Немајќи што да гледам,случајно налетав на G.C.B(Good Christian Bitches) на Фокслајф. Комедија која ја прикажува суровата реалност на мошне комичен и забавен начин. Серијата започнува со смртта на Бил Ваун и неговата љубовница.Бил е обвинет за огромна кражба,и неговата сопруга Аманда е мета на таблоидите: Дали и прекрасната вдовица е дел од измамата? Со намера да избегне скандал и во потрага по малку мир,Аманда и нејзините две деца се враќаат во Далас,градот каде што таа го поминала своето детство.Но Аманда не е свесна за големиот број на непријатели од средношколските денови,кои сеуште не заборавиле каква кучка била таа порано.
Сочувствував со Аманда бидејќи нејзиниот навидум совршен живот се распадна,таа нема повеќе никого и може да рачуна само на своите деца.Ми се допадна тоа што животот е опишан толку реално,како е прикажана злобата на луѓето,како родителите се мешаат во секоја одлука на Аманда,како е прикажан животот навистина.Ова е дефинитивно една животна приказна која ни ја прикажува во целосен поглед реалноста.Без цензура.
А Аманда е уауу,мислам дека и да не беше добра серијата пак би ја гледал само поради неа.Не верувам дека има некој на кого не би му се допаднала