислив цимет, двеста и педесет мирислива трска,
пет стотини - според храмскиот сикал - ловор и еден ин маслиново масло.
Направи од тоа посветено масло за помазание; маст приготвена според искуството на мироварач. Тоа нека биде миро за помазание
Потоа помажи го со тоа: Шаторот на средбата и Ковчегот на Сведоштвото,
столот и сиот негов прибор; светилникот и сиот негов прибор, и кадилниот жртвеник;
жртвеникот за жртви паленици и сиот негов прибор; мијалникот и неговата потпирка:
посвети ги, и тие така ќе станат посветени, и што и да се допре до нив, ќе стане посветено.
Помажи ги Арона и неговите синови и посвети Ми ги Мене за свештеници.
Тогаш речи им на Израелците вака: ‘Ова е Мое свето миро за помазание од поколение до поколение.
Не смее да се излева врз телото на обичниот човек; не смеете да правите друго со ваков состав! Тоа е посветено, и нека ви биде свето!
Кој направи такво, или кој ќе стави од него врз туѓинец, нека биде отстранет од својот народ!’”
Уште му рече Господ на Мојсеја: „Набави мириси: стакта, оникс и халван. Од овие мириси и од чист темјан,
сè во еднакви делови, направи темјан за кадење, смеса од мириси каква што прави мирисоправачот, измиена, чиста, света.
Од тоа столчи малку на ситно во прав и еден дел стави пред Сведоштвото, во Шаторот на средбата, каде што Јас ќе се среќавам со тебе. Сметајте го овој темјан за пресвет!
А темјанот што ќе го направиш според овој состав, не смеете да го правите за своја употреба. Тоа нека ти биде светина за Господа!
Кој ќе си направи нешто такво за да му мириса, нека биде истребен од својот народ.” - познато како Излез, 30:32.

Инако оригиналот на хебрејски на оваа книга, која го содржи ова поглавје, познато на вас како „Излез“ втора книга, е שמות - Шемот на македонски - Имиња, и ова поглавје 30 од книгата е мал дел (פָּרָשָׁה) од 21-то неделно читање на Тората кај евреите, познат како כִּי תִשָּׂא што е 21-то дел од неделно читање на Тората кај евреите - тоа им е традиција.

П.С. Можеби сега ви е јасно зошто секогаш имало посветени луѓе и оние кои не смеат да бидат посветени во тајните на Светилиштето! Евреите тоа го добија и како закон откако излегоа од Египет ;)
Интересен е еврејскиот дел од христијанската библија... ако човек почне да го проучува, ќе заборави на христијанскиот нов завет...
П.П.С. Можеби не сакавте да го читнете мојот коментар, но не можев да се воздржам да не се обидам да внесам малку истражувачки дух во вашите свети книги и верувања! ;)
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
ПОСЛАНИЕ ДО ЕВРЕИТЕ
Глава 7


26 Зашто таков Првосвештеник ни требаше
и нам: свет, невин, непорочен, одвоен од
грешниците и повозвишен од небесата,
27 Кој нема секојдневна потреба како
првосвештениците, да принесува жртва
прво за своите гревови, а потоа за
гревовите на народот, зашто тоа го направи
еднаш за секогаш принесувајќи се Самиот
Себе.
28 Зашто, Законот поставува слаби луѓе за
големи свештеници, а зборот на заклетвата -
дадена после Законот, Синот, Кој е усовршен
довека.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena