Мост на љубовта

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Веројатно уште кога ќе го прочитате насловот на темава прво што ќе ви падне на памет е мостот со катанците во Париз :)
За оние што незнаат, над реката Сена во Париз се наоѓа мостот „Ponts des Arts" кој се смета за најромантично место во градот,каде што на оградата се ставаат катанци кои ја симболизираат вечната љубов.
На катанците се пишуваат/гравираат иницијалите или целосните имиња на вљубениот пар а откако катанецот ќе се заклучи за мостот,клучот се фрла во реката.Со тоа веруваат дека нивната љубов ќе трае вечно и ќе се сакаат засекогаш.
3-najromantichnoto-mesto-vo-pariz-www.kafepauza.mk_.jpg


По примерот на Париз од неодамна на мостот кај МАНУ (чие име е Мост на револуцијата) во Скопје, млади вљубени парови почнаа да поставуваат љубовни катанчиња.
На некој сајт прочитав и дека на мостот на езерцето во парк исто така почнала традицијата со поставување катанчиња.
Можеби и Мостот на револуцијата во Скопје ќе стане атрактивен како тој во Париз,останува на времето да видиме:D

Па, како ви се допаѓа на вас идејата и кај нас да има Мост на љубовта?
Дали и вие би си ја заклучиле својата љубов на мост?
Дали верувате дека навистина љубовта ќе ви биде вечна со поставување на еден обичен катанец?:rolleyes:
Сте посетиле до сега некој Мост на љубовта?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi, kizzo and Anakin

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не ми се допаѓа идејата, увек бре само западњачки глупости се носат кај нас. Мост на љубовта, валентајн, срценца, мечки, зајци и не знам ти што таму треба да сведочи за љубов меѓу двајца. Егате љубовта суеверна.
Не би ја заклучил својата љубов на мост.
Не верувам во катанци, ланци и тракатанци.
Не сум посетил, нема ни да посетам.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ич не сте романтични вие двајца погоре.:rolleyes:
Јас би ставила на пример клуч на љубовта,ама не на мостот.
Ставале на времето и печалбарите кои не знаеле дека на запад постои овој мост,ама ни тие не ставале на мостови.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Живи глупости....
Катанец и клуч рецепт за вечна љубов???? Ај донт тинк соу...
Многу наивно, многу тинејџерско, голема глупост....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Глупости во боја (во случајов црнобели).
за старо железо тоа катанците. Не фрлајте ги клучевите во Вардар, да не заринка некој брод од Коцевата Флота.
Значи со катанец за долга љубов. А ако тие двајца се разделат, дали потоа го бараат нивниот катанец и нуркаат во реката да го најдат?
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Глупости во боја (во случајов црнобели).
за старо железо тоа катанците. Не фрлајте ги клучевите во Вардар, да не заринка некој брод од Коцевата Флота.
Значи со катанец за долга љубов. А ако тие двајца се разделат, дали потоа го бараат нивниот катанец и нуркаат во реката да го најдат?
Многу поверојатно е дека некое Рамче дотогаш го нашло клучот и ги чека на Камен мост за да им го продаде катанецот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arhangel Uril and МиГ 21

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Не. Не ми се допаѓа.
Јас се декларирам како романтична личност, ама сепак според мене овој податок ми нема ни Р од романтично во него.
Мене ме иритира начинот на кој Скопје пополека прави колекција од сите светски ремек дела. Ни фали уште Ајфелова кула... и таман сме.
И, не. Не сум го посетил мостот на Љубовта во Париз.
На една друга тема се изјаснив јас. Мене не ми треба датум, место и време за да си ја славам и овековечам љубовта.
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Мене ми е симпатично...и да имам можност би закачила еден катанец,оти да не!Не дека верувам во тоа дека ќе имам вечна љубов ако го закачам,ама интересни ми се ваквите местенца.Единствено не ми се допаѓа ''нашето'' вакво мовче во Ск.затоа што е копија...Можеби да не беше,ќе одев и ќе закачев катанец и таму :)