Илуминати

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
NASLOVNA-ILUMINATI.jpg
Кои се Илуминатите?
Од самиот свој почеток, Илуминатите беа тајно друштво кое беше основано во 1776 година од страна на професорот Адам Вајсхаупт со потекло од Баварија. Неговата цел беше да се укине организираната религија и сите светски влади, како и да го понесе човештвото во Нов светски поредок управуван од апсолутниот разум. Но, нивните планови многу бргу беа откриени од страна на баварската влада и Илуминатите беа принудени да работат во уште поголема тајност.

За нив не се знае многу после ова прогонство, но теоретичарите кои ги истражуваат светските заговори веруваат дека тие се уште постојат и работат зад сцената на секоја светска политика. Дел од светските заговори за кои се верува дека биле реализирани од страна на Илуминатите се: француската револуција, двете светски војни, комунизмот и формирањето на Обединетите Нации и на Европската Унија како средства за централизирање на светот под еден парламент, еден устав и валута.
Илуминатите денеска претставуваат синоним за Совет за странски конекции и врски, експертска група од богати банкари, познати научници и влијателни политичари. Се верува дека нивната цел е создавање на Нов Светски Поредок на секуларна светска влада во која Обединетите Нации би ја замениле денешната полиција.
Никој не може да го докаже постоењето на Илуминатите, но теоретичарите кои се занимаваат со истражување на светските заговори, секојдневно го гледаат нивното влијание.
Утре продолжуваме со новиот фелјтон – Откривање на тајните за Илуминатите.

 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
илуминатите се ептен пострашни од масоните според мене.многу луѓе мислат дека илуминати и масони се исто срање,с епак јас б иги стрелал и едните и другите три пати а по потреба и 4...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cece17, Aaliyah and parvati

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
илуминатите се ептен пострашни од масоните според мене.многу луѓе мислат дека илуминати и масони се исто срање,с епак јас б иги стрелал и едните и другите три пати а по потреба и 4...
Сепак нешто полошо се од масоните се смета дека тие стојат зад војните кој го опустошија светот, а највеќе Европа. Предвидувале и трета, сеуште ја чекаме..
 

cece17

Староседелец
21 февруари 2012
273
204
1,043
Мислам дека овие Илуминативе се само појава како да се изјаснам викаат дека стојат они позади војните и таквите работи ама тоа сеуште не е потврдено
 

Psychobilly

Староседелец
18 февруари 2012
600
1,509
703
Pilgrim Psychiatric Center
Илуминати- Окото Кое Гледа Се
Илуминатите се тајни и доста влијтелни и силни организации во кој членуваат нај значајните и моќни луѓе во деншницата.Еве некои од целите на илуминатите:
1 .Создавање на светска влада.
2. Уништување на секој национален индетитет и националната гордост.
3. Уништување на верата со исклучок наверата што ја создале тие.
4. Контрола на секој поединец на планетата.
5. Легализација на дрогата и порнографијата.
6. Депопулација на големите градови.
7. Предизвикување на смрт на што повеќе луѓе по пат на војни, глад и болести.
8. Слабеење на моралот на нациите и деморализирање на работничката класа со создавање масовна невработеност. Така обесхрабрените луѓе би се свртеле кон алкохолот и дрогата, младината кон рок музиката и дрогата за да се уништи семејната заедница.
9. Создавање на серија кризи за збунување и деморализирање на луѓето.
10. Предизвикување на тотален Политички и економски хаос.
11. Навлегување во сите влади и нивно подчинување и дејствување во нив за да се уништи суверинитетот и националниот интегритет што тие го претставуваат.
12. Организирање на светски терористички апарати и преговарање со терористите кога и каде да се случат и извршат терористички напади.
13. Преземање на контрола врз образованието со намера тоа да се уништи засекогаш.
Илуминатите се 13 најбогати и најмоќни фамилии во светот што ја контролираат целата светска економија и политика. Скоро сите моќни личности се членови на нив помеѓу кои спаѓаат: Лејди Гага, Ријана, Џеј Зи, Барак Обама, Бијонсе, Џорџ Буш и ред други.


Кој има време нека го погледне документарецот.
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Само годинава ти е грешка, тоа е годината кога се формираат официјално првите масонски ложи (поточно таа во Шкотска). Илуминатите се многу постари, тие се всушност крстоносците, а крстоносците пустошеле негде 12ти век ако ме држи памтењето. И не се толкава тајна како што сте кажале овде. Илуминати всушност значи просветлени. Поделени се на повеќе помали засебни групи. Темпларите витези, кои уште во времето на крстоносците биле тогашната елита. Потоа редот на Малтешкиот крст, skulss & bones во САД, ОТО (ordo templi orientis) или редот на источните темплари. Ги има многу не ми текнуваат сите сега. И не се мит постојат. Во Македонија постојат ОТО, постои од пред некоја година и темпларски ред, наречен св. Климент Охридски, уредно регистриран и признат од сите светски темпларски редови. Како и од врховниот ред во Португалија.
Лично мене ми се многу котрадикторни, дека биле во потрага по светиот грал биле, палеле, убивале, силувале, пустошеле сегде (после нека рече некој дека религијата била мирољубива работа).Дури има и записи кога француските темплари (мислам дека после втората крстоносна војна) се вратиле во Франција, на тогашниот крал (ќе да беше Филип Убавиот) му нослеле да пие крв од девици и бебиња. Правеле многу пагански ритуали, а одат во името на христијанството. Го бараат светитот грал, а прават се што забранува религијата. Не збориме за проста маса што лесно може да биде испровоцирана да прави глупости. Тоа се исклучително интелегентни и паметни луѓе, како тогаш така и сега (денес не велам дека ги прават тие ритуали). Гралот никогаш не го нашле, ама пак некои истражувања велат дека Светиот грал и всушност не се однесувало на пехарот од кој пиел вино Исус туку го барале храмот на соломон (прв кој го користел окото што гледа се), така ги откриле и фамозните dead sea scrolls, во кои наводно се криеле големите тајни на соломон. Соломон како лик е обожаван и од масоните. Масонските ложи се уредуваат според распоредот на дворецот на Соломон, кој се смета за најстар Ѕидар. Има многу за зборење го затупев упм :sleep
 

Revolution is my name !

Нов член
14 февруари 2012
22
16
3
28
Neznam kolku e pametno da se debatira na ovie temi(so ogled na toa deka nisto ne ostanuva tajno na internet) ,veke podolgo vreme se interesiram za noviot svetski poredok,iluminati,masoni i razni drugi kurtoni (so oprostenje)...Zgrozen sum,posakuvam da gi snema,imam dosta citano,pa imam sretnato mnogu teorii za nivnoto postoenje i oformuvanje...Satanski rituali,reptili,anunaki,zagovori...Negde bas procitav deka masonite im se pioni t.e. konobari na iluminatite,koj gi kontroliraat bankite,i prakticno so hartija (pari) ne vladeat.Egipet i Irak ne gi unistija za gjabe,nitu za nafta,nitu za Sadam Husein,tuku zaradi tajnite koi gi krijat Vavilon (poranesen Irak) i piramidite vo Egipet...Iran e sleden,iako se somnevam deka Ahmadinedzat e nivni sluga...Istotaka imam citano deka gjavolot lezi vo Vatikan,Angliskata kralica,CIA, i visok funkcioner na SAD Henry Kissinger (nekojsi portparol ili sekretar)...Inaku ima i teorija deka Obama,50 cent,Lady Gaga,Michael Jackson,Beyonse i milion drugi se klonovi,reinkarnacii na egipetski likovi...
ne gi zaboravaj Rusija i Nacisticka Germanija koi imaat golema uloga,Atlantida i red drugi. Pozdrav :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aaliyah and parvati

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Илуминатите се уствари врвот на онаа пирамида на слободни ѕидари/масонерија. Имав читано дека во редовите на Илуминатите порано спаѓале и големите научници,како Галилео Галилеј,Никола Коперник,Џордано Бруно,како и Леонардо Да Винчи и многу други. Денес Илуминатите се симбол на Новиот Светски Поредок,и се верува дека имаат план да ја намалат драстично светската популација за да можат да го издејствуваат планот за светската влада,а тоа го прават преку HAARP мрежите со кои создаваат вештачки земјотреси,chemtrails со кои прават временски промени и генетски мутации на најобични грипови и вируси. Исто така масовна контрола преку мас медиумите и влевање на страв преку теории на заговор,затупување на народот преку избегнување на проблемите што навистина се случуваат и пласирање на небитни информации на истите мас медиуми во вид на музика,емисии итн.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma