Европско Првенство Кошарка - Словенија 2013

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,927
1,133
некаде во длабочините на темнината
абе Атниќ му се наапа на ФИБА оти судиите не заебаваа
а и знамето ни го нема у тоа салата....незнам дали сте забележале
ама го нема у тоа спуштените знамиња....кај шо ги има на сите репрезентации
како и да е...одличен натпревар...немам никаква замерка....добра мотивација да продужиме натаму :)
во недела со БиХ играме само кое време....незнам :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Ја мрсу муда за знаме сфак дн, и викам нема га бе, никој ли не види
У недељу сто посто ке тепамо, знам
А и дупење сс друара искочи дека гу тепамо туј јаку Србију, за коју се збориф муабеи дека е јака у кошарку : ) јака порано
А пред две године не ги докачисмо како ск, не не поведесфа од почетак до крај, па тој е п'кау утепасмо ги
А можда и Чекофски е мачер : ) без њега ск сфе ке ги тепамо
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
абе Атниќ му се наапа на ФИБА оти судиите не заебаваа
а и знамето ни го нема у тоа салата....незнам дали сте забележале
ама го нема у тоа спуштените знамиња....кај шо ги има на сите репрезентации
како и да е...одличен натпревар...немам никаква замерка....добра мотивација да продужиме натаму :)
во недела со БиХ играме само кое време....незнам :)
Знамето го има кај што е семафорот и камерата не фаќа таму,таму се и знамињата на другите репрезентации од групата наша.Тука ни го нема знамето ама во другите сали ни го има на средина од сала.
 
Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Незнам чива грешка е,дали на тренерот или на играчите,али мое гледиште околу нашата игра е дека на мечот со Литванија изгледавме преплашено. Против Србија тоа се смени. И клучната работа беше борбата во рекет,која ако приметивте,против Литванија апсолутно ја немаше. Антиќ стоеше само на позициите за три поени,на Бо не му оди шутот од далечина,а неговите препознатливи влезови беа тотално блокирани. Самарџиски беше исто така премногу исплашен,и со прелош шут,језда во принцип центарите имаат лош шут,ама не до толку и не под кош. Против Литванија,се одеше во напад,со истата ротација,без новитети,очајно пробување тројки без никој во рекет,и во секунда се враќаа назад,како да се плашеа да се борат под рекетот,а имаме толкави грамади. Според мене,до сега најдобра игра покажаа близнаците и Илиевски,за нив немам замерки. Па дури и Гечевски,и покрај годините и повредите,сеуште држи некоја форма и често знае да поентира,браво. Се надевам дека ќе се игра агресивно,нападно и доминантно против Босна и Латвија,само така имаме шанси за понатака.
 
Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Антиќ свиња дебела, неподвижен, шутрак, топка не знае што е....

:D Само да ве потсетам што зборевте за него до вчера.
За волја на вистината и не е некој посебен играч,јас мислам дека е префорсиран и чисто ме интересира како ќе се снајде во НБА,ако остане повеќе ќе си ги вратам зборовите во уста.Мислам дека победивме зашто го избркавме тој Чековски
 
The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173

Ма дај не тресете глупости за Чеко бе. Па тој сам ги растури Босанците на турнирот во Германија. 33 или 36 поени да даде Македонец на еден натпревар до тогаш не се видело.Башка стандарден беше во играта на турнирите со по 15/6 поени.
Судиите го сјебаа на првата утакмица против Црна Гора со 4-те лични за 4 минути. Иначе ќе им го е*еше матерот на Црногорците.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Ма дај не тресете глупости за Чеко бе. Па тој сам ги растури Босанците на турнирот во Германија. 33 или 36 поени да даде Македонец на еден натпревар до тогаш не се видело.Башка стандарден беше во играта на турнирите со по 15/6 поени.
Судиите го сјебаа на првата утакмица против Црна Гора со 4-те лични за 4 минути. Иначе ќе им го е*еше матерот на Црногорците.
Каков Чеко?:eek
Па тука требаше да се покаже а не на некој турнир каде тренерите си ги средуваат тимовите.
Извини ама ако му се посреќило еден ден со тројки не значеше дека требаше да не потонува на европсково
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Каков Чеко?:eek
Па тука требаше да се покаже а не на некој турнир каде тренерите си ги средуваат тимовите.
Извини ама ако му се посреќило еден ден со тројки не значеше дека требаше да не потонува на европсково
А демек изгубивме поради него, а? А против Литванија, Антиќ и Бо заедно не прокоцкаа 10-тина топки, Чековски сам ги прокоцка? Кога пред две години ги маваше тројките против Грција сите за херој го сметавте. Сега ругајте го, кога се повреди и не можеше поради каканите судии да поигра повеќе против Црна Гора, па и Литванија. Пред две години може не беше некој играч, ама сега е доста добар. Две класи е подобар од Самарџиски. А турнирот како турнир не беше никаков турнир, зашто тоа беа последните подготовки на речиси сите екипи пред првенството. Горе-долу таа ќе им биде формата на играчите и на првенството.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN and Ghtalpo

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
За волја на вистината и не е некој посебен играч,јас мислам дека е префорсиран и чисто ме интересира како ќе се снајде во НБА,ако остане повеќе ќе си ги вратам зборовите во уста.Мислам дека победивме зашто го избркавме тој Чековски

Според некоја анализа на луѓето во Атланта ,Антиќ во просек ке игра 4-5 мин по натпревар и се очекува да постигнува по 6 кошови.