На последниот Совет на Обединетите нации се преговарало баш за тој напад на Америка врз Сирија,како причина биле изнесени опресивниот режим на Сирија и наводното користење на хемиско оружје врз нивните луѓе,што според мене е ноторна измислица и глупост. Руските претставници ја напуштиле преговарачката маса.
Но,заедно со нив,станале и Кинезите,и тука станува уште поинтересно. Кина е една од ретките земји со затворен режим во кои Америка нема никаква надлежност и контрола во моментов,а јавна тајна е какво се оружје и воена сила е под нивна контрола. Во Јануари,2012 година,Америка постави 100.000 војници во Иран,а сега се претпоставува дека истите тие војници и интелигенција се преселени во Сирија,опремени и спремни за напад. Е сега,сирискиот одговор на тоа е дека ако се превземе било каква акција,Сириските воени сили ќе нападнат со РУСКО оружје,што ме замислува за целата ситуација со C-300. Најблискиот сојузник на Сирија,Иран,потврдиле дека ако се случи планираното,ќе извршат напад врз најзападно ориентираната земја на Истокот моментално,Израел.
Е сега,Руската страна на ова е уште поинтересна. 160.000 војници се на пат кон Сирија за да ја бранат тамошната влада од странски напади,и напади на домашните бунтовници. Освен тоа,ЦЕЛОСНАТА ПАЦИФИЧКА ПОМОРСКА ФЛОТА на Русија,во Мај месец годинава е преселена на Медитеренот,за во краен случај.
Саудиска Арабија,после оддржан состанок,испратила директна закана до Владимир Путин за терористички напади врз Зимските Олимписки Игри во Русија што ќе се оддржат оваа зима,АКО Русија не ги остави Американските сили да си ја извршат својата работа во Сирија. И јасно е колку се исценирани тие терористички напади врз Америка,кои се С.Арабија и кој стои позади сето тоа. Владимир Путин веднаш врати на заканата,јасно,дека ќе изврши МАСИВЕН контра-напад врз Арапската монархија.